Да да исто. Баш и така правиме. Околу 7.30 цица и се разбудува, па околу 9 и давам кашичка, и после накај 9и30, 10 најкасно и се приспива и бара млекце и и давам да цица. Не гледам на саат да е до мин точно, ама скоро секој ден ист ни е ваков.
Вака јас правев! Сабајле се будеше и цицаше. Потоа ја заспивав и ќе спиеше од прилика сат и нешто. Кога стануваше после 10 до 15 мин и нудев да јаде кашичка колку што си сака. За почеток купував од малите хип, 3 до 4 кашички и тоа јаболко, морков, крушка а потоа и готвев. Неа доволно и беше во 5 месец скоро цела кашичка. Храната што ја варев и блендирав и ја собирав во ова тегленце и тоа ми беше мерка. Една кашичка тежи 125 геама а на почеток малата јадеше по 80 до 100 грама првите 2 недели, а понатака повеќе. Така цел петти месец и во 6 месец почнав да и давам плус некое лажиче. Онолку колку што самата сака. Додека не затвори устето цврсто. Потоа ја играв и пред да ја заспијам ќе и понудев цице. Така таа си цицаше додека и стане доволно. На почеток прв ден давав јаболко околу 3 големи рамни лажици на хип. Втор ден и ја давав кашичката до половина. Трет ден половината кашичка и нов вкус но неа од морков 3 лажици. 4 ден терав морков 5 ден останатиот морков и дополнував со крушка.....потоа пак и дадов јаболче и морков и потоа воведов бартат, тиква....
Води се според детето. Јас 2 недели пробував во различни термини да и давам "доручек ". Одма по будење, саат време по будење, одма после прва дремка, пола саат после прва дремка. И пробував саат по цицање, два, пола саат. Шетав вака дур не најдов кога и одговара највеќе. Сега цица накај 6ипол 7, се буди 8 и давам во 9. Ама не секогаш е исто заинтересирана за јадење
Сигурно има и на др фирма , баш ќе разгледам и јас деновиве , сакам да земам. Гледам и по хрватската група го користат овоа на Подравка. Кај нас пасата на Дивела знам ама составот незн каков и е. Во Дм сигурно имате убави. Јас во Тинекс ќе барам таму има и некои италијански добри сосови гледам.
Денес баш ги гледав во Тинекс, сите Италијански се со сол. Ако успееш да најдеш нешто пиши. Овој на Подравка без сол не сум го видела.
Zdravo Za nekoj den treba da pocneme so domashni sokcinja Sakav da prasham po kolku ml treba da davam kako za prv pat? Do sega e samo na doenje, nishto drugo nema probano
Pa pedijatarov vika demek od 5m so sok a od 6 so kashicki. Inaku i jas sakav so kashicki, moze i taka ke napravam Ako e kashicka po 2-3 lazicinja za pocetok?
И нас така ни рече педијатарот ама јас почнав со кашички овошни тоа од тебе зависи да така по неколку лажички секој ден,по два три дена исто овошје даваш за да видиш дали ќе има реакција и плус да се навикне на вкусот полека трпеливо
Здравје за месец и нешто треба да почнеме со немлечна и сакам за бебе нели да земам посебни тенџерче, тањирче, прибор и сл. тракатанци, па прашањето ми е што е неопходно, најпрактично? Колкаво тенџерче, чинии какви, силиконски лажички имам, имам нутри, дали да земам пасатор или ќе брка тој работа? Би ви била многу благодарна да ми дадете насока да не изнакупам све и свашта .
Мајки моето бебе никако не сака да јади пред 11-12часот. Воведив еден оброк ама никако да отвори уста порано за да сметам дека има појадок. Ова испаѓа ручек. Не давам да цица сабајле, ама исто е, не сака да јади. Во 11-12 часот јади, со чејф отвара уста. Што да правам? Да го оставам вака?
Tendzere ne kupiv, a ostali pribor ima bukvalno sekade zavisi kolku pari sakas da trosis. Inace tie jadat obrok do 200gr i toa posle nekolku meseci znaci malo ti treba. Nutrito mislam ke tj zavrsi rabota mada jas praktikuvam pasirano ne blendirano
Најдобронамерен совет…остави бебето да ти диктира и многу не се замарај со количини и време…ова важи за сите мамички со слични проблеми со јадење како нашите Ние тргнавме супер…после една недела место по 10 лажички тоа јадеше по 125 грама…пресреќна бев, мислев дека нема да имаме проблеми барем со јадење…во меѓувреме почнавме да даваме реакции на некоја храна и малку после тоа отидовме на одмор…од страв да не ми јави реакција во непозната држава ајде реков не давам 4 дена кашички ќе паузираме…и ни се изгуби редот…тоа ни се спои со примање вакцина и една недела неможевме да се смириме од вриштење, а јадење никако..,само готвев и фрлав…читав по темите како деца си јадат на 6,7 месеци по два оброци ние скоро 9 направивме се молевме за 5 лажици за доручек,10 за ручек…ниедна житарка не ми ја сакаше, само овошје знаеше да касни повеќе ама тоа не е оброк…само читав на форумов и им завидував на мајките кога пишуваа дека на 7 месеци имаат и доручек и ручек, се обвинував себеси зошто моето дете не јаде…наполна 8 месеци за брзо требаше да тргнам на работа тој јадеше со молење по 10 лажички…3 недели не спиев, буквално не спиев, најмногу два часа во текот на ноќта, имав срцелупања и слично од мислење што ќе биде кога ќе тргнам на работа…иако моите се нафатија за чување не можев да им наметнам обврска и да готват и да го молат насекое…дали детето осети или тогаш му се наместија коцките, тогаш му дојде време, на два дена пред да тргнам на работа изеде 180гр за доручек, 180 за ручек…јас во неверување…дали е тоа моето дете? Пу пу да не го заречам веќе 11 месеци ќе прави, дури сега почнуваме со воведување вечера, зошто на 9 буквално почнавме да јадиме, ама другите оброци си се наредија…самото си воведе ред…до 8 месеци стануваше во 11, нормално ќе доручува покасно, кога почна да станува рано, само си го помести доручекот па и ручекот и сега си прави и место за вечера…и многу ми е криво за сите секирации што сама си ги направив, ама кој знаел дека ќе си пројаде детето кога ќе сака Па така совет од мене, кога ќе сака само ќе бара, со секирации ништо не ќе добиете освен што ќе изгубите здравје