Оние стандард што се во кутија на Бако , за други незнам Овие и за мене си ги зимам најмеки се и пресни секогаш.
Да се вмешам пилешко давам домашно петле , ако немам такво на Цекин или Перутнина оноа премиум филе свежо на тацна му го зимам , а мисиркино на Виндон @stanislavac Брокула во мафини , јајце ( како омлет со овес и брокула му правам ) палента и брокула и к.млеко , фини комбинации ми се овие . или само палента и к.млеко , класика
Имате подготвувано јадење за малите во airfryer? Добив денес на поклон па нз дали можам да го користам за малата...
Ja iam multicooker ama nikako da se nakanam da go uklucam,go koristela nekoja? Gleam ima opcija za gotvenje na parea
Па не знам зготвив батат, тиквица, модар патлиџан и копанче. Копанчето и бататот излегоа убаво, тиквицата и модриот патлиџан загореа малку, дефинитивно треба помалку време за нив
Ќе му го фатиш редот ајде Ќе пишиш какоќе оди понатаму. Секако ние додека почниме со дохрана уште месец имам време да го купам Добро готви? Се мислев помеѓу него и airfryer. Тој дека повеќе опции има да не е подобар?
Јас го имам овој за готвење на пареа, супер е го препорачувам, си има на него кое што колку време се готви. Генерално за брзо време спремам се.
Јас го имам Мултикукерот 18 во 1 на Делимано. Опцијата на пареа е топ. Брзо омекнува се. Едино не ми се свиѓа што додатокот за готвење на пареа е пластичен. Викаат безбеден дека бил, ама што знам. Како е со другите готвачи на пареа, споделете тие што имате.
Да сварам јапонско јаболко ќе личи на нешто? Или да чекам да узрее? Мм купил, кое од кое потврдо. Порачавме ние од сетек, чекам да стигне деновиве. Го купувам со цел да готвам за бебе во него, најмногу за месото мислам дека многу сочно ќе го прави.
Epa uste e vo kutija ne mi e proban Ke mora da go stavam vo funkcija aman ova 5 saati spremaj za 200gr hrana bog da cuva
Е кај ова airfryer за 15 мин беше готово. Ама што знам, да би можела да бирам дефинитивно би зела мултикукер.
Мајки кога и како воведовте јајце во исхраната? Читам по новите препораки уште на почеток на дохрана може да се воведе.
По блв јајце се воведува на 6+ месеци цело одеднаш. Колку порано се воведуваат алергени помали се шансите детето да развие алергија.
Да ве прашам за путер од кикиритки и лешници. Планирам да дадам, но ми е страв од реакција зашто знам дека се сериозни алергени. Немаме семејна историја, ама сепак... Превземате ли нешто за претпазливост? Имате ли нешто дома за секој случај? Мислам дека на форумов еднаш прочитав дека дале на бебето путер од кикиритки паркирани пред брза помош. Сериозно мислам истото да го направам Moже се' од почеток, но сепак од претпазливост прво дадов жолчка па белка. Она четвртина, па половинка па цело не го запазив, од причина што мојов цело не изел никогаш... и покрај тоа што одвојував од оброкот, цела жолчка нема изедено. Белка дадов прво во палачинки па варена и сецкана во комбинација со палента, цвекло, жолчка и маслиново. Ептен малце касна, ама немаше реакција па ќе продолжам да давам. Мене постепеното воведување ми се допаѓа најмногу поради тоа што му реагира мешето на храна. Вака знам од што е, па паузирам и нудам помалку. Пример, реагирал на пиперка, компир, кисело млеко...