И добро ке го запишеш во градинка, ако мораш и таму ке му дават колку и да се трудиш дома да го хранеш здраво
Чоколадата се препорачува да се даде подоцна - после 1 па и 2 години кај детето, затоа што може да содржи алергени (јаткасти плодови, млеко и сл.) и е потешка за варење за дигестивниот систем. Истотака, какото содржи теобромин кој има исто дејство како кофеинот само што во чоколадата го има во помала количина одколку во кафето. Плус на сето тоа е шеќерот во чоколадата, што можеби е и најголемиот проблем - да се навикнува на многу благи вкусови и повеќе шеќер од мало детето... Инаку, за поголеми деца, за возрасни, чоколадата е корисна ако се јаде по коцка-две дневно, и тоа темна чоколада со висок процент на какао (за да имаш максимум придобивки од какаото а минимум штета од шеќерот). Во темната чоколада има железо, магнезиум, флавоноиди (кои имаат антиоксидациско дејство), лецитин (го има и во жолчката од јајцето и е корисен за организмот). Штити од срцеви заболувања, го намалува крвниот притисок, ја подобрува работата на мозокот, ја штити кожата од изгореници и дехидрација итн. Така да не треба да се исфрли скроз од исхраната, само да се јаде умерено.
А што отпор за чоколино ќе дадеме? Знаеш што ќе ти кажат...дека поминало низ сите проверки, одобрено е од АХВ и ќе почнат педијатри продадени да викаат дека е здраво и изобилува со железо и дека не би се продавало во маркетите низ државата ако не е добар квалитет. Ќе ја стават нашана инфлуенсерка да ги продава лино како во србија на инстаграм што се сликаат со лино и толку...
ај сега и вие. Без борба нема промени. Еве јас Богац го замарам за тоа. 1000 поплаки да има и те како ќе реагира. Во мојата градинка, појадок е пудинг!!! Тоа појадок ли е??
Абе ја сум прва да се буниме само не би се бунела за чоколино од тие причини. Кај нас таков појадок нема и тоа е жива глупост. Треба да се бориме нутрициониста да има секоја државна градинка што ќе диктира мени. Со многу што сум зборела ми викаат ајј бе што сакаш за 1500 ден за жал не сфаќаат дека е тоа субвенциониран износ. Ние не знаеме да се бориме, ќе го примат во градинка и како подредени сме.
Баш така. Тоа е проблмот. Пудинг за појадок. Од 2+ не е страшно менито, чат-пат ќе улета нешто, ама за бебињава е хорор. Јас не се предавам. Бема потрева од глупости јадење кога има исто ефтини и здрави варијанти. Што ги кошта банана ао овес да измешаат??
Во што воведовте цело јајце? Ќерка почна да ми одбива каши, а ако и направам нешто во форма на палачинки или парченца си јаде сама. 10 месеци е. Вака без јајце имам премалку избор особено за доручек и вечера… И дали давате павлака? Вчера дадов малку лебче со павлака, зошто ништо не сакаше да јаде…
Палачинки. 1 јајце, 1 зрела банана и 2 лажици брашно. Нема утка рецептов, овде го најдов. Пржено лепче. Следно план ми е мафини и проја.
Не знам ја нигде во нашето мени јогурт и кисело млеко не сретнав. Битно млеко секој ден со нешто. И сега и да ми примат готови каши зар секој ден да носам, а и кој ќе ми гарантира дека воопшто ќе му ги дадат...
Да им дадеме ако не по едно парче пица затоа што кога ке порасне ке јаде шо има да се притресувам да го ранам со здрави работи? Ваква ви е логиката. Ние како родители сме должни да ги учиме на здрави навики како шо е и здравата исхрана. Но на крајот од денот секој за своето одлучува.
Дете секако ќе јаде тоа што јадат мајката и таткото. Ако мајката и таткото ручаат пица а сакаат детето да им јаде на пример, леќа манџа, нормално дека детето ќе сака пица. Ако сакаат да не им јаде грицки и сами не треба да јадат. Џабе ние ги учиме на здрави навики, ако и самите ги немаме.
До некаде си во право. Но еве јас и мм М од манџа не јадиме ќерка ми е сосема спротивно. Само тоа шо немаме навика за здрава храна(прибираме и не сме јадачи) се трудевме дополнително она да има.
Може ли вишните да дадат дијареа? Пред 2 дена прв пат и дадов, вечерта во 21ч имаше дијареа и во текот на ноќта. Исто и вчера, сигурно 12-13 пати имаше откако почна од неќна. Денес 4 пати. Зарем од вишните може да има толку дијареа?
Полека де не рипајте одма, значи ништо лошо и невистинито нереков, и јас си го хранам детето здраво,, тоа што 1 сум дала чоколино (подобро да знам пред да му дадат во градинка како ке реагира на тоа) не значи дека треба тука на колец да ме ставате у реду е работа
Има стомачен вирус. Пре би рекла дека е тоа. Без љутиш. Си правиме муабет мене секогаш ме нервира ова до градинкиве.
Jas pocnav so kupecki...malku jadese po nekolku lazickin...I I'ma dosta kombinacii vo kupenive pa za da proba samo so niv pocnav
Spored mene grozna...cist paskanat...nie dva dena ja jadevme I mislam deka zgresiv sto I ja dadov taka...Sega koga bi voveduvala paskanat bi kupila Koren I vo domasno podgotvena bi dodala ...vaka cist paskanat I nie ne bi jadele