Не знаев за ништо од ова, фала ти. Моето па баш морковот и бататот најмногу ги сака. Ама вика во мала количина не се штетни, така да треба да ги мешам со друго.
Во кој сличај се прават оброците со млеко? Баш деновиве си го мислев тоа и не ми е јасно. Јас се со вода ги правам и тие шо се инстантните од хипп исто така Ќе ми објасните? Фалааа
Не викам дека моево е правилно, јас лично кога комбинирам со зеленчук ги правам со вода, а да речеме кексолино, семолина, житарици(инстант) со овошје, му ги правам со млеко/ад..
Кај ќерка ми има напредок, вчера изеде пола каша домашна тиквица, компир и ориз. Најверојатно не сака овошје, утката ми беше во кашите со зеленчук што ставав морков, тој да ти бил благ а јас си го рачунам нели зеленчук е Си поплакав вчера кога видов дека јаде. Стресно ми е јадењево, шести месец само на цицка беше. Ќе гледам некои комбинации со зеленчук и ќе тераме така
Супер само друг пат не ги мешај заедно оризот и компирот пошто и двата имаат скроб да ни се подуе стомачето правиги одвоено во комбинација со брокула блитва тиквицка
Со какви кашички Почнувавте да воведувате вкусови, со домашни или со куПечки? Тешко можам да најдам неПрскано, органско.
Зависи што ми дошло. Јас на почеток порачував од беорг или купував од тинекс ама ова кога давав свежо. Сега ти го обаруваш овошјето, лупиш... нема потреба да е органско. Што можеш давај од хип пример за 2 3 лажишки да не вариш цело јаболко
Здрљво бебе ми е 5 месеци и почнавме со дохрана. Што препорачувате за прв месец да се воведе? Планирам со компир, морков, тиквица, јаболко, круша. Предложете и нешто друго.
Да, два скроба не бива Јас по навика знам дека нема да јаде свашта веќе пробував. Ништо не јадеше буквално. Денес ќе направам брокула компир и тиквица Од купени каши ниту една не сака. Овошни никако, а тие со зеленчук најверојатно во сите има морков
И мојата не ги сака купечките прсвимпочето домашни за да почне убаво да си јаде па после ќе видиш дали сака купечки
Јас давав ова: морков, јаболка, круша, тиква, слива, компир, праска, брокула, банана, тиквица, ориз, просо, амарант, киноа. До ориз сме стигнати, по овој редослед, од утре почнуваме оброк за доручек инаку почнав со влусови од 4++, сега сме 5+
Женски сакам да дадам макарони, купив од тие како машничка и сакам да ве прашам дали ги блендирате ? Инаку ова мое бебе сака се да јаде, зеленчук и месо дури повеќе од овошје,кога јадеме ние сите не гледа во устите и доаѓа,па мора да и се даде нешто, парчиња џвака,со прстињата си ги зема,дури ми е чудно оти сестра и сакаше се мазно. Боранија свежа дали сте виделе некаде?
Од купечките дадов јаболко, слива, пашканат и круша зашто во моментот не беа стасани нашите непрскани а морав нешто да воведувам. И тиква планирам наредно, купена. Сепак се органски, подобра опција ми се од купени без да знам потекло, бар за почеток. Внимавај со кашичките на Хип. Пишува слива или кајсија па мислиш само тоа е, но во составот имаат и ориз и шеќер. Така се зезнав со сливата. Таа од кајсија среќа ја прочитав па не дадов. Био кашичките во ДМ ти се чисто овошје/зеленчук. Има и од Хип со чисто овошје (пр тиква-јаболко е чиста), ама треба читање декларации.
До сега имам воведено: тиквица, тиква, батат, јаболко, круша и денес маслиново масло (прв пат). Ама од кога и дадов круша има запек, незнам дали е до тоа, еве денес масло ама исто пак. За 4 денови се кака 2 пати преку еден ден и тоа по малку. Што да и дадам? Како да и помогнам? Се напиња и не може да извади.. Жално е да ја гледам така