Ja потопувам бар 2 сати. Половина филџанче од најмалечките. После варам телешко со кромид, тиквица, пашканат или друг зеленчук, што имам. Со малку водичка, колку да покрие. Може и лукче ако даваш. Додавам леќата (исцедена), дотурам зовриена вода сооднос 2:1, и се вари 10тина минути. Јас ставам и замрзната коцка булјон од коска. Добиваш многу густа чорбичка, без вода. Мевцето го сецкам на многу ситно, останатиот зеленчук го пасирам а леќата не мора пасирање. Кромидот го сецкам, некако не ми се гмече убаво. Малку маслиново на крај.
Почнав пред недела ипол. Првите денови имаше интерес, јадеше интересно и беше. Сега некако ко да изгуби скроз интерес. Не сака, јас да и дадам теорија нема, стиска устата и нема шанси со лажица да и бутнам. Пробав каши сама со лажица да јаде, пробав пасирано, парчиња, поише помалку гладна. Не и не. А додуша и на почетокот само по 3-4 лажички јадеше не којзнае колку.
Упорност и трепение. Ќе јаде, може нема да биде јадач ама ќе јаде. Чим така вооопшто нејќе ваљда не е гладна. Пробај коа ќе нејќе така, ако и е време за цице не и давај чекај сама да побара па тогаш дај и каша. Изгладни ја малку. Мојот така ако е ептен гладен се тресе коа ќе ја види лажицата А има денови и он така 3,4 лажици и после протестира
И моево пробуваше вкусови буквално по 2 лаж и не беше заинтересиран за јадење туку поише за лажичката ама еве трета недела веќе си отвара уста и јаде по една мала тегличка мислам дека само им треба време дафатат рутина и да се навикнат на ново и ќе немате гајле. Јас давам каши за една недела ќе почнам со втор оброк колку сака толку а кога че видам дека е спремњн ќе почнам со пасирано и да му давам храна сам да држи да ја запознава Мене второ ми е па пак ми е стресно
Јас јаболко и круша имам и свежи давано рендано. https://www.instagram.com/reel/CWLHyddFXIg/?utm_medium=copy_link И леќата ли треба да се кисне леле ќе си умрам се кога ќе му дадам нешто после ќе прочитам што требало, а барам предходно бре… Инаку ја работите што ги блендирам не ги лупам како на пример вишни, цреши, смрзнати кајсии, смрзнати модри сливи, мене ми е малку нелогично да ги лупам кога тоа се се прави бленд за да се задави, а хранливите чуда ствари не ги фрлаш. Денес ги варев работите рендани морков, пашканат, целер, компир, а додадов ситно сецкан кромид и брокула со коцкички телешко. После оставив малку оставив малку од чорбичката другото го изблендирав, знам дека компирот не се блендира ама помалку беше денес и не се направи лигаво. Јадеше бебето и ги џвакаше тие покрупните рендалки така да и му беше забавно да си џвака. Мене вака не ми е страв да му давам овошје или зеленчук покрупно, пр малинки само преполени и слично ама ми е страв да му дадам кофтенца, еве палачинки од леќа, омлет, мафин тие како ги давате/правите?
https://instagram.com/solidstarts?utm_medium=copy_link Ovie kako.kazat taka...mava jeza malce ama dzvackaat ako se bez zabi
Овошје и зеленчук ако ми фаќа умот, давам парче, ако ми е нешто сомнително дека не е доволно меко, премеко е, можи да направи некаков проблем, пасирам со виљушка. Палачинки и омлет сечам фингер фуд, мафини и ќофтиња цели, сам си ги гмечи, ама 6+++ е. Да е поголем и да има фат на пинцета, би сервирала поситни парчиња. Сега ако се ситни му се губат во дланката и се нервира.
Мајки ние денес напраивме сефте со пробување на морковче... земав есно морковче, го сварив, изблендирав и неколку лажички му дадов... Може ли некоја да ми каже како почнала со воведување на намирници отприлика? 5+ сме иначе. Многу ми се гледа секоја намирница по 3 дена значи бебе за 1 година ќе пројаде се. И ве читам зборите мали теглички, големи теглички, какви се тие теглички? Готови кашички и по нив се водите во грамажа?
Црвената и не мора да ја потопуваш. Ама кафеавата обавезно. Сите мешунки во принцип се потопуваат. Житарките исто. Ништо страшно ако не киснеш де, ама ако се сетиш навреме добро е.
Кога покажуваат бебињата интерес за јадење со лажица? Моево покажуваше некаде пред две - три недели, ама некако не го сфативме тоа сериозно, му полневме лажичка сам да јаде, ама и ние му дававме повеќе. Е сега, не сака да допре лажичка Му ја ставаме во раче, празна, полна, никако не сака, само зева со устето и чека ние да му дадеме Не знам дали беше тој интерес моментален, па ќе појави пак или зезнавме работа? Криво ми е ептен. 8 месеци ќе прави утре.
Надмина година детево а јагода уште не сум дала. Купив едно пакетче од маркет и така седат во фрижидер... не знам зашто олкав страв од јагодите имам, а никој не е алергичен од домашните Туку ај да прашам, кога ги давате јагодите прв пат, ги премачкувате прво на подлактицата за реакција да видите дали ќе има?
Бебе за 2 дена 6 мес ќе прави, пред некој ден ај реков да почнеме со вкусови, дадов малку јаболко, касна 3-4 пати, банана исто пробав, ама некако не е заинтересирано, си игра со лажичката, и еве денес на пример ништо не му дадов, само цица. Кога ќе почне интересов кон храна, јас само си викам ај има време ќе почнеме ама никако, а ве читам 6++ леќи потопувате и пашканати варите, ние до јаболково уште сме заглавени треба поупорна да бидам, што да правам? И уште нешто, не можам никако Бебе готвач да ја симнам, ми вика results not found, знае некоја зошто?
Им треба време да навикнат, ново им е. Јас би ти препорачала кога веќе си почнала да не правиш пауза, нуди во исто време, па и една лажичка да касне е ок.
Предлог јадења за вечера? Морам да одам во смени на работа па порано ќе и ја воведам вечерата, точно 8 месеци е, а млеко од шише не ми пие па мора вечера…
Zaso e toa porano? I jas planiram naskoro vecera na 8 polni. Inace imas hipp biskvitki i ko sto svativ so malku ovosje mozes takvi. Ili bilo koe zito ama poveke zito pomalku ovosje
Ако даваш овошје наутро, вечерата добро е да биде зеленчукова. Пример некоја крем супа, ќофтиња од зеленчук, проја со зеленчук, па и кашичка од житарки и зеленчуци. Тестенини ако даваш, или кус кус со сос од зеленчук. Не сме стигнати ние до вечера ама нешто така планирам. Полесно е за стомачето од блага каша. Плус ти дава уште една шанса да вметнеш зеленчук. После кога ќе даваш ужини, најверојатно ќе бидат овошни. Уствари, штом не ти пие млеко од шише можеш да смислиш кашички со млеко, барем така да го добие.
Јас прво дадов мешана на хип со некои други овошки внатре немаше ни 8 месеци мислам. После накај годинката свежа ја измив убаво со сода и дадов. Не сум мачкала на раката