Да, домашни жолти беа и меки. Инаку опција ми беше слива или маслиново па решив маслиново. Да дадам утре слива да го оставам маслиновото или да продолжам па следно да дадам слива? Дека прв ден ми беше денес.
Мислам да дадеш и утре маслиново со тоа што имаш воведено, а задутре ново. Сепак и маслиновото би требало да помогне. Јас повеќето ги воведувам по 3 дена, некогаш третиот ден давам и нова намирница. Пример задутре продолжуваш со маслиново и плус малку слива. Откако ќе го воведеш маслиновото можеш во секоја кашичка по малку. Само предлог.
И јас секоја намирница ја воведував до сега по 3 дена. Па штом така ќе продолжам со маслиново па ќе давам слива секако таа беше на ред. Само мислев да не има нешто друго да и помогнам зашто стварно се мачи, има и многу гасови па мислам стомачето ја боли. Фала ти, така ќе правам
Си ги погодила еднинствените со шеќер што се - чиста слива и чиста кајсија нема други. Те гледам и ти "модерна" со исхранава арсени, отрови ово-оно Тебе така ли те ранеа Шала на страна, право освежување на темава. Каде беше порано?
Мајки ми треба инфо. Беба е 11++ не сум дала макарони, може совет од кои да дадам и во која комбинација? Инаку си џвака и мислам дека може да јаде и ситно сецкани.
Мене ме ранеле бабите, едната со потопени смоки а другата само ориз со нешто комбинација. И што ми фали? Што не Затоа се трудам да не ја зезнам работава од старт. Секако ќе пројаде се’, ама сега не А кај бев, само читам и не се осеќам сигурна да коментирам зашто ништо Не знам... требаше порано да почнам да се информирам за исхраната. Ај Ваљда дур пројаде ќе набилдам самодоверба.
Кога се почнува со вкусови, по колку им давате да пробаат? Лажичка, две или ?? Бебе е 5++, сега почнува со вкусови, па и дадов прв ден една лажичка, втор ден две, трет ден четири. Почнав со јаболко, па банана и прв ден и дадов три. Сака да јаде изгледа, отвара уста, шлапа и бара уште, ама не сакам да претерам или па да и давам помалку од што треба.
И јас така со првите намирници кога ги воведував, по некој лажичка и давав. А сега веќе колку сака толку, некогаш цела каша ќе ја изеде, некогаш пола. Три недели воведуваме вкусови.
Почнавме со јаболче, бебе се гади и како да има нагони за Повраќање. Нолно ли е, ич не каснува и ми е страв некако да и давам.
Верувај штом јас научив што не знам ништо за исхрана, затоа што самата јас имам проблем со исхраната секој ќе се научи. Иначе и јас такви коментари добивам да давам смоки, бисквити. Среќа живеам на место каде што можам се што ќе посакам да најдам органски. Прати ми порака да ти дадам информации.
Ме немаше едно време во темава, еве сум пак Добредојдовте сите нови мајки кои се интересирате што е можно поздраво да се храни вашето бебе а во исто време да ги внесува потребните нутриенти. Што имам поминато, и тоа што знам -помагам. Сакав да прашам за тестениниве, со што да ги искомбинирам.Бебето е 10 месеци. Имаме се од млечно внесено ама сакам баш некоја вкусна комбинација да му направам. Му имам дадено глутен, овие се без глутен како шрви тезтенини кои ги купувам за него, наредните ќе бидат од обичните. Комбинации со што да се даде..
За ручек во било која комбинација додадо ги, ко лебче ќе му дојде. Сум давала со телешко, со пилешко, наместо ориз/компир тестенина ќе ставиш. Или со брокула,лукче,кисело млеко/јогурт како сос ..