Мами цело јајце од кога дадовте 8++ сме ке почнува во градинка па сакам да воведам додека сум дома и предлог што уште да воведам а што ке може да му дадат во градинка од зеленчук скоро се јаде уште пашканат и целер немам дадено исто и овошје за јагоди се мислев да воведам ама ми беше страв месо јаде пилешко телешко Секој совет е добредојден А да и комбинации за подобар хемоглобин за 8++
Здраво мамички, ние сме 4+++ и почнавме со воведување на цедени домашни сокчиња, до сега пробавме праска, јаболко и слива, ги давав секое посебно по 3 дена и потоа ги комбинирав, сега сакам да продолжам со други овошја но искрено сум целата збунета кое овошје можам да го дадам следно, ве молаам за совет ☺️
На Натура на тацна ама и Виндон не се лоши. Пишував претходно не зимај од веро кам или пак тинекс деликатесен таму се посвежи. Веро 2 пати купив со рок засмрдено
@kukla21 вечерва му дадов на малиот од питата на мајка ми и отпосле ми текна да прашам дали е со јајце, и испадна дека е. За жолчката не се секирам, секако по шема стигнав до цела, ама белка не ни планирав да давам скоро. Прашањето ми е дали е воведена белката? Едно јајце на цела пита е ставено, му дадов некаде околу едно мало прсте да касне.
мислам деновиве да пробаш да му даваш по малку (како за жолчката). На малку може да нема реакција, а на цела да јави.
Ти ја разбирам маката, јас еве веќе два месеца борба водам ама повеќе од 10 лажички нема изедено и овие 10 се многу ретки случаеви. И јас многу пати сум викала ќе се откажам, ама секој ден станувамсо нова надеж дека ќе почне да јаде. Кога тогаш ќе почнат да јадат, а до тогаш ни останува да имаме трпение и да им даваме да пробуваат нови вкусови.
си пробала со тв? Со некоја занимација?? Моето прво ќерче беше такво. Палеше или да гледа цртани или да и давам некои глупости или играчки. Ако не пали тој цртан, вртиш дур не ја заинтересира и буташ Знам која мака е
Пробано и со цртани, да изигравам мајмун, татко и да ја храни, комшиите, со играчки, во игрална, надвор на балкон. Купив и како лажичка со дупки сама да јаде и тоа беше првиот ден интересно, сега го фрла и после секое јадење морам да бришем ѕидои, под и кај комшиите. Во добри денови знае да изеде до 10 лажички иначе доручекот ни е по 5 лажички, ручекот по 2-3 и тоа е. Ако не и дадем млеко седи така гладна ама уста нема да отвори да јаде.
знам Јас уште имам трауми од тоа (не)јадење. Кај моево палеше не било кој цртан. Него вртиш дур не и се погоди. И малку ќе запнеш да не те фаќа на кондиција
@macka91 мојов сеа е у фаза ништо не сака не сака ни да проба ни јадења што ги обожавал, ни цртани ни пеесе ни играње само леб и лино смоки проаѓаат се инаетиме некое време на крај попуштам не можам да го држам гладен од стар не е нкој голем јадач ама бар јадеше овошни без проблем сега не сака никакви ништо, а со алергијата на јајце ми се отежнува неам иде и ни за мафини палачинки нешто се што знам е со јајца
Денеска ми покажа дека може да изеде 140 грама и еве сега не знам што треба да правам и како да се понашам Сега за ручек ќе се спремаме. Модар патлиџан смеам да дадам така? За една недела ќе биде 8 месеци. @Snowflake92 со смоки, чоколади, биксвити ќе гледам да ја запознаам колку што можам покасно. Искрено голем ми е стравот да не биде како мене, не јадам никаков зеленчук, млечни производи, јадам само глупости.
1g е мојот и јадеше ретко од лино смоките по 3-4 и толку. Ама од очај мислејки фа не го боли грло или нешто друго дадов да пробам не сакаше да јаде и си ги изеде без проблем значи до лигавење е проблемот. И така. Не е дека го ранам со смокки.
Јасно ми е сите од мака правиме нешто. Нормално кој со што сака нека си се рани, не ме занима туѓа софра. Чисто онака споделив искуство лично, сум јадела се и одеднаш сум прекинала и веќе 25 години живеам на глупости. Тоа е тој страв што ме води.