Мене по 3 дена ми рече насабајле и навечер и да зголемувам по лажичка плус. Штом може и два дена ќе кратам тогаш, ми досадува 3 дена а и долго ми се гледа некако Научна фантастика ми стана дохраната
Јас давав речиси се по два дена, само кога ќе забележев кај девојчето реакција и давав три дена или прекинував со таа намирница. Така да ако има нешто мислам дека одма ќе се појави барем кај нас така беше.
Kako go podgotvuvate, dali mora so mleko ili moze i so voda? Koga go davavte prv patgo dadovte cist ili mesan so zelencuk ?
Во 100мл вода мислам дека беше 12 гр ставав ориз иделно минсе правеше! Го мешав со зеленчук што вече го имав воведено Искрено преодвратно мириса бебе ич не го сакаше двапати направив и се префрлив на нашиот ориз (го обожава)
@Bicka77 ќе реплицирам на овој пост, за мевцето... дали замрзнуваш варено мевце поголема количина па после одмрзнуваш за кашичка или секој пат свежо месо вариш?
Ако има пробано од зеленчукот и не го јаде првпат, може да се меша со нов продукт. Исто и за млекото. Битно е да не се мешаат повеќе нови јадења, заради опасност од алергија (да знеш која храна како ја поднесува) Претпоставувам дека се неутрални вкусовите на овие готови храни, па можеби може и со овошје да се меша. Моите деца искрено не ги сакаа готовиве оброци, ни овие од кутија, ни зеленчуковите каши од тегличка. Дури и овошни каши им давав само ако морам да го нахранам негде надвор и немам услови свежо овошје да измелам. Така да дома кога бевме им готвев нон-стоп... и до ден денес еве секој ден готвам Браво за брокулата btw
Сега за сега секој пат свежо затоа што имам време остатокот за нас да го зготвам. Кога ќе појдам на работа, во план сум да направам залиха во замрзнувачот.
Мајки, вчера прв пат пробавме морковче со јаболко го измешав. Но не го изблендирав го изгмечив со виљушка. Си беше пасирано, но не баш мазно. Денес сабајле беше какана, и имаше како пасираното од морковот парчиња колку нокт големина. Нормално е ?
Им давате растително млеко на малите? Бадемово, кокосово, овесно? Имам овесно купечко но во составот гледам не е чисто овес, имаше некои адитиви.
Апсолутно нема потреба. Ако сакаш за спремање оброци, подобро користи АД. А како пијалок, освен млеко (мајчино или АД) и вода нема потреба за ништо. Од растителните, соиното е најдобар избор затоа што има најмногу протеини, но после година го препорачуваат.
За спремање оброци, заборавив да додадам. Цица бебе, и вода конечно почна да пие повеќе количински. Млекото ми беше повеќе за спремање оброци, ад не сака па ќе продолжам со вода да ги спремам. Ти благодарам