Мајки, Вие што користите Мегле моцарела- колку дена и е рокот на траење? Таа вчера што ја купив има рок до 21 август и бидејќи нема ставено датум на пакување и производство, немам информација кога е донесена во супермаркетот и колку стои... Сабајле купивме месо од тие што ни познати во месарата ама земавме меѓу телешко и јунешко бидејќи телешко немаше дојдено. Се надевам ќе нема проблем да јаде вакво барем до следна недела кога ќе добијат телешко...
Рокот што е наведен на моцарелата важи за пред отворање. Откако ќе се отвори треба во рок од 3-5 дена да се искористи, ако не е солена/во солило. Користам на Зотт, но ова важи за секоја моцарела која е несолена. Зошто би било проблем месото? Апсолутно е твој избор какво месо ќе даваш.
Фала многу. Инаку за моцарелата мислев за пред отварање рокот. Мојава што ја купив вчера не е отворена и има рок до 21 август. Си реков или е рокот толку краток на сите моцарели или оваа стоела долго време во маркетот.
Се работи за младо сирење со многу краток рок на употреба. Ако забележиш мирис неколку дена по отворање, никако не давај, веќе е расипано. Добива некоја чудна сивкаста, зеленкаста нијанса. Гледај што побрзо да го потрошиш. За бебе во каша, за вас остатокот во салата и пица и решена работа
Здраво мајки. Сакам ручек да воведам ама не знам дали кашите е правилно да се прават со млеко или со вода? Тоа ќе ми е прв оброк. Може ли додека не воведам доручек да давам овошни каши за ручек? Можеби смешни прашања ама не сум сигурна. Фалааа
Јасно ама педијатар ти кажа да почнеш со ручек? Ако веќе даваш овошје и житарки како палента значи почнувате со доручек. Ако почнуваш со ручек(некои почнуваат и со вечера) значи тераш ручек оброк. Гледај како временски ќе го даваш не иде овошје во 15ч кога е време за ручек, бебето да си се навикнува кога е време за што и така си тераш. Пожелно е сабајле овошјето, ручек зеленчук, понатака вечера житарка или скроб зависи по кој модел ќе одлучиш да се движиш
Не мораш да даваш само овошје кога веќе воведуваш ручек прво подобро давај зеленчук со малку овојше, да го прифати зеленчукот соколку не го сака. Јас на моите ручекот го правам со вода бидејки јадат зеленчук за ручек.
Како го чувате остатокот од Авокадо . На старт по четвртина ли се даваше ? Да не утнав Читам со фолија , со семка таа половина да стое , па во сад со вода Во фрижидер. Како е најдобро да се зачува некоа ден?
Никако,џабе е не стои повеќе денови. Јас по половина и ставам во каша, другата половина јас си ја дојадувам. Со семка и во фолија, утредента е малку црно одозгоре само а долу е убава зелена боја, ама шубе ми е да и давам така стоено па го спасувам Млечните од 7ми беа? И глутенот,месото исто,така?
Да, со месо почнав на 6++++, глутен и млечни (јогурт и к.млеко) од 7м. Со моцарела денес завршив на 8++, следно е урда.
Мајки, од кога е најдобро да се почне со воведување сокче или вкусови кај бебето? Ние сме 3 месеци и сме на доење само.
Јас од 4 ипол месеца почнав со вкусови по препорака од педијатар, а цел оброк дури негде на 6 месеци му беше прв, на почеток многу проблем имавме со јадењето. Сокче не му давам воопшто, само вода или чајче некогаш, подобро е природни сокови ако веќе сакаш да даваш, или кога ќе почнеш со вкусови ќе треба се да вариш и да даваш, па можеш водата во која ќе го вариш овошјето да ја даваш како сокче, во овие купечките има шеќери.