Фала на советот мила Иначе веќе ти објасни членката за плусовите и ние за некој ден ќе бидеме 4+++ па здравје веќе се подготвуваме за кашички. Немаме сеуште хранилка но незнам и дали може да се користи пошто сеуште мојот не седи
Во хрватската група ужина се воведува 12+. Нешто како да шрочитав се припремаат за ужинка од 11+, па од 12 да почнат веќе со една ужина. Мојава е 10+++, има 3 оброци, но меѓу оброците и давам понекогаш овошје рендано или сецкано зависи што. Не пие ад, цица но не ја држи воопшто цицањето, повеќе жед и згаснува.
Eve da receme ke vovedam dorucek iam dovolno namirnici zatoa. Popladne produzavam so vkusovi adekvatni za rucek taka? I koga se voveduva rucek?
А бебињата што се на доење, им давате ужинка на скоро 9 месеци? Од утре почнувам на работа, па ако доручкува во 8 а руча во 1, некако многу време е без ништо измеѓу. Хипис смути или јогурт со некое овошје смеам да и давам? И ако не, зошто не?
Со веќе воведени намирници ќе миксаш нов вкус . Ручек одприлика следува за месец -месец ипол од кога ќе имате оформено оброк ( појадок 100-125гр). На старт е "подосадно" со намирници па вртиш едни исти и за појадок и ручек кога ќе почниш. После натаму со месо , млечни , жолчка е занимливо Јас од овие бебешките смоки давам чат пат , хипис , нутрино шмукалче , бискота оти се што виде - јадиме ние си сака да проба , па се лажиме со овие А и доењево измеѓу оброци му е како залашка во последно време , навечер некогаш знае да висе и цица како да не видел со денови Нека даваат нешто така како што имаш смислено , или млекце да оставаш или ад , или овие земи ги бе нутрино што се за пиење млекцата готов оброк , може и од тие по пола да и го дават да го пие. Што и да дадиш не е грешка нека биде сита важно. По правила ако гледаме до годинка не треба ужина , ама правила
Јас почнав со вкусови наизменичо зеленчук, овошје, житарки и кога почна поголема количина да јаде воведов ручек, ама сепак не јадеше доволно за да заменам доење. За да внесува различна храна решив да воведам и доручек, а некогаш ако не јаде баш дента нудам и вечера. Сега некако хаотично ми со распоредов доење, јадење, доење... ама очекувам да се стабилизира дека за недела дена баш има напредок и повеќе јаде. Мислам зависи и од детето, еве кај моето повеќе функционира два-три оброци со помала количина отколку да заменувам еден по еден, плус уште не седи па вака е баш полесно.
Ќе се водиш по неа , ако јаде сака уште можиш , зголемувај и постепено. Давај 80-100гр , ако сака уште постепено пак за некоа ден оди кон 125гр. Па натаму веќе ќе видиш. Кај мене може 10тина дена јадеше така 80гр до 100 па преку вечер почна повеќе цела кашичка , па си сакаше уште . На 190-200гр брзо премина , и така тера , некоаш и 150гр јадел ако сум закаснала па кенкав бил. Сега веќе не мерам , сме со 3 оброци и полабава сум.
Јас вкусови давав еден месец( за да соберам доволно намирници за комбинации ) со тоа што на почеток првите 3-4 воведени намирници ги давав со броење лажички, за да наредните што ги воведував (а и бебе свати дека треба да голта,на почеток и неа чудно и беше) давав по повеќе количински но само една намирница. Пр. 5та намирница што воведив беше батат, прв ден 2 3 лажички, втори ден 6 7 лажички, трет ден повеќе и четврти ден одев до скоро 50-60грама зависи како прифаќаше. Не мешав намирници, но постепено го навикнувавме стомакот на цврста храна а и неа да голта со лажичка. Потоа имав скоро 10 воведено намирници и почнав со оброк да заменувам наместо млеко.
Недела дена давам вкусови, наизменично зеленчук и овошје, но бебе не сака скоро ич да јаде ништо, од се се гади, едвај по 5 лажички (само врв полни) проголтува. Завчера после јаболко дури од што се гадеше на крај се исповрати. Искуства и совети? Фала
Пробуваме вкусови па имам веќе воведено батат и јаболко... ме интересира дали можам да ги искомбинирам заедно тие две?
Само трпение, кога ќе биде спремно само ќе почне да јаде. Ти продолжи со вкусови да и даваш. @Doroti28 јас ги спремам на пареа, кромид, телешко месо, морков и мм @lovely91 секој вкус што ти е веќе воведен можеш да го комбинираш и со нов
Може секако, јас правев млада тиквичка и јаболко, превкусно... Мешај... Денес компир ќе му давам само, а од утре ќе мешам со морков, тиквичка..Нормално со веќе испробани намирници
Даа , Зегин , кит -го , тинекс , во овие сум го зимала до сега . Кај што има на Нутрино производи таму види , баш во зегин последно едвај најдов , таа во аптека вика многу се трошеле и сите зимаат повеќе одеднаш , и се нема до следна порачка. @Chanell* вашето зегин го нападнав последно , кај семафорите тоа многу убаво снабдено со се за бебињава 30ден е во тинекс , на акција во зегин за 25 го земав , смешна сума е
Poppins мила супер штом така си почнала.. Јас другче почнав.. Пр. Нова намирница, јаболко, давам 5 6 лаж најмногу до 10,мали неполни лажички. Наредниот ден ако немам друга намирница испробано давам пак јаболко... А ако имам испробано мешам со другата намирница и си јаде. Во тегличките што купував на почетокот 3/4 готови, ги полнам и некогаш ќе изеде речиси цела некогаш пола, зависи како му се јаде, важно не го оставам гладен. Му давам и ад млеко обавезно. Важно да се прилагодат да јадат.
И јас почнав со некоа лажичка , првите денови па и цела недела од 5 лажички дали една ќе лизнеше. Нагони за повраќање , му се гаде , се мрште , си реков ќе има мачење со него , ама смени преку ноќ почна по некоа лажичка круша готова , таа му се бендиса па секоа ден се повеќе јадеше . Две недели макс толку пола тегле малку поеќе од пола од малите му давав па после оброк салам . Јас по 2 дена давав нова намирница , 3 ден старо со ново и така ги поредив некако. Не се држам цврсто до правила. Си јаде соодветно за него што е ама оставам колку сака . Кога почнаме пазев првипт месец , месец ипол количински да не му е терет наеднаш , сега лабаво , сам се трга кога му е доста. ------ Денеска портокал дадов , се изнашмука , во мрежичката му го ставив , поделени мислења гледам , ама повеќето се 8+ , следно ми е дуња , да ја искористиме есента со добри намирници