Ние сме 6 ипол месеци, и веќе си имаме два цели оброка од кашички, и 3 од млеко. Сабајле кога ќе стане му давам млеко, па овошна каша, па млеко, па зеленчукова и пред спиење млеко. Сега за сега супер ни оди, се си јаде, од тоа што смее, освен брокула, ич не ми ја сака. Инаку некој праша каква палента, најобична онаа од 15/20 денари,ја давам од 6месеци само што наполни.
Јас кашичките му ги правам по 190гр. Е сега зависи со што ќе ја измешам, колку грама ќе ставам од другото. Во принцип лажичка,две од палентата во 100мл вода, на тивко мешаш цело време додека се згусне. Исто го правам и мелениот ориз, а и просото го мелам и на ист начин го правам, не го киснам цела ноќ.
Како тоа просото го мелиш , зошто ? Просо не се меле колку што знам ,се покиснува и се варе , се распаѓа скрос на блендирање не се ни приметува , освен што густината си а праве
Се меле, само не треба да се чува мелено Јас го мелам и веднаш го користам. За да не го киснам, па варам, вака ми е готово за минутка,ниту блендирање ми треба.
Просото се кисне од други причини , се кисне заради киселината која ја испушта. А имаш лупено просо што немора да се кисне. На секој начин просо да се сваре не одзима повеќе од 5м , па го блендирам заедно со овошките или зеленчукот.
Варењето може не е долго, ама треба да кисне. Мене некогаш у 5 за 12 ми текнува и вака ми е полесно. Како ти е полесно така прави, битно е добро за храна во секој случај, и ми го држи сит, а има и доста витамини и минерали ко што читав. Имаше некој поназад прашано, грашокот ви го сакаат ли?Мојов ги плука лушпичките, пошто и покрај блендирање тие некако остануваат?!
Ние сме 7+, имам телешко домашно. Имам извадено парче за денес. Ќе почнувам одма со мевце, не само водата, така одлучив.
Мајки Белка воведов преку палачинки проја кифли...е сега да дадам слободно кајгана можам? Со тоа би се осигурала дека е воведена? Така правите?
И доручек и ручек ли му даваш по 190гр. И ако да од кога почна да му ги даваш цели. Ние за 3 дена правиме 6мес. му давам 2 пати по 150/160гр. и 5 пати цица, 2 пати преку ноќ и 3пати преку ден. Исто и кај мене од старт се си јади без проблем, па се бунам уште со грамаживе
Од 6 месеци, ама млекото наместо 6 пати по 180мл што пиеше, сега пие 3 пати. Цела вечер ја спиеме, нема навечер јадење. Е сега кај тебе со цицање стварно не знам , јас сум со адаптирано и пишува макс. 3 пати се дава ова за од после 6 месеци.
Денес баш ја дадов, не баш оваа, туку таа од пченка и овошје ама од истава линија…ја направив со вода, ја пробав јас вкусна беше искрено ама ај реков да додадам нешто и му стадов едно мало јаболче блендирано плус
Оваа се прави со вода, бидејќи веќе во неа има млеко. По желба можеш да си додадеш некое овошје, какао или цимет ако имаш воведено.
До кога може да ги јадат овие купечкиве кашички, кај мене сега оваа недела ќе полни годинка и некогаш во брзање му давам од овие ама не знам сега од година дали да ги смета како оброк или како ужина?
За тие што имате воведено вечера. Дали денот го завршувате со вечера или имате вечера, па млеко па спиење?