Женски, колку количински по оброк ви јадат бебушите на 7 месеци? Знам индивидуално е, ама чисто да видам до кај сме. @Lili4e и ние бевме нешто слични и искрено јас паузирав ден/два па продолжував. Не сакав да створи аверзија кон лажичето зошто мојов и плачеше. Еве на 7+ почна да отвора уста по пола мало тегле, некогаш и цело по оброк знае да изеде.
На 7 месеци и беше по неколку лажички, 50 грама беше најмногу. На 8 месеци почна да јаде по 120 грама, тогаш и воведов и втор оброк.
Омлет, американски палачинки, мафини... Ако даваш само кашички тогаш пасирана жолчка со авокадо, а белката ситно сецкана. Јогурт може да ставиш за поретко. И палента сум давала со пасирана жолчка, сецкана белка и зеленчуци.
2 каши во ден по 200 грама. Една овошна, една зеленчукова. Туку од кога 3та се воведува? Сега имаме 2, а 3 пати млеко, ако накачам на 3 млеко да смалам?
Па нели од еден до друг воведен оброк по некое правило 2 месеци требало да поминат? Значи вечера накај 8 и пол пред 9 месеци треба да и воведам, ама јас па со ручекот избрзав така да кога ќе видиш вечерата може таман да и дојде веќе. Ќе оставам млеко секако, дали да пробам од чашките со клунче, или со цевка да пие? Шишето ни е за чешање заби што уште ги немаме.
Mene pedijataroy mi rece kako sakaa koga smetas deka e spremno deteto. Jas si smisliv 1 mesec...ne mozam da cekam do 9 na rabota trgam
Мајки мојава повраќа од компир обичен и не и давам. Дехидтира некни и до инфузија дојдовме. Јас дента и ставив маслиново во компирот и морковчето и убедена бев дека е до маслото, дури и на форумов пишав. Е после тоа и паузирав кпмпир една недела и кога и дадов пак се исповрати. И повеќе не и давам компир. Сега сакам да воведам месо но преку кашичка си реков за прв пат. Па да ми предложете некоја но без компир а и да има мазна текстура да не биде густа како на пример таа од брокула на хип.
Здраво мајки Ние почнавме со вкусови од 4+ Скоро месец дена имаме еден оброк, го јаде околу 12ч Од кога треба да воведам втор оброк, со оглед на тоа дека од 6 месеци имаме за пробување нови работи и дали тоа да биде појадок или вечера ако овој оброк сега што го имаме е ручек?
Zdravo mamicki, po Kolku lazicki davate pri probuvanje vkusovi? I posle Kolku vreme pocnavte so cel obrok, Sho zamenuva obrok?
Можеш со батат, брокула на Холе имаш со ориз и е многу убава, не е како таа на Хип. Со карфиол има убава текстура кашичката, со тиква.
Здраво, ние сме 5+, за некоја недела планирам да почнеме со пробување вкусови. Со што е најдобро да се почне од зеленчуците? По колку дена воведувате една иста намирница?
Правилото е секоја нова намирница три дена воведување. Само првата храна ја даваш сама потоа си комбинираш нови со веќе воведени. Од зеленчуци подобро е нешто со понеутрален вкус да почнеш. Тиквица, батат, јаболко, палента, слива јас би терала ваков редослед. Погледни на инста има предобар профил баш за воведување немлечна исхрана, мала беба велики гурман, многу работи се убаво објаснети. Плус идеи за оброци спрема возраста. И исто важно, со воведување на немлечна исхрана се воведува и вода заради подобра дигестија.
Јас и давам ако е вечерата кај 6 а знам дека барем уште 2-3 часа нема да заспие. Тогаш обично жолчка со јогурт и давам или половина помало авокадо со жолчка.
Педијатарот ми рече од зеленчук страна прво да почнам со морков, тиквица, компир.. една намирница 3 дена. Ние утре 6м правиме, сега деновиве сме во фаза на пробување вкусови, ама моево некако незаинтересирано многу, 2-3 лажички и толку, после игра со лажичето