Па да и јас така некако практикувам, гледам колку изела каша. Па им треба време секако да се навикнат на тие храни и се тоа. И јас се надевам понатаму да почне повеќе да јаде. Ке видиме Фала ти сепак
Значи за јадење за бебе сум тапа човече За нас да зготвам ми доаѓа 300 идеи,ама за бебе јок. Еве на пример бискоти во кои се комбинации може да спремам,за вечера ,доручек,ако може мајка да ми помогнеш. П.С. Ќе замарам уште многу во темата додека не навлегнеме во шема така убаво.
Какво замарање за тоа сме на форумот. Идеи за вечера со бисквита ти се било која житарка пример гриз, неколку бисквити и можеш банана..истово со овес, и крупник сум го давала со палента не ми оди. Имаш и на хип инстант каша бебе бисквит за добра ноќ таа ептен ми вршеше работа за брза вечера едно време. За доручек не сум му ставала дека овошје и житарки му давам ама можеш да ставиш некогаш ако не ти го сака пример доручекот..
Доручекот да,го изеде,ама ручекот не,ептен малку,но не ја форсирам.Јас важно не се откажувам,редовно нудам.
Авокадо со банана сеа веќе со ад и лобело за пообемен доручек Батат и пченка сум ги давала само со зеленчук
И со овошје и со зеленчук. За доручек со овошје и јогурт повеќе ја сака. За вечерата да кажам. Јас давам секогаш солена вечера т.е зеленчук. Препорака од педијатар ми е вечерата да биде иста како ручекот, јаглехидрати, зеленчук, протеин кој ќе биде различен од тој на ручекот. Тоа уште кога почнав со вечера.
дали давате плазма и чоколино на 7м? или од кога почнавте да давате? Вчера на инстаграм прочитав колку било штетно чоколиното. Колку се "притресувате" т.е придржувате до правилна исхрана на бебе? Ја и давам од се по малку да си проба нормално без претерување со шекер и сол,добро не сеа на 7м грав да и дадам ама не сум од тие мајки со ни под разно не би му дала на детето пр.бисквити до незнам ни ја таму која возраст
Шеќер и сол не без претерување, туку ич до година. Чоколино и плазма не планирам да му давам. На 7м не ми паѓа на памет. После година ќе проба се' што сака, ама нема дома да чувам такви оброци. Се притресувам, ќе гледам да се придржувам колку што можам. Сама на себе сум осетила последици од лоша исхрана, не планирам и детето да си го зезнам на ист начин. Колку што можам, до кога можам, ќе го хранам најздраво што знам и умеам.
Не се рачунам себеси за некоја што се притресува за детето. Дури и ми се чудат блиски како така ја пуштам да лази и да се чука низ цел стан на пример. Во поглед на исхрана не сум ич упатена што со што иде или не иде. Правам свои комбинации и го пратам бебе како и прија. Ако прочитам некој совет тука, дополнително проверувам на нет или се консултирам со познаник нутриционист. Кога станува збор за сол и шеќер стварно не гледам апсолутно никаква потреба од истите до година а може и покасно. За тие две работи, да, се притресувам. Зошто плазма кога има бејби бисквит или зошто чоколино кога можам за 3 минути да направам вкусен овошен јогурт со свежи намирници.
зошто е толку штетно чоколиното да ме упати некој, го има и во мени во градинка каде што ке оди моето, затоа јас му дадов да проба
Не. И моето е 7 месеци, и ни под разно нема да проба барем до кај 2год. Со првата ќерка пред 3год не бев ич упатена,и самата се хранев скроз безвезе па сега за бебе и те како се притресавам. И мојата исхрана е доведена во ред, па полесно е и со децата. Нема ни од се по малку да пробува, ќе јаде тоа што е за нејзина возраст и готова прича. Нема што да се чукам во гради и да се фалам као не се замарам,ќе порасне и вака и така, здравоте навики се градат од најмала возраст. Јас ова не би давала. Ми имаа донесено за подарок еднаш, ама заврши во канта.
Мајка побарај на инстаграм, мала беба велики гурман, мене женава ми е спас за комбинации на храна за бебо. Плус на секоја слика има за која возраст е наменет оброкот и во опис има рецепта, мераци