Мајки едно прашање, чисто да видам различни мислења..... Дали мислите дека доколку се почне со цврста храна малку порано ( да речеме околу 5 месец) колку да пробува вкусови понатаму бебето би јадело повеќе? Јас со првото и ден денес мака мачам за јадење а скоро 4 години е. Го доев до 16 месеци, а ексклузивно до 6.5-7 ( по препорака на педијатар) и се мислам дека заради тоа не јадеше како што треба или па такво си е детето... Овде гледам дека многу мајки веќе со пет полни даваат кашички а мене иако второ дете ме мачи "ексклузивно до 6 месеци".
Леона јас би реклами до детето е.Што дека јас почнав пред пет месеци со овошје пак не е јадач детето и никогаш не ни било.А влече и на генетика по малце,и јас и маж ми сме такви.Ама искрено да доев ке доев до цели пет без размислување.кај нас проблемот беше што бевме на ад формула.
Леона јас на син ми по препорака на лекар му воведов кравјо млеко на 3 месеци а со кашички почнавме на 4. Морав да барам излез од ситуацијата. Ад млеко, на 3 месеци, пиеше по 180 на 45 мин до еден саат. Минуваше еден саат ќе заспиеше па пак ќе плачеше за млеко. Само преку ноќ пиеше литар млеко. Знаев дека е до млекото бидејќи после пиење се смируваше комплетно. Плус со сласт го пиеше истото. Цела плата на мм ја дававме за Новалак. Откако дадов Алпско се смири сосема. Столицата му беше нормално жолта. На 5 месеци јадеше од било која каша по 190 гр и тоа три пати на ден + 1 литар млеко. Петтиот месец на килажа си качи најнормално 400 грама. Кога направи годинка почна да не јаде ништо. Ама апсолутно ништо. Почна да ми стагнира со килажа се до 4-тиот роденден. Замисли за 3 години се поправи само 3 кг. Нема лекар што не го посетив. Сите тестови ги поминавме. Уста не отвараше. Јас психички се мрднав. Не е хирово дете па да пребарува, едноставно немаше јадење кое му се допаѓа. Тек пред една година го средивме проблемот и почна да си јаде, и пак јаде се. Така да секое дете си е сопствена приказна. Еве, пак, ќерка ми млеко - ич. Со сила некако. Откако дадов кашичка, неа ја преферира. Ако ме прашуваш мене лично, јас мислам дека доколку сте на ексклузивно доење а си напредува најнормално, тогаш не почнувај со цврста храна до 6 месеци или барем додека не почне да гледа со интересирање како сите јадете. Тогаш е греота да го оставиш во неизвесност Сите јадат а тоа не Тоа се случува околу 5 месец, па тогаш пробај да дадеш две три лажички каша колку за да знае што всушност правите. Нејадењето на детето, докторите често го поврзуваат со начинот на воведување на цврста храна. Иако сите препорачуваат да се почне со овошни каши, сепак потајно и тие се свесни дека после нема да ги јаде зеленчуковите. Пробај со ова дете прво со зеленчукова
леона и двете деца ги доев-малото уште цица.и со двете почнав со дохрана на 5.5 месеци -по малце сокче и по некое лажиче кашичка.мислам дека апетитот зависи од детето а не од воведуванјето храна порано. има промени во апетитот на периоди и кај двајцата ама ова помалото ептен сака да јаде што не е случај со сестра му.
Леле како менуваат децата....син ми е скоро 4 години а има одвај 14 кг....а за ќерка ми и јас мислев прво зеленчукова кашичка да дадам ама немам идеја што, морковот исто е сладуњав, тиквичка викаат после 6.... Инаку јас додека јадам ќерка ми ме гледа и прави движења како да јаде, ама сигурно ме имитира, а супер напредува само на цицање затоа не знам што да правам. Многу сме исплашени од нејадењето на син ми, кој и покрај тоа има добар имунитет а ден денес не јаде никакво овошје ни зеленчук. Worried.ај може вториве деца нема да прават проблеми
Јас почнав со полни пет да воведувам исхрана, по една до две лажички дневно, некогаш и ниедна не пробуваше. На почеток ми изразуваше желба дека сака да јаде, и ете пробав, а и плус син ми не качуваше на килажа па педијатарот ме советуваше да почнам со дохрана наместо со АД. Не спиеше по цели вечери, мислев дека е гладен. Безуспешно е се, син ми никако да прифати друга храна освен доење. На 8 месеци решив да му дадам кравјо млеко, ама не прифати, не сака. Не сака ни млечни каши. Еве деновиве почна да јаде, и тоа овошна каша на Хип оние за доенчиња што се, едвај 100 гр, за ручек јаде телешко или пилешко месо со зеленчук. Од зеленчук јаде речиси се, тиквица, компир, морков, брокула, целер. Не знам што друго да дадам. За вечера овошно јогуртче или млечна каша со овошје на Хип, ако јаде среќна сум. Има 9 месеци, а јаде како врапче. Ова почна да го јаде деновиве, претходно само цицаше. Сок не пие воопшто, вода едвај. Жолчка сум дала само еднаш, одам само на сигурни комбинации, затоа се плашам дека нема да јаде пак. И јас се мислам дека касно почнав со воведување на цврста храна, можеби да да воведов на 4 месеци сега ќе јадеше. Незнам дали погрешив, и ете сеуште внимавам што ќе дадам, страв ми е да воведам нови намирници, ете го почна да јаде, но по секој оброк кака. Нормално кога 9 месеци цицаше само . Не знам мајки, многу е тешко кога детето не ви јаде, се прашувате дали требаше порано, покасно или едноставно такво ви е детето. Јас не ја ни отварам темата каде што пишувате колку ви качиле бебушките. Моево едвај 1 кг качил во рок од 3 и нешто месеци . Ама битно здрав е, единствено тоа ме теши.
Се додека е здраво бебето, не е плачливо, задоволно е и темпераментно нема потреба од паника. Нашите деца се презадоволни од јадење и за нив не претставува никакво задоволство тоа. Братучедка на мм има три деца а живеат со 8000 плата и детски додаток. Нормално е, трпезата нивна, е многу посиромашна од тие кои имаат две деца и две плати. Децата буквално јадат се. Беа пред некој ден дома и се зачудив, три деца испапаја леб и пол. Дури и дебели се а цела зима јадат леб, маргарин Кристал и ајвар. Како карпи се, паднале - станале, се удриле - ни плачење ни ништо. 12 саати се активни и палави. Дојдоа дома ручани и кога ги виде намалото полнатите пиперки им се нафрлија како термити. 10 полнати пиперки и еден ипол леб - три деца до 10 години? И тоа па не чини. Некогаш кога го споредувам моето со нив си викам колку е кревко ама па битно имунитетот му е супер. Многу малку е потребно за да преживееме. Има деца по Афричките земји кои по пет дена не јадат ништо. Извинете забегав од темата ама морав да пишам
Така е анина, и син ми не јаде ама весело, 100 на саат дете и добар имунитет ама пак пустото се нервирам, кога ќе го видам со другарчињата од градинка- има висина ама дупло послабо од нив. Нека се живи и здрави, ќе почнат да јадат. Отиде темата во др.насока ама и ова да го кажам-како расте ме прашува дали ако јаде ова/она ќе пораснел повеќе, дали филип е поголем од него зошто јаде овошје и зелемчук и сл.значи сам ќе се заинтересира да јаде повеќе.
Имам дилема околу домашните цедени сокови. Каков би требало да биде соодносот вода со цеден сок за 7 месечно бебе? Некако ми мати памет ете ако и исцедам праски ( дека кашичка од праски не сака да биде, а сокот на Хип од праски го пие) да и направам дома би бил многу концентриран. 1:2 е доволно?
Според мене на 50мл цеден сок од праска, 50 мл вода. Ако веќе сакаш да раствориш. Јас на ќерка ми и давам чисти сокови, без вода. Имам соковник ама ми ги прави густи па затоа цедам низ 5-6 слоја газа и си идат како тие купечките од Хип.
Да, 1:2 треба да биде за почеток, односно додека не му навикне на вкусот а понатаму постепено се преминува само на скочето без провриената вода. Јас така знам и за отприлика еден месец и нас ќе ни биде време за сокчиња па така планирам да правам (ако грешиме поискусните мамици нека не поправат )
Мајки во последно време читам дека демек било подобро да се даде како прва храна зеленчук, имаме дискутирано за ова меѓутоа ме интересира што мислите за варено младо компирче за прв вкус?
Леона во право се јас така си направив. Почнав со овошје па додека навикна на зеленчук маки мачев. И сега понекогаш знае да затвора уста после првото вкусување па да фрлам кашички. Почни со компир или па домат. Имам една книга за бебешки рецепти и во неа пишува дека од страна на дохрана доматот се воведува прв.
А кај нас педијатрите го сметаат доматот за алерген и викаат после 8 месеци Решив дека прво ќе дадам варено компирче, па мелен ориз, па ќе продолжам со овошје, па житарици во овошјето- така отприлика ќе биде на почеток ( уште и да имаме успех во јадењето, супер ќе биде ).
А кај нас педијатрите го сметаат доматот за алерген и викаат после 8 месеци Решив дека прво ќе дадам варено компирче, па мелен ориз, па ќе продолжам со овошје, па житарици во овошјето- така отприлика ќе биде на почеток ( уште и да имаме успех во јадењето, супер ќе биде ).
Мојата бебушка е полни три месеци, од наредниот месец, значи на полни 4 месеци се мислам дали да почнам со сокчиња и да пробува вкусови од зеленчук и овошје. Да не избрзувам, да не е прерано? Инаку таа одлично напредува, имаве 6 кг на 2,5 месеци(сега веќе со полни 3 месеци сигурно сме ставиле плус 500грама), па поискусните мајки околу мене ме советуваат да издржам барем уште месец бидејќи бебето супер си напредува и доволно и е моето млеко. Јас пак сакам да започнам со запознавање на вкусови, мислам што порано толку подобро, а можеби и грешам. Не да кашите заменат оброк, туку само по некоја лажичка колку да ги вкуси, а со полни 5 месеци да започнам да и давам во нормални количини, односно една до две каши дневно да ни бидат оброк. Паметно ли е тоа или сепак избрзувам? Ваше мислење и искуство?
Јас со полни пет мислам да давам само да пробуваме вкусови . Со син ми се доевме ексклузивно до 6.5 месеци. Мислам дека е рано од 4 штом е на мајчино млеко и штом супер напредува. И ние само сме на доење ама имам причина плус за да почнам малку порано со пробување вкусови инаку би чекала до 6 месеци. Поназад во темава дискутиравме дали ако почнеме порано ќе јаде повеќе ( јас прашав) ама испадна дека кој си јаде ќе си јаде кој не нема
Уживајте во доење барем до 6 месеци, детето супер си напредува. Цел живот е пред него за цврста храна, затоа не брзај.
Snegulkata јас мислам дека после полни 4 месеци добро би било бебето да пробува нови вкусови и се навикни на нив..Баш како што кажа по неколку лажички кашичка од различни овошја а секако млекцето главен оброк...затоа што колку бебето е постаро повеќе пребира ,сакам ова неќам ова итн...вака дури е помало не разбира мн, најбитно му е да го наполни мешето и да спија ...и ќе си се навикни на новите вкусови... е сега негде имам читано дека прво се воведува зеленчук за да не биди бебето навикнато на слаткиот вкус на овошјето па после да прави проблем...не знам колку е паметно тоа но само кажувам што имам прочитано...јас тоа не го применив..започнав со овошје па потоа додавав во овошјето овесни снегулки или џиџи бебе за да и држи повеќе ситост..а со зеленчукови почнав на 6мес и признавам имав мака доддека и воведам таков оброк но со поголема упорност и повеќе плачки успеав да ја навикнам ..сега дури повеќе ми ги јади зеленчуовите со месо отколку овошните....
Јас морам малку да ве демантирам зошто секое дете приказна за себе е. Иако е на АД до 6 месеци беше скоро само на млеко. Почнав и јас првин овошје, зеленчук па житарки. Со овошјето од почетокот па и сеуште борба водиме за да го јаде, а зеленчукот и житарките без проблем ги јаде. Вееќе и месото го прифати. Така да и да почнете со зеленчук за жал ако детето не го сака ќе имате мака, а со овошје се почнувало дека е полесно за мешето. Сестра ми почна со зеленчук па до 9 месеци пак само овошје и цицање беше.