@CareTee @IRBBB @LivingGlam Ви благодарам за одговорот. Овде спанаќ се препорачува да се даде после годината, јас дадов неодамна за првпат зошто сметам дека е веќе време, од понеделник почнува и во градинка... Мелено. Ќофтенца, болоњезе сос, полнета пиперка...
Па пишав свесна дека веќе си добила милион приговори и совети, исто ко и јас. Нели, за туѓите бебиња знаеме најдобро, за своето ич. Моево е нејадач, и буквално се' е испробано и исто ко и тебе, секој приговор ме нервира затоа што е веќе пробано. Ама ти коментирав за оризот зашто рече не знаеш веќе што со него, искрено најдобронамерно. А знам како звучи. Мало парченце го варам, 20тина минути му треба ако е навистина мало парче и младо телешко (од прилика да го собира во дланката на бебето без прсти, тоа е мерата). Меко е и вака. Па сецкам многу многу ситно. Ако сварам повеќе парченца останатите ги замрзнувам и имам готови за наредни оброци. Ако правам оброк со леќа на пример, заедно со телешкото варам. Ставам и замрзнати коцки од булјон од коска, наводно добро било за железо. ________________ Мајки, нека не ве нервираат линкови и одговори за "правилен" начин на спремање нешто. Некој прашал баш за тоа, одговорот е тој. Ако вие не правите така, ок е. Некој сака на тој начин, и тоа е ок. Има милион информации, наше е да прочитаме и да си одлучиме секој за своето бебе. Повеќе пати сум напишала нешто и одма коментари ааајдеее, зошто така притресување. Ко што нервираат приговори - немој пржено, немој сол, немој ова немој она (на некој што дава), така не се во ред и тие цинични забелешки за некој што сака да следи препораки. За моето бебе одлучувам, ако праша некој а знам нешто ќе напишам, и тоа е. Зошто тоа пречи, еве не знам.
Оф не мислев така за твојот коментар хаха повеќе беше да ти се испожалам хаха Инаку не да нервира ама повеќе нервира кога цело време ќе го употребиш да направиш се океу за бебето и после ќе прочиташ не така или некој ќе ти каже па кај си се измалтретирал па и погрешно е
Ливинг јас сакам да ти се извинам ако на некаков начин испаднав иронична према тебе, ич немав таква намера. Спомнав, и јас исто читав, се убив од спремање за џабе и пак со шубе давав да не не е исправно. И сакајќи да си "ја исперам" совеста дека не погрешив шо дадов ориз и покрај потенцијалните опасности, искоментирав дека некогаш претеруваме (не мислев конкретно на тебе, генерално зборував), барајќи солзи од самовила, небаре децата само тоа јадат. Извини уште еднаш. Кај мајката Ката на профил има рецепт како да се користи срцевината на телешки коски, посебно кај деца со анемија. Читни ако те интересира.
Јас користам полномасно кравјо млеко, знам дека кај нас има многу против тоа, ама тука се препорачува за во каши, максимум до 200 мл на ден. Јас правам 100 мл млеко, 100 вода најчесто, во тој случај додавам и лажичка масло од репка, бидејќи нема доволно потребни масти. Доколку правам со 200 мл млеко, не додавам ништо. Тука па не се препорачуваат јогурт, павлака, кисело млеко....дури после година, викаат дека имаат премногу протеини, кои може да бидат штетни за бубрезите...кој да знае што е правилно Месо јас спремам однапред, блендирам и така го замрзнувам во дозерки, по 30 гр и вадам по потреба. Како што давам три дена месо во неделата, ако не правам вака, нема шанси да можам да постигнам. Инаку ручекот за бебе и јас го правам ден порано, инаку каде ќе ме остави да готвам, 1 мин не седи мирен Среќа риба давам готови каши, уште тоа да спремам
@Marge како се воведуваат млечните продукти според нивните препораки? Јас за нив сум најмногу упрпана заради крвавите столици и егземата.
Јас мислам дека препораките за исхрана на бебињата највеќе доаѓа од поднебјето каде се растат, нормално и генетиката. Дури и самиот доктор тоа ми го потенцира, кај нас не се вообичаени некои ствари како авокадо, манго, киноа и што ти знам веќе не. Еве моја братучетка во Германија го храни бебето со да не речам тука недозволиви работи, на пример кашите млечни му ги прави со растителни млека. Почнав и јас да му давам и му кажав на педијатарот и ми рече рано му е почекај. Го гледам на камера мцка јагоди дури и јагнешко му дава. Јас добив кошница со кашички и стојат пола во која има јагода, во која киви, нидли и тн
@LivingGlam zamrznuvas samo meso ili i od vodata? Poso ja realno neam voda....a i ne mi treba da mrznam nego da napraam u pon i toa da se jade do petok. Moevo saka meso,pedijatarot rece davaj sekoj den ako sakas ama namali gramaza u obrok i nema gajle
Според она што читам, нема никаков проблем со тоа да се дава кравјо млеко, но максимум 200 мл на ден и исклучиво во каша. Дури викаат дека е скроз ок, дури и кај деца кај кои што постои ризик од алергија, што малку ми е и чудно. Моето исто има егзема, бевме баш на педијатар минатата недела, воопшто не го зема млекото како можна причина. И вистина, малиот е многу подобар, фала Богу, а јас секој ден давам млеко. За другите млечни производи, се препорачува да се почека до после годинка, наводно имаат прејаки протеини, кои може да штетат на бубрезите, како што пишав, а и според нивните истражувања, јогуртот ја отежнува апсорбцијата на железо од другите продукти и тоа е плус причина за да се почека. Исто и за павлаката препораките се да се почека, премногу протеини, но малку калциум. После годинка веќе може да се дава млеко за пиење, максимум до 300 мл на ден, но мислам дека е или млеко или млечни, не и тоа и тоа, не сум 100% сигурна, не сум стигнала до таа лекција Класично воведување на намирници како кај нас не сум сретнала до сега, така да и за млечните производи е исто. Даваш и почнуваш "Оче наш, да нема алергиска реакција"
како бе саат ипол вариш месо активирај рингла појака Телешко месо од 50-60гр 30 ајде и 40мин е сосем доволно , Го обарувам само малку и мењам прва вода после го динстам со зеленчукот , манџичка од мерак излева . Кај МалаБебаВеликиГурман имате баш фини и брзи идеи. Или мелено месо е многу полесна варијанта Јас готвам ден за ден. И успевам со 2 деца , не сум супер мама Однапред планирам што треба да се зготве за следна ден , на дремка на бебе правам подетални работи , ама и тој е мирно бебе па речиси успевам се и буден кога е. Не оставајте зеленчук , овошје зготвено да стоат , оксидираат и штетни се. Речиси на се му е потребно 10-15м да се зготве , 5м само да насецкате е потребно. Не осудувам никој , не ве напаѓам и ја не сум совршена и ја забегувам од правила со намирници ама за свежо зготвено сум секогаш За , ако не сум во можност давам готова каша. Што е правилно, што не , не се оптеретувам премногу, гледам да држам баланс , за ориз и јас не сум некој фан од скоро почнав по 2х неделно да го давам.
Лелее да се пријавам и јас, саат ипол варам телешко. Само јас ли скоро секој ден и давам нешто млечно? Дали јогурт, кисело млеко или урда…. Некако само така успевам да јаде нешто од нешто барем.За утре еве се мислам јајца со урда за доручек, смеам да ги мешам двете? Лелее многу глупави прашања ми се вртат во глава. Со што не е добро да се мешаат млечните производи? Спанаќ друго? Исто ве читам го варите месото и така го замрзнувате. Ако смее така тоа и те како ќе ми олесни. Пример може во недела да сварам за цела наредна недела? Мојава цура едвај ми дозволува да направам јадење, одма доаѓа до нозете мои се исправа. Друго мисиркино од каде зимате? Од веро што ми нудеа свежо има ден два рок на траење, може така да го замрзнам свежо или сварено и ќе биде океј? Како правите вие? И за мафини да споделите некој испробам рецепт. Било благи солени. Незнам каде грешам, два пати правам не ми искочуваат цели од калапчето. Пола мафин останал… Шпоретот ми е со од 1 до 10 јачина, под претпоставка дека 1 е 30 степени ги печам на јачина 6 односно 180 степени 25/30 мин. Дали треба со нешто да ги премачкам за да искочат цели? Се изнапишав јас…..
Знам знам, се' ми е јасно, и мене ми е хаос во главата. Ама секогаш кога доаѓам на темава е истиот муабет, а можеш да замислиш и од луѓево околу мене какви коментари добивам. Нели, крива сум што не ми јаде зашто не му ставам сол, не му давам од моето да касне, не му давам да пивне кафе ако ме гледа кога пијам. Замисли си како ме тригернува кога ми велат дека претерувам, на секое. Го знам тој рецепт за срцевина. Со таа намера и зедов коска, ама при кршењето со сатарче многу ситни делови од коската излетаа и ми беше страв да ја печам и вадам срцевината. Ќе пробам можеби нареден пат. Засега само сварив, тоа што можев од срцевината го извадив, и поминав низ цедалка па замрзнав. Само месо варено замрзнувам. Коцките ми се посебно, од варена коска. Па кога спремам зеленчук и месо и од нив ставам наместо чиста вода. Јас давам месо или риба шест дена, само еден ден јајце. Тоа поради хемоглобинот, а инаку може еден ден ручекот да е само мешунка и зеленчук. Спанаќот оди со млечно, исклучок е. Млечните не одат со оброк со железо (месо, цвекло, блитва...). Можеш наутро со овошје да ги даваш, или навечер со зеленчук. Мафини и јас еднаш пробав и ми испаднаа безвезе, се распаднаа. Треба да барам друг рецепт. Американски палачинки многу полесно ми излегуваат, а и побрзи се за спремање. Телешкото и јас првиот пат го варев долго од страв, ѓон суво испадна. После пробав мали парченца 25-30 минути, дефинитивно е доволно и е меко. За јајцето со урда и јас планирав да дадам... само не знам да не му е многу тешко на меше со толку протеини? И уште не сум дала така.
@Skorpija25 Да, делумно се видам пo blw програмата, само јагоди, мед и кикирики мислам дека ќе оставам за после година. Прво и дадов од белка да проба колку нокт, после во мафини/палачинки и на крај омлет. Немаше никаква реакција од ништо. Искрејно само месец два терав по табели и 3 дена воведување намирница. Толку имав трпение.
Denes praev puneta piperka za bebe, t.e. telesko iznistav pa staiv oriz i ispekov baska 1 piperka. Se toa u blend malce i super izleze ama bebevo nejke da jade ke puknev od maka. Na kraj mi tekna puneta piperka se jade so pavlaka...Kako i smesav pavlaka se iznalapa so merak sve slapa...ne znam po koja tablica e kombovo i dali e ok ama bebe naruckano zaspa ne mrda
Ок е. Освен ако бебе/детето има проблем со железото не се препорачува мешање на млечни производи и месо
Гледам ставаш павлака во јадење и така ти проаѓа оброкот. Јас осто во зеленчуковите каши ставам претежно јаболко и ги јаде инаку нема шанса. Денес имавме за ручек морков, пашканат, малку ориз колку за густина, брокула и за да го изсде тоа и ставив парче дуња и малку хип сокче од јаболко. Туку сакам да воведам месо сега сме 7 месеци кажете какво да ставам и од кога да почнам, некоја идеја за оброк.