Прикупи нешто сабајле или дади готова ништо страшно па и да нема житарка еднаш па и повеќе пати. Бататот си е скроб и држи , и 125гр да изеде е оброк солиден , ипак сте на старт вие и да сака да цица или Ад за брзо нормал е. Кај мене е 7++ со 2 оброци , ќе изеде 200гр и за нецел саат заспива и пак цица малку , љубов е тоа не се деле од млеко
Месо .. @Iva Mitrevski и оризот многу не ти е препорачлива намирница за почеток. Препораките сега се , баш и да не се дава во први намирници , макар и инстант во кутија. Имаш добри други намирници комбинирај со нив
Како да приготвам млечна каша со АД млеко? Пример од житните на Нестле или Хип. И колку смее на стои како готова? Не сме пиеле АД никогаш, купив ама не сум сигирна за подготовката.
Колку пати отприлика давате јогурт и количински по колку на малите. Скоро 7++ е кај мене ептен сака и незн колку е ок за него да се дава , да не претерам оти он дури не се прејаде , не почне да му се гаде не затвара уста
Какво АД зема мајка? Јас користам NAN, на 30мл вода едно лажиче оди( од тоа што оди со формулата)Повели и слика ако ти е од помош, ама не сум сигурна дали мерките за сите ад се исти.. А за кашите треба да пишува на нив, јас искрено од око ги правам
Земав Аптамил 2, за една лажичка на 30мл знам. Е сега пример правам 120мл, и само додавам од житариците? Или како да и сварам ситлујаш( дали може да се вари)?
Не се вари колку што знам, знам пишува да се олади водата до 40 степени пред да се стави формулата.. Јас со АД кога правам, правам од оние инстант што се, ставаш и мешаш
Мајки ,сакам да воведам спанаќ,па на што треба да се внимава при готвење,како,по колку може како за прв пат,со што е највкусно? Фала ви.
Јас најпрво му го направив класично, спанаќ со ориз, кромид и павлака додадов на крај, а сега комбинирам со што стасам. Спанаќ со јајце (варено), со палента, со компир, со печени моркови, со месо било какво, со тестенини. Има многу работи со што може да се комбинира. Подготовката е едноставна, ставаш и вариш околу 10-15 мин, ако правиш со ориз додека оризот не се свари убаво.
Како се сПравувате со бебиња нејадачи. 15 дена се трудам со вкусови, што и да Понудам стиска уста и бутка со јазик. 6+ сме
Јас пробав се и ништо не успеа. Сега на 8 ипол месеци почна да си го јаде доручекот 160-180 грама со ручекот уште е под 100 грама. Само трпение многу, друго ништо не помага.
Спанаќот препорачуваат да се комбинира со млечни, за да се неутрализира некоја киселина што ја содржи (оксална мислам беше). Други намирници што содржат железо не се комбинираат со млечни, ама спанаќот да. Моево наредната недела ќе наполни 7 месеци. Ништо, апсолутно ништо не јаде. Повеќе од месец обиди, напредок апсолутна НУЛА. Ни една лажичка дневно не му се собира. Веќе треба втор оброк да воведувам, смешки сме Не знам ете, трпение имам. Напредува само од мајчино, ама па ме загрижува да не му падне железо... ќе му направам една крвна слика да видам ситуација. Од тооолку лакомо бебе ова стварно не го очекував. Затвора уста уште пред да ја види лажичката, врти глава и нема шанси, какви сакаш финти прави. Штом од @macka91 почнала да јаде ваљда има надеж и за нас.
Си требала да очекуваш Страствените цицачи претежно не се многу заинтересирани за немлечна храна. Иста беше ќерка ми. Јас упорна. Само правев и фрлав. Пројаде на година ипол од ко ја одбив Се надевам кај вас нема да биде така