Фала ти срга ќе го ѕирнам Ја сакав да му терам ад до 2г. Ама ако им кажам млеко да не му даваат што ќе му даваат? Ќе седи гладен а ова е превише секој ден доручек млечно и ужинка млечна. 1 или 2 дена јогурт во цел месец а кисело млеко не видов....
Јас почнав со вечера од 8 месеци по препорака на педијатар бидејќи цел месец немаше качено ни грам. Урда можеш и од кисело млеко да си правиш, јас така правам. Моцарела не планирам да давам.
Мислата ми беше да не е многу млеко? И таму и даваа кравјо во градинка? Дома даваше за спиење само или кога? Извини те изамарав. Син ми за заспивање не пие ад веќе. Го користам наместо 1 ужинка и сабајле кога ќе стане а вечера млечна каша. Со ад станува до 4-5сабајле, а со вечера во 6ипол-7 ...легнува во 21ч затоа за заспивање не давам
Колку количински лепче даваш, и какво? Јас и давам на мојава, многу сака да јаде леб но нз количински колку смеам да и давам. 8++ е
Да, таму кравјо само од кашичките,дома давав за спиење или вечера ,викенд плус на пладне пред спиење. Насабајле не давав кога ќе станеше за да може таму да го јаде доручекот,така ми кажаа и негователките да не давам дома.Мојава и не беше нешто многу по млекото до две години по 150 мл пиеше , повеќе јадеше цврста храна.
На мене за во една градинка во Аеродром ми кажаа дека можам да носам купечки кашички деновите кога имаат млечен доручек, со тоа што треба секако сама да си го пратам менито а не да очекувам од нив да ме потсетуваат.
Во локален маркет денеска прв пат приметив младо сирење и урда во тегли од Млеко од нашата фарма. На урдата пишуваше "рикота, бебе урда". Ни на двете не пишуваше колку сол содржат. Некој ако е запознаен да ме просветли дали се ок да ги земам?
Супер фала ти многу Овие од 5 дена 4 имаат млечен доручек и уште толку ужинка. Не ми се исплати толку купечки да носам иако помислив. Е сега малиов купечките го држат 2 саата и тоа башка ако не му зготвам се е ненајаден
Супер се,јас ги користев долг период за сите дома,ми ги носеа до врата,сега и за бебе планирам од нив да давам.И јогуртот и киселото млеко им се многу убави. А во кој маркет ги виде ако не е тајна?
Да тоа знам, Бицка збореше за готови кашички кај неа давале тој ден да носиш. Знам дека имаат такви опции ама бар да беше 1-2 ова е секој ден. Внук ми тргна на година и нешто до 2г во градинка се му правеа со вода или замена му даваа имаше потврда дека не смее и тоа го мислам како опција па ќе видам ако ништо на крај ќе си јаде, секако ќе има скоро 12м
И кај мене многу сака леб, дури и на ќесата од лебот се радува кога ќе ја види, одма почнува ам ам да прави. Обичен бел леб му давам веќе, по две кришки на ден највеќе што му имам дадено, обично јаде по едно на ручек, ама некогаш на брзање за вечера му правам леб со павлака и му се фаќаат две. Од 7 месеци, јас прв пат му дадов една недела пред да влезе во 7ми месец.
Каква урда давате? Дали може домашна козја несолена урда за бебе од 10 месеци? И во комбинација со што и како подготвена ја давате? Фала
Мислам дека на бучен козјак јас му давам не солена, ја земам рефус и не сум баш сигурна дали беше таа фирма, ама убава е. Домашна мислам дека е и подобро. Најчесто му ја правам со жолчка, како омлет со урда, му имам правено и мафини со урда, полнета пиперка печена со урда, ама после со вилушка му ја испасирав за да може да јаде, можеш и со тестенини да ја даваш.