Најпрво му дадов тарана има една посна без јајце е таа, и демек пробав да ја блендирам ама не ми се изблендира затоа што и онака е премногу ситна, па си ја јадеше уште од старт така. Макарони исто барав посни, и најдов не знам на која фирма беа ама знам дека црвено ќесиче беше. Тестенини на 8 месеци прв пат му дадов, е сега дека има и јајце воведено ми е многу по лесно за избор на тестенини, а и за комбинирање.
Исто и јас никако ред да фатам, секој ден различно станува, еднаш во 7, друг ден во 9. Кога намалуваат од 3 на 2 демки? Мислам во таа фаза сме, 2 и се малку а 3 и се многу, почна покасно да ми заспива. Додека се оправиме ќе помине некоја недела сигурно. Инаку за ручек сега на 7 месеци планирам да и воведам јас заедно со месо. Па имам во план зеленчук со месо да е ручекот, а житарици/палента/просо со овошје да е доручекот. Можеш било која комбинација на зеленчук. Ако немаш воведено месо, батат/компир/ориз нека ти биде основата и на тоа додај брокула/ морков/ пашканат/ што имаш воведено тоа. Вака планирам јас да правам. И со градиве како ќе се среди незнам. Почнаа многу да ми се полнат.
Нашиве бебиња се родени на ист ден. Моево последниве денови има само две дремки. Ќе стане, прво го дојам, па одма ставам нешто за доручек. После еден или два часа од станување му давам доручек, па заспива со цицање. Најчесто првата дремка му е околу еден час. Ко ќе стане пак доење, па планирам ручек. Или да не го дојам, веднаш ручек да давам, како е подобро? Втората дремка му е околу 14-15 часот (зависи кога станал сабајлето) и спие до кај 16-17часот. Тоа време ја легнувам и ќерка ми и тишина е, па затоа спие подолго. Откако ќе стане од втора дремка не го презаспивам пак се до 19:30-20:00 часот, зошто ако заспие нема да спие цела ноќ. Летово шетавме со количка ова време па имаше една дремка и во количка и заспиваше покасно, некогаш во 21h некогаш во 22h. Пробај вака. За втор оброк мене ми се брза зошто од 1ви ноември почнувам на работа и сакам бар месецов што сум дома да се навикне на ручекот. Ќе почнам од утре со втор оброк. Телешко и мисиркино ќе воведам почеток на 7ми месец. Плус кисело млеко, јогурт. Само се плашам како ќе биде кога ќе сум втора смена. Во 21 часот сум дома. Па претпоставувам ќе се чекаме за заспивање. Немам проблем јас со градиве. Пред некоја вечер левава ми беше камен, ама баш тогаш се разбуди бебе, цицаше и ми олесна. Инаку преку ден не сум имала досега проблем.
Јас почнав сега за некоа ден е 8м , и му ги давам една по една си држе , гмече , нешто апнува , нешто јас му давам , интересни му се ептен . Пробај така мали парченца ако ти сака ако не блендирај. Нели се речиси сите тестенини - макарони без јајце , освен оние на подравка ли кои беа злат(н)о поље така некако се викаа знам се со јајце. Барила , дивела се ок колку што знам и они мискос , тапа сум со имиња на макарони , ваљда погодив некое Оние од виталиа се црвени ако мислиш на тие , глутен фри пишува на нив , ама многу се никакви на вкус
@Skorpija25 Еее баш ме израдува исти ден што се, ќе се советуваме. Јас од 1 декември почнувам со работа, ќе оди во градинка, многу ми е жал што ќе оди ама мора. Еве денес стана во 7, сега во 8 пробав да се раниме едвај 3 лажички, и веќе спие. Вака кога ќе ми стане рано како недоспана е и многу кенкава. Кога ќе поспие до 8 е многу подобро и порасположена. Вие веќе имате 2 дремки? И кај нас првава е еден саат, вторат исто од кај 14 часот најдолга е знае и 2,5 часа да и биде. И веќе кај 19 часот ја фаќа криза. Пробував неколку пати да не биде дремка, но не успева. Не продолжува до сабајле да спие. Се буди за 15 мин и после ми седи до 21, 22 часот. Си ја рачуна како 3 дремка. Тоа со цицањето и мене не ми е најјасно како да фатам ред. Пример кога ќе стане во 7 да и дадам да цица или не, ако и дадам кога доручекот? На секој 2 саати она спие 2,5 часа максимум, се успива само со цицање. Како во овие 2,5 часа да вклучам и цицање и јадење. Некако веќе очекував да зголемува прозор на будност.
Аронија дадов сега, некој ден пред да направи 10м. Урма немам дадено, иначе може после 8м., пребарај ги мислењата на Дуника има убави совети дадено за урмата.
И јас сакав да дадам аронија, да го појачаме хемоглобинот, ама читав дека се дава после годинка, според некои истражувања го снижува крвниот притисок. Давате ли замрзнато шумско овошје од маркет?
Кога се воведува жолчка,само неа така или со нешто друго да ја дадам,нека ми помогнат поискусните мајки.
Да, давам Жолчка со полни 8 ,и јас уште ја воведувам,можеш комбинации а можеш и само неа,јас така и ја давам ја јаде. Првата недела 1/8,па втората 1/4,трета 1/2 па на крај цела жолчка.
Зошто би блендирале тестенини? Ептен ми е несфатливо, подобро житарката од тестенината ќе ја сварам. Пример, зошто би варела и блендирала хељдини тестенини кога можам да сварам хељда? Наместо пченкарни и пченични - гриз, и така. Инаку не сум дала, ќе почекам да јаде самостојно па ќе му правам. Спиралите ми изгледаат најлесни за да ги држи со раче.
Здраво мајки, ме ибтересира кога дадовте јогурт и павлака и од кои? Вчера бебче наполни 6м па да знам од когавда воведам...
Што правите кога не го јадат или малку јадат од оброкот ? Давате друго или нудите млеко ? Пред 1 месец почнавме со вкусови, намирниците за 4-5 месеци сите ги проба и полека и зголемував количина за да почнеме со цел оброк за ручек. Како воведувате следни намирници, во воведениот оброк или посебно ?
Пребарав и често поставувано прашање, но никој не го одговара. Се надевам ќе добијам одговор. Пред некој ден направи мм домашен леб, рецептот од тука го земав, но на бебе ич не му се допадна. Сакам да почнам леб да му давам, ама не знам дали може од купечкиот, а и ако може од кој? Сигурно има сол во него. Како правите за леб давање, кој го давате, ако месите ве молам споделете рецепт да го пробаме и тој.
Зошто леб? Нити сум давала на двајцава батковци ниту на девојчево сега...лебот ги дува и заситува и кога ке посакаат сами ке си јадат леб, штознам мое мислење е тоа