Кога ја воведував жолчката пред еден месец, бебево немаше реакција. Почнав со осмина, па преку еден ден четвртина, па понареден ден половина. Правев пауза од 4 дена и и дадов повторно половинка. Тој ден по некои 3-4 саати, бебево душата си ја исповрати, толку голем млаз јас не знаев дека едно бебе може да исповрати. Многу се исплаши она а и јас и еве две недели и немам дадено да проба. Како да продолжам сега? Одново воведување на жолчката? Тој ден кога исповрати беше весела и пред и после, затоа мислам дека се работи за интолеранција повеќе отколку за алергија. Ама не знам еве што да правам сеа. Сакав цело јајце да дадам за некоја недела, ама ова што ми исповрати ме фати страв.
Majki kasickite doma Kako gi podgotvuvate...zelencukot I ovosjeto gi varite so voda Ili na parea...koristite posebni nekoi tendzercinja...za pocetni kasicki prasuvam
Можеш д го вареш можеш и на пареа како сакаш така... јас користам посебно тенџере го купив само за нив спремам во него.
На почеток бидејќи беа многу мали количини ги варев во тенџерче, сега спремам во готвач на пареа. Како ти е згодно така.
Не ми одбива ми плука почнњ нешто сега да џвака денес прв пат пасирана со вилушка беше бананата и гриз до денес стрикно мазно па да видиме. Смока му дадов грицкаше ама не го бендиса
Мојот денес пола банана му дадов во рака, ја изеде како џвака да видиш како некој голем. Другара Пола каша му ја направив со други состојки.
Здраво мајки, од кој месец почнавте да ги хранете вашите доени бебиња? Дали беше тоа со блендирана, пасирана храна или на парчченца?
А зошто да не даваш овошје со житарка,нема врска ако јаде и навечер житарки.Ама ако не ти јаде парчиња што друго ќе даваш? Ќерка ми до голема знаеше да појадува овошје и житарки,еве ја уште некогаш тоа и е појадок. Инаку веќе за деца што џвакаат можеш палачинки со некој намаз и цеден сок на пр.,кифлички со јогурт,проја,мафини,омлет ,лепче со путер,намаз или види на некоја страна од градинкиве што имаат мени може ќе добиеш некоја идеја.
Педијатар ме советуваше за недела, две да почнам со вечера, малата ќе биде 7++ и ќе има поминато месец дена откако си јаде 100-150 гр доручек и ручек. За моцарела ми рече дека сега веќе можам да воведам. Од форумов гледам дека на Мегле е најкористена за бебиња.
Леб прв пат на 6ипол месеци му дадов, и од тогаш скоро секој ден лебче си јаде. За вечера му правам гриз, палента со кисело млеко, некогаш лебче со павлака, бисквити со млеко, или од инстант ноќните кашички на хип, фрутолино, овие најчесто ги вртам за вечера.
И ти си во право. Мислев да не е многу 2 пати житарка па некогаш и ориз за ручек. Го сликав менито од градинка што да кажам Појадок:Жолчка гриз со млеко, фрутолино со млеко, ориз со млеко. ..
Да,тоа е во јасли повеќе млечно, затоа јас кога си ја земав мојана дома ја пука со овошје и пред градинка цеден сок од портокал и калинка . Еве од кај нас во градинка што им дават. https://srnicka.com/meni-za-ishrana/