Мајки ќе воведувам црвена леќа. Каква користите Вие? Се мислам дали на Даверт да земам или некоја од нашево поднебје....На Даверт е органска.
Веќе 2 дена како давам, можеби е рано но сепак еднаш стане во 3 ч, но заспива полесно и помирно не се толку многу буде, ќе видеме натаму како ќе оди, но и вака е добро затоа што вака само 3 пати давам млеко во 24ч
Да ми помогнете со распоред, време е да воведам вечера а не знам како да постапам. Моментално е вака: 6:30h-7:30h 120мл АД 9:30-10:30 доручек каша 12:30-13:30 150мл АД 16h-17h ручек каша 18:30-19:30 150мл АД 22-22:30 150мл АД пред спиење и преку ноќ има едно станување, никад не е во исто време, давам 150 мл АД Вечерата да ја дадам после ручекот или пред спиење?
И јас бев во иста дилема, кога да давам вечера и се одлучив после ручекот да биде. Пред спиење му давам АД.
Таман почнавме со вкусови дојде време да му се придружиме на мм односно да се преселиме.. сега сме на Малта. Детево сака да јаде, овопје , зеленчук, житарки гајле нема. 7++ е, и сакам следно да воведам млечни производи ама тука многу се мислам што да одберам, дали на Зотт класик или Милбона грчк и јогурт што е фет фри?? Ако има некоја мајка предлог или некоја ако живее тука да размени мислење
Мајки како се научија вашите бебиња да јадат парченца и да џвакаат Ние сме 9+ ама сеуште сме на блендирано
Кога ќе пројаде ќе пројаде бар ја така си викам 10+ само блендирано ја сум упорна давам банана леб бисквити смоки и се што ние јадеме од маса го нудам ми врти глава и затвара уста. Навикнат е на лажицата. Дур јаде нека тера
Гуглај за Baby Led-Weaning. Има и профили на инстаграм со инструкции како правилно да направиш, а има и тема на форумов. Мене овој начин на исхрана ми помогна МНОГУ, мака нема детево, сѐ јаде.
@Milkiway извини вака што те цитирам ама побрзо ќе добијам одговор Со житарки кога почна? После колку време од пробување на вкусови? И кога воведе прв оброк? После колку време? И од кога ќе воведам доручек бидејќи обично доручек е овошје и житарка како да воведувам зеленчук? Еднаш во денот да давам доручек па покасно да давам да пробува зеленчук или да чекам дури воведам ручек за да давам зеленчук? Сори те нападнав со прашања
Нема проблем пишувај слободно затоа сме овде. И ја бев со истиве прашања тука Од 6м Почнав со палента, ориз, овес безглутенски, просо. Со глутен почнав од 7м негде. Вкусови почнав на 4ипол, но паузирав па ме фати 5м како почеток. Воведував 2 недели и после крај на 5ти месец веќе кога видов дека му треба храна почнав да му давам оброк. Од 100г па како ќе бараше со месеците така зголемував и заменував ад. Цело време воведувај нови работи. Пример син ми станувал во 5ипол, пиел ад, во 8ипол сум му давала доручек овошје житарки после 2-3саати во 10-11ипол нов вкус. Како шѕо ќе воведуваш зеленчук така ќе имаш опции за ручек кога ќе го воведеш. Ручек дадов 1 месец после доручек значи веќе крај на 6ти почеток 7м отприлика. Пробувањето нов вкус дење ми било нели ако има реакција алергиска да можам да реагирам па секогаш гледав до 12 со вкусови да зваршам бар на почеток. Некогаш на пример и пред доручек ќе му дадам 2 3 лажички брокула прв ден па тераме доручек.