За 3 недели почнувам на работа, сакам да спремам кашичка за појадок овошје со житарици најчесто овес или просо пола и пола овошје ставам колку време спремена можу да стои кашата? Бо фрижидер или на собна тт? (Морам јас оти бабата убедена е дека безвезе било ова мое јадење, требало детето манџи да јади) исто ручекот спремен би било добро да е во фрижидер 6-7 часа?
Јас сабајле спремам се ручекот стои на собна ако скроз се излади пред да го јадат тогаш во фрижидер па да го греат ама обично не се случило. Тенџерчето стои склопено. За доручек оставам овошје кое и ако треба палента мора она да му ја направи затоа што таа некако се стврднува и после не ја бива. Можеш тегли да грееш во рерна па во нив јадењето и во фрижидер па после теглата да ја грее. Ама ова ти е комплицирано
Мајки ајде хелп Кога давате вечера? Точно пред спиење или 2ч порано? Моето е со ад па пред спиење пие млеко нема шанси да запие без него Незнам како да го направам распоредот со саати
Почна многу да менува моето... моментално е вака: ад, доручек, ад, ручек, вечера, ад. Пред некој ден со вечера заспа, па ноќта си побара ад.
2-3 часа пред спиење. Исто заспива со млеко. Како расте кога ќе има ужинка таман ќе му дојде поблиску до вечерно млеко
1 филџан поголем овес блендам со 1 лажичка прашок за пециво и 1 банана и додавам јогурт додека не се згусне смесата, да е погуста од обична смеса за палачинки. Ринглата на средно јако. Во рецептот пишуваше на нелепчива тава без ништо да се печат. Јас користам tefal non stick со малку несолен путер и супер ми се печат
Конечно се охрабрив и пред две недели воведов глутен. Сега за сега сме супер без некој проблем. Е сега ме интересира колку пати неделно да давам нешто што содржи глутен а да не им смета?
Јас почнав двапати неделно, па трипати, сеа веќе знае да се погоди еден по друг ден ама пак максимумот ми е трипати неделно зашо ги ротирам сите житарки
Кои житарки ги даваш? Јас ги вртам овес, пченкарен гриз и палента. Имам и просо но мн ретко го правам, нз зошто... купив денес спелтини снегулки но поим немам како се припремаат. Ова житарициве само за неа се, никој дома не ги јадеме....
Исто и јас сум изгубена со житаркиве и кај нас се само за него Давам палента, просо, овесни снегулки и гриз, значи имам за 4 дена, па имам еден овошен ден само овошје и јогурт, па еден ден авокадо, па еден ден со лобело Просо давам затоа што читав дека има многу придобивки од него Други житарки незнам дали ќе воведам сеа за сеа, на една страна читав негативни коментари за амарант и киноа, викаат ако веќе сакаме да ги даваме да бидат после година, јас незнам ни како изгледаат а камоли да ги дадам мислам дека ќе ги скокнам Ќе ги воведам само оние што ги има во лебот што го јадеме
Овошјето и јогуртот му ги даваш да ги пие или како каша? Многу течно ми е лом се прајме и ја и он. Му давав овошен јогурт т.е. му правев со вишни, боровинки... ама веќе не сака
Обично ставам банана за густина прво неа ја пасирам па кајсија јаболко домашни имам, овошје што непушта многу сок и на крај ставам јогурт мешам за да добијам густина што ја сакам, ако претерам со јогурт одма убацувам лобело