Сакам да воведам какао. Имам едно од Швајцарија многу вкусно е, дали може тоа или мора да е какаото од ДМ? Исто така како го подготвувате, на пр. како за нас варено па малку се сипува како прелив или како прашаче одозгора се става?
Не мора од дм. Јас давам едно обично од маркет не знам како се вика. Битно составот му е само какао. Инаку ставам во гриз додека се вари, наросувам и во кисело млеко и банана, мојата го обожава и така. Во овесна каша секогаш ставам исто додека ги варам снегулките. Како сакаш така
Грашок и боранија кога воведовте ? По табели 8 месеци негде гледам а мене педијатарката ми го пишала за да пробаме ама 7 месеци ќе има кога ќе дојдат на ред.
Ај тука, вие сте со бебиња. Што им давате да јадат после градинка? Руча кај 11:30 сма ја земам кај 12,уште не седи за ужинка
7+ сме До сега воведено јаболка, круша, праска, кајсија, банана, слива, батат, компир, брокула, пашканат, кромид, тиква, тиквица, морков, палента, маслиново, пилешко, ориз, модар патлиџан... Ми спомна педијатарот за млечни и жолчка, да не е рано? Што друго дадам? 2 оброка имаме, ми вели и 3 да воведам, ама сметам дека е ептен брзо, со дохрана од 5++ почнавме.
Од 7+ дадов @V.odolija Спанакот ко за нас, го варам посебно заради нитрати, додека да искочи бела пена, и да омекне па во блендер
Се ослободуваат така нитрати? Не знаев. Овде зелените лисјести зеленчуци ги препорачуваат после година да се даваат.
Па јас му воведов бејби, имаше слабо зелезо, го обарувам, се ослободуваат ќе ги осетиш кога ќе го миеш тенџерчето ко земја на дното да има
Ми рекоа дека не правела проблеми и се изела. И дадов млеко кај 13ч и еве ја спие, сигурно кај 17 и нешто ќе стане. Ако и дадам пак ручек, па млеко, па вечера па не е многу?
Епа дај време ќе видиш по неа. На другарла малата во приватна исто викаат се јадела. Дома само и цицаше и вечера зборам во градинка до 16ч. Испадна 200-300гр помалце и испадна не јадела баш се или количината таму не и била доволна. Ја многу не им верувам ама сепак по неа ќе си забележиш сигурно
Утре планирам да воведам пилешко за прв пат,па колку да и дадам и со која комбинација би било најдобро?
30гр мислам е доволно за почеток. Го давам со ориз, батат, тиквичка, морковче, кромидче... у принцип со се што ќе ми се најде у фрижидер, само основата гледам да е батат најчесто.
Мајки, треба да почнеме со вкусови. Со што почнавте, со сокчиња или директно изблендирано? Педијатарот ми вика да пробам прво со течност - сокче (јаболко, круша, слива) по три дена па после со блендирано.(некако чудно ми стана со сок да пробувам прво) И дали почнавте овошје па зеленчук или прво зеленчук?
Со блендирано сок уште немам дадено, по 2-3 лажички наизменично овошје зеленчук по 2 дена од секој вкус, на пример два дена морков , па два дена јаболко, па два дена тиква и така натаму...