Јас во зеленчуковите од кога почнав да му ставам путер, или некогаш павлака почна да ми ги јаде, иначе на почеток не сакаше ни да ги помириса, а не па да јаде. Купечките се многу блантави, искрено мене и многу лошо ми мирисаа, дури гадно, па јасно ми беше зошто бебе не ги сака. Од кога почнав дома да му правам прво ги одбиваше, после со путер почна да ги јаде.
Секако имам пробано, еден период јадеше и потоа фати стомачен вирус иод тогаш никако не сака ни со овошје ни павлака ни путер ....
Сега откако воведов тестенини Барила сакам да ставам малку и моцарела внатре. Има на Зот и Мегле. Некако Мегле ми е подобра опција. Дали ја користите и по колку? Во однос на сол, мислам самата моцарела нема внатре сол, има во солилото и со миење со обична вода на парчето ќе се отстрани солта... @Saraaa9 најчесто Президент путер се користи, несолен. Јас користам и Мегле понекогаш. Сепак нека ти одговори членката...
Президент. Јас тестенини најчесто му правам со зденка или кашкавал растопен, а моцарела користам на мегле, многу добро оди и со брокула.
Може ли да ми ги сликаш тестенините на Барила да видам какви се ако се без јајце, јас не можев да најдам
Барила се претежно без јајце. Јајце има во лазањите Барила и оние како нашите јувки што имаат форма (им го заборавив италијанското име ). Останатите стандард тестенини (макарони, шпагети...), немаат јајца. Сепак прочитај на кутијата, има состав... Јас за почеток земав вакви бидејќи се полесни за подготовка-
Од кога почнавте да давате леб, двопек? И што давате за вечера најчесто? Бидејќи појадокот најчесто е овошје со житарка, не ми иде и за вечера пак житарки, а и сигурно е многу.
Што можам да давам за доручек, а да не е овошје и житарка? 10м е веќе малиот и житарките повеќе ги давам за вечера повеќе го држи...