Епа кај хип 1 пишуваше и 180мл со 6 лаж за 5 месец.. Инаку и јас на 2 до 2 30 часа му давам, толку е.
Се извинувам ако не е за тука прашањево.. од кога почнавме со цврста храна ми фати запек малта неможе да де искака. Што да и дадам ? Се вцрвенува сака да кака и плаче. Вода не сака да пие се мачиме па можеби и затоа запекот? 7м има бебето
Што јадеше? Дај и јаб, крушка, тиква или слива, од нив треба да кака. Чај од камилица, анасон, пробиотик давај... Не знсм што друго.. А и вода од вареното овошје,како сокче само не знам дали може
Blagodaram na odgovorot dedo i mnogu cesto i daval banana! Sega i davam sliva i drugite raboti sto gi preporacavte pozdrav
Арсен, кадмиум и олово преку почвата се трансферира до зрната ориз, особено во лушпата (кафен ориз). Тие се токсични и канцерогени елементи. Изгуглај, ќе прочиташ повеќе ако те интересира, има на нет и кои врсти или од кое поднебје се побезбедни и на кој начин да се готви оризот за да се намалат концентрациите на токсините.
Проблемот со мед кај деца до 1 год е неможноста да се изборат со бактеријата која предизвикува ботулизам. Бактеријата може да ја има во една тегла од цела кошница, а во другите да нема и нема врска дали е купечки или домашен мед, дури кај домашниот е повисока веројатноста да ја има. Ја собираат пчелите од цветовите. Во мафин бидејќи е печено на повисока температура не е ништо страшно, се уништува на температура од 100 степени.
Подобро изедете ги вие. Многу бебиња реагираат баш на конзерванси. Имаш во дм суви кајсии без конзерванси ако сакаш поприродно.
Vcera i dadov vodata od slivite so konsultacija od doktor i ja protera se iskaka a deneska nisto pak isto ama ke probam toa sto mi pisa i probiotik ke i zemam
И ставив кромид и воопшто не ја јадеше кашата. Но сега почна да јаде зеленчукова со батат. Но сепак таа си го сака сладкиот вкус. Се трудам да и давам повејќе на зеленчук и мислам ќе се навикне само тешко оди. И мојата вода не сака. Јас и давам варено компотче од слива, јаболко, круша и тоа и јаде. Банана и јас и давам ретко и мојата има проблем од банана.
Јас пробиотикот не сум го прекинала. 7 месеци е малата. Има и атопична кожа и дерматологот вика никако прекинување. Ама и без да има проблем со кожата претходно педијатарот ме советуваше до 6 месеци да давам пробиотик сркој ден а после тоа до годинка со прескокнување на 2 до 3 дена.
Јас давам пробиотик од 1 месец, дека сме и на АД цело време.. И не сум го прекинала воопшто, посебно сега и со кашите, мора
Кој како ќе одлучи. Да не даваш, да даваш ретко, да внимаваш каков ориз даваш, да го готвиш на начин како шо сподели Ливинг за да се намалат концентрации на токсини или да не се замараш за ништо од ова.
Мајки ај малку помош. Нас прв воведен оброк ни е ручек и немаме проблем тука, си јаде во исто време што и да послужам. Втор оброк решив да воведам појадок (знам дека обратно прават, ама ете јас така почнав). Е сега, кога ќе стане во 7 ако дадам млеко, тогаш не сака ни да го мирисне појадокот во 8. Ако не дадам одма млеко, гладна чека пола саат и исто пак не сака да јаде. Комбинациите за доручек ми ги одбива, просо, овес во сите комбинации го плука, верувајте секако пробав. Само семолина каснува по три лажички. Кога наутро давате појадок, одма после будење, пред млеко или после млеко?
Пијат млеко 200мл во 7 после во 10:30 доручек им давам. Зависи колку млеко пие и колку време е сита од млекото не мора после еден саат доручек да даваш, ќе проценеш по бебе кога сака тогаш трпение