И чиата е алерген и тоа јак . Од новите препораки на Сзо, намирмици што одеа покасно 10+/12+ и цитрусните , се дават сега порано од старт , ама чиа си е 12+ и претпазливо при давање на старт треба , знае да дава реакции. Бидете трпеливи мајки се ќе пробаат нема потреба од брзање уште на 6-7м , па за нова година и сарма да падне Сепак до 6м ви биле на ексклузивно доење , а на 6м и 5 дена се у пакет да јадат . Желудничето тек им се навикнува на нови работи. да ја веќе замрзнати зимам , ми завршиа домашните малку имав , на Фриком ги зимам најчесто. Ја пробав и на ништо не ми личеше така и не се обидов пак
Стварно? Ете, на незнаење сум вовела уште еден алерген. Јас солид стратс пратам, таму не го пишува чиа семето како алерген и се препорачува од 6+, баш се препорачува, со висока нутритивна вредност дека е. Инаку мама јасно ми е, ама на пр од џемот конкретно дадов на палачинка, намачкано околу 1 мало лажиче и тој проба 3 вишни и 10 чиа семчиња (пример само земам). Син ми барем не јаде многу количински. Во деновите кога јади најмногу, внесува околу 30тина гр по оброк и во тие 30гр има измешано 3-4 состојки, па сметај од што колку внесол за да направи проблем на дигестивен тракт. А за новата ќе го честам руска, сарма не знам да правам. Се смеам мама, некако ги поттурнувам млечните, се надевам до нова година дека млечно нешто ќе внеси па овошен јогурт ќе го почестам. Ако е расположен да го јади, се разбира, оти еве последниве недела дена готвам и или јас лапам или фрлам в канта.
Па да и за тоа реков кој како си сака и мисли, така е најарно. Не е секогаш се баш како што пишува. Ќе пробам јас овие денови па ќе видам кај мене што ќе излезе
Не го пратам ја тоа чудо Кај мене оде блендирано да вкусе , па тераш пасирано, па парчиња полека вметнуваш , на нашки кажано Не се држам јас скрос по табели ама овие некои работи ги запазувам , и малку од малку следам нови насоки .За разлика од ќерка ми сега е многу пропуштено со речиси се. Млечните ти се најлесни и сигурно ќе ти ги сака и нив , речиси секое дете ги сака и јаде количински добро од нив. Нормално е да има протести нови работи се случуваат , треба време да свират. Моето ќе е скоро годинка за празници ќе има гозба со кифлички
Пример правам јаболко,дуња,вишна; кајсија,јаболко; јаболко,морков; или најправено ми е јаволко,круша и модра слива. Јас го рачунам како домашен сок или компотиве што се прават, само житарки додавам утредента пред да јаде. Кај мене не се случило да скисне или слично. Ги варам, ги делам посебно сокот и овошјето го пасирам/блендирам, во тегличките со сок ставам некоја лажица од блендираното и ги затварам во мала тегличка со нормален капак и несекогаш ги оставам во врела вода што врие (ова свеќи ми го кажа за да се вакумирале, ама некад ми е ту мач). Од зеленчук скоро се имам правено со месо, освен модар патлиџан тоа и му немам дадено, ама еве пример брокула, морков, целер и кромид; карфиол, морков и кромид; сладок компир, кромид и морков. Вчера направи маж ми брокула ,морков, карфиол, пашканат, кромид и киноа со телешко и денес јадеше само додадов грик јогурт. Маж ми прави луди комбинации откако ќе види табелите што дозволуваат еднаш бебето јадеше и јаболко,кајсија со пилешко хаха еднаш и лимон ставил малку во овошната каша отпосле ми кажува вика види како јаде мн му е вкусно тоа и тоа ставив
Читам за чиата, јас значи му давам на моето од 7м и тоа рецепт видов кај една Докторка Логопед што е се породивме на исти датум. Она има инста и соработува со овие профиливе што ги спомнуваме тукс и таму гледам што прави она и ја правам хаха Му имам давано и цимет, вишни, дуња, малини, боровинки, манго, кива, лосос, кокос, овесни млеко, оризово млеко, па дури и јагода и замислете на грашок пројави реакција. Дечки чек да прашам мора секогаш се да е варено или можам како смути форма да му дадам пример банана, малина, овесни, чиа, јогурт
Од пусти страв од алергија заради атопичниот и крвавите столици да не е посклон кон алергија на млечни производи, затоа поттурнувам. Инаку и јас се надевам дека ќе ги сака и ќе камуфлирам со нив сѐ шо не ми јади. Парчиња нудам само ако сум сигурна дека се исечени правилно и се со идеална конзистенција. Ако не ми фаќа умот, пасирам со виљушка или блендирам. Житните па паштета ги правам. Ама колку поситно или колку повеќе состојки смешани, не ми го сака. И јас идам на кифлички. Сподели линк ако не е тајна. Ќе ти викав смути ваљда после годинка, ама зошто не би и порано? Ај ќе каже некоја поискусна мама.
Jas ne gi varam site ovoski samo tie sto mora ko jabolko,krusa,tikva....koa imase davav zivi praska,kajsija,sliva,banana....so viluska zapasirano Inace i jas sum praela za 2 dena....na primer ke spremam zelencukova kasa i ima mnogu ja delam vo tegle vo friz i utredenta ne moze nesto da i bide i dodavam samo meso,jajce ili pavlaka ili nesto treto za da ne e bas isto
Утре првпат ќе пробаме риба Ќерка ми има 15 месеци и можеби малку каснам ама се плашам од алергии и одложувам цело време. Сакам да почнам со пастрмка. Дали имате некој предлог за тоа која е најдобра риба вака ко за почеток?
Мамички, после колку време од пробување вкусови воведовте оброк? Зборам за оброк доволен да замени еден подој? И после колку време почнаа бебушки да ви се позаинтересирани за храна и повеќе од 3-4 лажички да јадат?
И ние сме склони на алергии, реакции, со атопичен сме ама овошен јогурт јаде како ненајаден...општо кисело млеко...обожава..друго млечно немам дадено ама во кисело млеко може да се удави...прв пат детето ми отвараше уста само кога прв пат дадов овошен јогурт (т.е. овошно кисело млеко)
Кораб Трница од Стокомак...овде на форумов прочитав дека го препорачуваат тоа и блиску ми е Стокомак па со тоа почнав и продолжив
Пробав дома да им спремам риба печена со зеленчук ама не сакаа никако уста да отворат, и кога ни е ден за риба купувам од готовите каши со риба. Само така јадат риба без проблем
Јас имам дома за нас од замрзнатите пошто си правиме смутиња со мажот и извадив баш пред некој ден три вишни почекав да се одмрзнат малце и лесно им ја извадив лушпата, кај фанав фанав нешто може остана ама во блендер после и се беше океј.
Јас почнав со воведување од 6 полни месеци, да речам оброк имаше дури на 7ипол, сега и на 10 месеци знае и само 50гр од оброк да ми изеде, повеќе сака млеко, искрено и не форсирам колку сака толку, се додека цица убаво, им треба време за се, поголем дел од децата се пребирливи за храна, ќе пораснат и така, мислам дека јадат колку им е потребно.
Денес ќофтиња од црвена леќа ќе му правам. Сварени леќа, пола чешне лукче и парченце морковче, малку маслиново и лебни трошки. Сето изблендирано, оформени ќофтиња и потпечени в рерна колку да фатат коричка да може да ги фаќа.
После 2 недели од прилика. Ама зависи и сега ако му се свиѓа јаде и тоа ја го кратам, страв ми е да не му е многу, ако не му е толку слатко јаде ама помалку... Јас од кога почнав со дохрана не му давам непосредно пред/после каша да цица. Не ја раниш со парченца?