Секое јадење обавезно само ги допира. Се пика во уста освен храна И ја мислам малку глумета не е дека толку се дави ама ај.
@Milkiway мојата јадеше парченца, се задави неколку пати и сега нејќеблендирам повторно. Остави му време. Мојата со парченца пред неа си игра, не и текнува во уста да стави Дур сум овде да прашам грозје од кога може? Имаме па да и дадев, и како да го дадам, ова семки има, лушпа да вадам?
И тоа што викаш да не се секирам значи... За грозје јас му дадов пред некои 2 нед а и има шнукалчиња хип со грозје и такво имам дадено. Извадив и лушпа и семки
Слободно да му дадеш грозје и све што му е сезона сега па поготово домашно кога е. Табелата за храна ја следев за воведување намирници али ако нешто му е сезона и е домашно без пестициди слободно давав или па акознам дека нешто ќе излезе свежо за еден месец или два ќе причекавпа покасно ќе го воведев. Многу е подобро кога му е сезона него да мрзнам. Јас го делам на пола и само коски му вадам ако има со се лушпа али ако јаде парчина најчесто ужина и многу го сака исто и сливата со се лушпа давам
Ќерка ми за една недела 7 месеци ќе прави и не сака уста да отвори. Се бориме и со капсулите д3 сабајле. Освен цицка ништо не сака. Ако проба лажичка ја сметам за воведена таа намирница. Банана само еден ден со прсти изеде пола, сега не сака ни банана. Веќе немам ни желба за правење каши. Два дена само на цицка е, решив мала пауза да правам. Само што ќе доближам со лажицата, се мршти, ми ја трга со рака. А вака полни пелени, среќна си е, има енергија. Не знам стварно што да правам. Мм вика заспива со цице, спиете заедно, кога ќе се разбуди пак цице. Најверојатно не е гладна. Завчера два пати поврати млазови млеко. Се извадив од памет. Сигурно е до мене проблемот. Не знам како да и направам некој распоред за да почне со дохрана. Ама што да правам кога нудам храна на крај си завршува со цице.
Јас го лупам и малку со вилушка гмечам за да може полесно да го јаде.Давај слободно и можеш и маџун да вклучиш, здрав е многу.
4 ден пробуваме вкусови. 3 дена јадеше тиквица, сега тиква. Ама сака да јаде. Колку можам да давам? Почнав со 1-2, па 3-4 денес нешто може 7-8 лажичиња ама плачеше за уште. Да продолжам барем 2 недели по толку па покасно да давам повеќе? И колку вода треба да испие?
Цице секако ќе си тера скоро исто, не може така магично одма оброк да замени подој. Моето е 7++, сметам дека има воведено доручек после 2 месеци пробување, цицањето е скроз исто како и претходно. Од почетокот си бљуцка, а сега ако е млазот пообилен го поврзувам со нова намирница. Нема откажување. На хранилка ќе ставиш на послужавникот 2 играчки кои ќе си ги поврзува со овој момент. Мала занимација со цел да не биде одбивен моментот хранење. Може да потпевнуваш нешто измислено ваше хаха итн. И колку можеш покажи возбуда и ти за оваа дешавка хаха, колку и да е мачно. Се надевам малку ќе ти помогнат советите.
Како го комбинираш? Имам домашен, треба на нешто особено да внивамам на чување/складирање? Стои во стаклена тегла. И имам дадено грозје и црно и бело, не ми текнало да и дадам до сега маџун, дали дека мн благ...
Секое утро давам во овошна каша по 1-2лажички. Ми стои подалеку од шпорет само, инаку на собна температура. Многу е здрав па уште ако е домашен, одлично.
А нели е многу за секој ден, заради шеќерите? Јас домашен ќе набавам, ама се си мислам да не е многу за секој ден
Мајки здраво, ајде едно прашање и од мене Малото за една недела ќе полни 5 месеци, веќе почнав со воведување и пробување на вкусови па ме интереcира таа една табела што ја имам ми дава насоки за одредени намирници а на кашичките на хип пишува за тие што се 4+ поголем избор, еве пример за праска... Па сеа не ми е јасно тоа смеам да давам или да си се држам до табелата?
Тоа 4+, 6+, 8+ итн, е густината на кашичката соодветно месеците. Пример, за 4 месеци се течни, за 6 малку погусти, за 8 се со ситни парченца внатре итн...
Не е, затоа по лажичка две давај.И во самото овошје има шеќер, и ова ако е природен е чиста фруктоза. Многу е здрав, и за имунитет и железо крева, јас ептен сум задоволна. Поголемото дете секој ден јаде аронија,боровинки и голема супена лажица маџун. На бебе почнав истава комбинација во помала доза ја давам.
Какво мисиркино зимате? Имав домашна до сеа ама ја потрошив треба да земам ама од маркет овој пат Виндон дали сте зимале до сеа свежо на тацна?