Леле купечката брокула е многу гадна на мирис и вкус, дури и јас добивав нагони за повраќање. Барем таа што е на Hipp е таква.
Леле да знаеш ќерка ми како ја лапаше брокулата од хип Само јаболче дадов хип, инаку ќе си варам навака. Сакам да го навикнам да јаде домашно, само по потреба понекогаш купечки каши. Барам сега некој готвач на пареа ама и да бленда, има нешто такво?
2-3 дена обично,ама нема да даваш директно од тегличката туку ќе си извадиш во тањирче колку ти треба за тој оброк.
Дали некој го користи аир фраерот за готвење на пареа и како излава од него? И дали некој знае месо од зајче од колку месеца може
Јас од кога уведов кисело млеко, почнав и јогурт да давам за доручек му правам со овесни снегулки и некоја овошка пример праска, некаде на таа возраст и јас дадов
Сакам да уведем полека и вечера, па ве молам за помош, дајте ми предлози што давате, и дали смеам овесни и сабајле и вечер или многу е така
За доручек давам овошје (најчесто 3 вида) не ставам житарка зошто го држи 4ч. Ако не го држи твоето само овошје тогаш житарка наутро, пр. палента навечер. За вечера давам јогурт или к.млеко во комбинација со: палента од Биокосмос, гриз од крупник од ДМ, плавиот бејби гриз, а од житарки давам јачменови, 'ржани, пченични и овесни, сите од Биокосмос. Можеш и од спелта, ако најдеш, вчера барав кај мене тука ги нема, а и тие би ги давала. Вака ќе терам уште некое време т.е додека да почне со градинка, после таму им даваат житарка за доручек, па целиов концепт ќе го менувам со оброците.
Дали е во ред ако заспива со вечера или мора млекце,(да не му е тешко) секако моето станува за млеко и затоа сакам да уведам за да заменам еден оброк
Мислам дека ви е рано за млечните,после 7 ми. Инаку најдобри се Бучен Козјак,Алпско и млеко од нашата фарма ,ама тие ги нема кај вас.