Ова бебе мое начисто откажа јадење! Ништо не јаде луѓе, уста затворена цврсто и плаче кога ме глеа со лажичето. Настината е, може од тоса да одбива? Нема какви комбинации не и понудив, не јаде и не јаде! Едино авокадо и банана пред некој ден, па цела каша ја изеде, ама на тоа остана. Ни цртани ни песнички, ништо не пали. така да @macka91 на исти маки сме, до генерацијата е!
Да пробаш со шмукалчуња? Викендов видов 7месечно како јаде. Не знам дали е исправно на таа возраст да шмука ама ете чисто идеја, замена за лажица...
@Ema.Sk и @macka91, и мојов е ист. Уште му е рано нему, на вкусови сме. Досега проба тиквица, батат, авокадо (откажав по еден ден, не му го сметам тоа), банана, пашканат, слива, јаболко и круша. Не голта, држи во уста и плука, па се гади, па плаче. Прво пасирав, па мислев да не е до текстурата. Ајде купив потечни кашички, не оди ни со нив, исто е скроз. Е сега прашањето ми е - не знам дали да му ги сметам овие за воведени. Еднаш дали голтнал Вие со јадачите, колку време ви требаше да стигнете бар до 50 грама? Ќе терам трпеливо и упорно, знам дека кога-тогаш ќе пројаде. Ама дајте некој совет. Што следно, може ли просо и палента да пробам па да правам комбинации? Или уште само со по еден вкус?
Пробувањето е за да не појави алергија на нешто...значи воведено си е, слободно можеш да комбинираш од она што е дозволено за дадената возраст, дури можеш и биведен со невоведен вкус, пример ориз со тиквица...
Мене ме интересира после колку време пробување вкусови може да се воведе оброк? Скоро 1 недела пробуваме, сака моево си јаде ама страв мие да и давам повеќе да не и биде тешко на стомакот.
Можеш да и даваш повеќе постепено, да и се навикне стомчето. Потоа ќе даваш колку сака и полека ќе воведеш оброк.
Моево јадеше по 60-80гр две недели може и наеднаш почна по 125гр. Месец ипол е со кашички , оваа недела тера и 150гр , мора да одржава мешлакот Почнав од пред 3 дена и со ручек ( 2 оброк) засега добро оде , му давам по малку а бара уште , постепено ќе му зголемувам количина. Од кога ќе се почне мислам беше за месец дена треба да се стигне со целосен оброк. Јас па мислам едино бебе е овоа моето што несака авокадо и банана му се накрева дури од банана чиста или ако преовладува. Авокадо исто јаде ама на гурање . Има денови и 100-120 јадел. 7м ќе полне за една недела. @LivingGlam праска , кајсиа , просо , палента , можиш . Прави слободно комбинации веќе.
Ќе почнам со комбинации по просото, фала ти. А шо комбинации веќе, за да не лизне ни лажиче. Тешко дека ќе имаме оброк за месец од почетокот. Не му давам со сила, го оставам и сам со лажичето. Се интересира се' додека не му дојде до усте. Тогаш е потполно разочарување. Ќе го почекам, само да почне во догледно време. Во меѓувреме мајкава ќе си ги прелива кашите над овесот за доручек.
По колку Лобело бисквити им давате за оброк? Пробав да и дадам бисквити со млеко 7 ставив бидквити на 100мл ад и беше течно а и мн благо? Спелта со што комбинирате? 8+++
Јас давам по 3-4 бисквитчиња но не само нив со ад, туку во комбинација ако ретко ми искочило нешто па да го помогнат во густинА Спелта немам дадено сеа читав дека во ноќните на хип ја има па така проба
Да видиш кај мене што правеше првата недела , ја дај он нагони за повраќање , се гаде , се вцрува а едвај лизнал. Си реков овоа дете ќе праве проблеми на големо . Ама брзо се управи кај мене , па од кога почнав да му мешам веќе немаше фаци , и буквално преку ноќ почна по цела кашичка , а тераше до 80гр макс и се тргаше. Ќе биде не се разочарувај на старт сте , навикнати се на друг вкус , кај мене ќе а изеде кашата и пак цицаше како да не видел млеко 2 дена. Сега тек почнува да ми ретче подои.
Постепено и наголемувам ама сака уште мислам цел тањир да и го дадам ќе го изеде. За сега само тиква и тиквица има утре се мислам дали јаболко или круша. Многу е смешна, со сласт си јаде. Кога и го тргам плаче и морам одма да и дадам цице да дополни. Теглата од јаболко на хипп добра е? Или да си дадам подобро јаболко домашно. Страв мие само да не е зелено за неа, па да и направам проблем на стомачето. @Poppins Штом така да не се плашам да дадам повеќе