Некои прифаќаат одма, некои не. Биди упорна, нуди ист вкус повеќе пати, не мора веднаш да менуваш зашто можеби втор/трет ден ќе му се допадне. После ќе почнеш и да мешаш. Никако со сила, ако не сака и врти глава, тоа е. Повеќе среќа нареден пат Моево повеќе од месец помина, уште ништо не сака и врти глава. ОК е, некои бебиња се такви, ќе бидеме упорни и ќе пројадат Уште не им е времето.
Ако ти ја врти главата пред да проба од кашичката, значи уште не е спремна за дохрана. Почекај неколку дена, 1 недела па понуди ѝ пак. Цел месец залудно се нервирав зошто ништо не сакаше да проба, преку ноќ сама си посегна со главата по лажичката. На 5 м почнав со вкусови, дури на 6 покажА интерес за храна. Џабе ја форсирав и се нервирав.
Ок,пројаде бебе конечно! Од денес почнав жолчка Нема да давам 1/8, туку 1/4 два пати оваа недела, па половина наредната па цела. А со што не смеам да ја комбинирам да ме потсетите? Со јогурт/кисело млекце ок е? Спанаќот со кисело исто дали смеам, цвеклото.. ?
Педијатар на мене ми кажа дека жолчката не се дава во комбинација со млечни производи. Така се губеле хранливите материи. Спањакот некогаш им го мешам со јогурт, а цвекло не сум давала никогаш со јогурт не знам дали може.
Јас дадов на 10 месеци цело јајце. Во овесни палачинки го дадов. Од тогаш мислам се препородив, може сѐ да јаде што јадеме и ние. За доручек особено, домашни тестенини, проја, кифлички, мафини благи и солени, омлет, варено цело јајце, кајгана…
Пиши на Хрватаката Група во пребарувачот многу идеи ќе најдиш , јас таму стално си барам и тука на лупа.
Јас така само жолчка и ја давам пред оброкот,си ја изручка и се бендисува,ама она и многу сака да џвака
Oooo vidi stvarno kolku recepti, izvini sto te maltretiram dali moze da mi go kazes imeto na taa grupa da se zaclenam ti blagodaram
Денес бевме на контрола и докторката ни рече да почнеме со вкусови. За 4 дена полниме 5м, сакав да ве прашам по која табела за исхрана се водите? По нетов ги има многу и секаде е различно. Прво знам се почнува со јаболко, крушка, банана? Ако има некој нека ми прати ако сака табела за исхрана.
Имаше назад во темава @Vojdana ставено една убава листа, јас по неа се водев. Избарај го нејзиниот пост во search.
Има ли некое бебе што одбива овошни каши или мојата е единствена? Не знам што да ѝ дадам за појадок и вечера, немам идеја. А и кисело млеко и јогурт не сака
Ве молам да ми кажете од кој тестенини давате, од колку месеци, почнавте и како ги давате, дали ги блендирате.
Не си сама, иста песна сме Едвај со сила неколку лажички. Ниту имам идеја а на к.млеко и јогурт се мршти како лимон да јаде. Иакрено 2 дена и давам цела брокула, банана, морковче и ја гледам дека сака да си јаде така и баш е среќна. Ама мене многу ми е страв мислам капка крв немам додека гмечи
Моево пак зеленчуковите не ги сака. Пробав и со купени, нив пак воопшто не ги јаде. Ни овошните ни зеленчуковите. 6+++ е сакам да воведам и ручек, за точно еден месец треба да почнам на работа, па ме интересира каков редослед имате во оброците. Некако не можам ред да фатам, зошто секое сабајле различно време се буди . На доење е, ама ќе му давам АД бар 1-2 пати додека сум на работа. И дајте предлози за ручек за 6+++, немам идеи.