Штом се собрало друштво со нејадачи се приклучувам веднаш Мојата е 7+++ Нонстоп правам фрлам секакви каши Има пробано се што е до 7 месеци Ако е една лажичка го сметам за воведено, циркузи Има неколку комбинации што ги сака Палента и кисело млеко Авокадо и кисело млеко Хип кашичка шпагети болоњезе Со мрежичката на томи типи ставам овошје и си шмука Се на се 100 грама ако изеде презадоволна сум На хип проаѓа само таа со шпагетите, други не сака. На холе пак ќе проба барем 5 лажички Купив 20 кашички од babylove од дм па ќе видам со тие. Барем еден месец да не се нервирам со готвење. Проблемот е што кога ја ранам и давам една лажичка на неа, со друга јас бутам. Тоа ми е финта за да отвара уста. Ако и се допаѓа си голта, ако не брчи, плука, мава по хранилката. Цела лом се прави, џабе лигавчиња, лигавчиња со ракави, силиконски, пластични, 3 пати минимум ја туширам.
Слични сме и ние. Уште малку 8 месеци ќе сме,ама многу малку јаде.Значи не одбива,јаде се,ама ако изеде 100 пресреќна сум,а цице кога виде како побркана е,не знае колку да цица.Ми се чини до пред да крене на училиште ќе си ја дојам
Исто, после секој стрес со "оброк" цица ко луд за да се утеши И вика, се кара. А му давам храна кога не е ни гладен ни сит, еден час по цицање. Мислам дека се' е џабе, сите финти ги пробав ама ќе тераме, ќе видиме како ќе биде.
Мојава пројаде на три дена, и пак откажа Барем и вечера и давав тие денови Има само една омилена на Хипп-круша,слива и жжитарици. Друго ништо. Телешко,мисиркино-свари,направи-фрли. Барем дадов и месо и млечни и глутен и не се мислам веќе за нив.. Кога и дали ќе пројаде ќе видиме Цица ко мало бебе по цел ден..
А јас пак си се снабдив не со едно, туку со две млади пиленца домашни,средив замрзнав,мислеш кој знае каква јадачка е,па немој едно малку да и е.
Јас со телешко така, се награбав, па мерев па делев по ќесички точна грамажа, ќе јадеше госпожата На крај го издинстав за нас,видов нема напредок Петлиња чекам да ми донесат, таман до прв роденден ќе се разјаде
Затоа моето телеце нека си попасе уште малку,додека не пројаде мојата цуца,си има она моја кравица(јас) за млекце
По колку млеко треба да пијат бебињата што имаат оброци? Исто или помалку, има ли правила, табела, нешто?
Ќе се дружиме и ние со вас изгледа нејадачите. Значи дефинитивно најголемите цицачи и најголеми нејадачи се. Ние стигаме до кај 40/50 грама и тогаш сум пресреќна. А има денови и со една лажичка. Баш како што пишавте погоре и со една лажичка си сметам дека е воведено, смешки. Пробав и јадење пред неа, брокула морковче, не бреее незнае што да им прави. И ги ставам ја во раче, ќе и текне накај уста и ги шмука/цица. А како се друго одма носи накај уста а хранава не.
Јас на мојата и ставив силиконско лигарче од тие со тањирчиња што се долу,таа го стави речиси цело во уста,ќе го изеде ,веќе не и го ставам,ставам обично,како мушама што се.
Во иста ситуација сме. Правевме крвна слика минатата недела, железото е на долна граница, ни ПреПишаа сидерал. Ке Пројадат, ама ние живци ке искинеме. Кај нас тек денес има малце наПредок и се собраа две, три лажички
Среќна биди за напредокот Кога ќе стигнеме до три лажички шампањ ќе отворам. Не му ни мерам грамови, ни 5 не ќе испаднат. Многу ми е страв од анемија, зашто цел живот се борам со тоа и во бременост имав низок хемоглобин па ми е страв како му се одразило. Мора да пројаде детево.
Исто мл колку што даваш, само секој воведен оброк е замена за едно шише млеко. И ќе го пратиш детето ако има потреба од повеќе млеко ќе му зголемиш, кај мене пиеше по 200мл, овие два дена пие по 250мл, само на сабајле кога станува и пред спиење пие млеко.
Вчера му направив лепче со жолчка на малку путер потпечено. Му давав и јадеше со апетит.Помали парченца давав,небленирано.Друг пат само овошје има пробано во парченца а сега и ова. Како што јадеше одеднаш поврати. Не знам која е причината, не правеше фаци дури јадеше.Првпат да поврати од јадење. Цела жолчка ни е воведена уште пред 1 месец. Од што можи да поврати? Да не му дојде тешко од жолчката или дека парченца дадов?
Можеби е од жолчката. И мене ми поврати во млаз кога дадов жолчка после пауза од неколку дена, нешто повеќе од недела беше.
После повраќањето не ја воведував одново жолчката. Почекав 1 недела, и дадов половина и не и беше ништо. Набрзо потоа дадов цело јајце во палачинки и немаше реакција. До денес неколку пати имам дадено палачинки и пржено лепче. Најдов рецепт за мафини, па утре тоа ќе правам. едит: Јајца домашни овде не можам да најдам (не сум во мк) и за неа купувам ЕКО.
Твоето мислам дека 7++ пиша дека е. За таа возраст педијатарот ми рече околу 700мл треба да пие. Ама јас тогаш воведов трет оброк и намали на 500мл. Пробав да зголемам количина на АД пример од 120 на 150 и од 180 на 210 ама тешко, не го пиеше цело. После месец дена на мерење имаше качено 800гр. Табела на нет не успеав да најдам..
Ние сме поголеми, 10м ама се приклучуваме и ние во нејадачката група Да не е од променава на времево што кај сите е така, или сите што ве читам погоре имате девојчиња? (Викаат девојчињата се попроблематични за храна) Инаку, пробав белка да воведам. Неуспешно, не го сакаше јадењето, 1 загриз само (мафини солени беа). Ќе пробам со нешто друго утре. Ќе ми се олесни припремата на јадењата ептен, ќе може да јаде тоа што јадеме и ние па се надевам така некако ќе пројаде.
6+ е моето, ќе почнуваме и со втор оброк затоа што млеко ич не сака, од кога е родена пие помалку отколку што треба, а кашите убаво ги прифати. По совет од педијатар почнуваме и со втор оброк, за млекото не ја прашав. Веројатно колку што сака како и до сега Ми требаше вкупна количина во 24ч според возраста, како што ми пиша ти, ама за помала возраст знаеш ли колку е. Она околу 500мл пие сега со еден оброк.