Било каков рачен блендер завршува работа барем кај мене е така, полесен е и за миење и за мала количина на храна.
Jas taka ke praam koa ke trgnam na rabota posto nema kako. Dorucekot keni go praam pred da odam, a rucekot od vecer i vo frizider, posle vo mikro samo da se stopli
Спремам на утро, појадок во чинија на собна темп отприлика станува кога ќе излезам околу пола саат стои спремена кашичката, а ручекот исто на утро и веднаш дури е топло во тегле го стегам се вакумира од жешкото, пред јадење на собна темп го чуваат ручекот па и го даваат.За сега ок е вака терам 3 недели, немам проблем. Напорно е наутро се што се спрема, ама од вечер си смислувам што, како за полесно. Некогаш готова каша за ручек оставам ако не успеам да стигнам.
@macka91 @Iva Mitrevski @Babymama2020 Фалааа ви мајки Доручек јас му правам и давам пред работа, зашо непие млеко кога станува туку доручече јаде Ручек почнавме наутро да правиме, па го даваме на баба му го стоплува и бленда Ама ќе пробам како што вика бејбимама ќе го вакумирам во тегличка и нека го даваат после тоа
Моја беба ќе почне неколку лажички да јаде и после прави нагони како за повраќање. Не е прејадена па тоа да и е ту мач. Е сега незнам дали се глупира или не и се допага јадењето Што мислите вие ? Ќе ме збесне со јадењево
Машкото кај мене така прави кога му е многу густа кашичката и му се лепи за непцето. Ќе му додам малку водичка и си јаде без проблем. Пробај да не е до тоа ако го правеш погусти кашичките.
Така прават кога лажичето им е ставено повнатре во устата и кога храната ќе ја осетат попозади на јазикот. Треба да го оставиш да отвори уста, да посегне по лажичката и тогаш и само ќе повлече храна од лажичката колку што може. И друго, лажичката не ја преполнувај со храна и давај ја хоризонтално кон устата.
За жолчка како беше шемата? Почнав минатата недела да давам и дадов 1/8 вторникот и сабота.Сега како се продолжува два пати во неделата 1/4?
Мајки направена домашна кашичка колку време во фрижидер може да стои? Мислам на направена во тегличка ставена.
Здраво мајки мојава има 5ипол месеци и од вчера почнавме со пробување вкусови на кашички домашни од јаболко денес круша ама некако не ми ѓи прифаќа ја врти главата утре ќе пробам банана да видам дали ако несака да бидам упорна или пак да и понудам од зеленчук или купечки да земам?
Првата недела по 1/8 вторник и сабота Втора недела 1/4 во вторник и сабота Трета недела 1/2 во вторник и сабота И четврта недела цела жолчка, па се смета за воведена, барем јас вака працам до 1/2 сме стигнати