Јас го варам цело со кора, убаво измиено. Кога ќе се свари го ставам во ладна вода и потоа кората сама излегува многу лесно се лупи. Тоа што ќе ми остане го ставам во кеса и во замрзнувач до следни користење.
од кога ќе се стави во шишенце по колку време се променува? и дали секогаш ги превривате шишенцата кога ќе смените вода или само плакнете?
Јас еднаш дневно стерилизирам се што користи од шишиња, цуцли Моево почна многу вода да пие, пие по две шишенца па при промена плакнам само под чешма со сјајче
Слично како Еви, секој ден нова вода. Претходно поминато со бебешки сјај и најтоплата вода. Цуцлата ја стерилизирам на 2-3 дена
Почнавме и ние од вчера со јаболче. Океј е отвара уста, не прави фаци. Околу 4/5 лажички изеде денес. Но што да и правам сака седната да е и многу е упорна. Се држи за хранилката напред и седи така исправена. Назад несака… А 5 месеци и една недела е. Рано е за седење… Борба водиме додека се раниме…
Доколку детето само е спремно и се исправа не го сопирај. Не е убаво да се поставува во положба која не може а ако само си се исправа и така седи супер. Секое дете се развива индивидуално. Ако ти е страв консултирај ортопед.
Сезона на кочани е па сакам да прашам кога им дадовте првпат кочан? Сакам да блендирам во зеленчукова каша ама не зна од кога смеам, 9 ++ е бебо. Инаку брвмр на педијатар(за кочан не ми текна да ја прашам) ама затоа ја прашав за белката со што можам да дадам после годината. Рече прво на образ надворешно ќе намачкаш и види дали има реакција, некакво црвенило, ако нема после 10 минути можеш во кифличка, мал дел во омлет да се стави и слично.. ете, за мами кои воведуваат белка периодов или покасно
По два дена воведувам, до сега дадов: јаболко, банана, брокула и круша. Бебе конечно има редовна столица Утре сакам да дадам Тиквички.
Koга дадовте урма и јаткасти-лешник бадем индиски орев и орев? @firequeenn кога планираш белка да воведеш? Не ми се чека до годината некако ми е многу..Повеќе избор на јадења има со цело јајце. Некои препораки се да не се чека до година за алергените, некои после година. И за јагоди исто поделени се мислењата. Гледам некои веќе од 7-8 месеци ги даваат.
Урма дадов после 8миот месец. Путер од кикиритки после 7миот. Прво намачкав на рачето, немаше реакција, па малку лизна на лажиче и после и дадов мала лажичка и така. Воведов и лешник и бадем пд путери. Белка исто дадов во овесни палачинки во 7миот месец. 8миот варена и дадов и сега и во омлет и ставам ама не цела. Јагоди немав домашни само од Хип имам дадено во мешавина со друго. И јас се водам според тоа алергените да се дадат порано.
На хипп има едно сокче од јаболко со вода пишува и анасон е сега пошо мојот буцо не сака никако вода да пие тоа му го давам. Не знам што друго би можела пошо вода никако не сака ме турка со раката.
Јагоди и кикиритки воведов на 7м. Јагодите беа домашни, а кикиритките ги испеков и смелив и ставив во каша. Сега на 9м планирам белка да воведам.
Ме охрабривте порано да ги воведам јаткастите. Прашања: - Имам домашна аронија, кога се воведува? - Кога ќе воведам домат дали треба на нешто посебно да внимавам, во однос на реакција? Како да прочитав на црвено газе да се внимава.
Да, прво неа ја воведов во една недела на 7ми на почетокот мислам, а после тоа во текот на 7ми месец може беше 7+++ не памтам ги дадов овесните палачинки со цело јајце. Прво ги правев без јајце.