Може наизменично овошје и зеленчук, секако. Јас обично на пареа и ги готвам во тенџере со решетка и ако ми фали течност за блендирање додавам од водата. Ако ги обарам во вода поводести се и ретко има потреба да доставам од водата. Повкусни се и овошјето и зеленчукот на пареа.
@IRBBB Наместо класичен крем сир можеш маскарпоне. Го зедов денес за нас и баш забележав дека нема сол во состојките. Само пастеризирано кравјо млеко и citric acid. Од Стокомак е ова. Спојлер: Слика
Да вариш и додаваш од водичката, јас оставам малку водичка, друготода подиспари. Бледирај се да имаш количина ако даваш блендирано, другото вие ќе дојадете, после кога ќе почне убаво да јаде нема да има за вас . Цуцла со мрежичка имаш во ДМ, ама мене ми остана неискористена , не ја бендиса баш.
Баш ќе ја видам каква е. Уста ми затвара на лажичка. @LjLj а за почеток на врвчето од лажичка и давам во уста т.е од надвор на устето па што лижне лижне. Се надевам ќа се опраиме
Да ви споделам искуство за водата. Одредете си од што сакате да пие бебето вода (шише, отворена чаша, со клунче, со цевка сеедно) и нудете секој ден од истото. Им треба време да научат што треба да прават. И не им давајте повеќе од едно само ќе ги збуните. Јас нудам од отворена чашка за ракија. Првите неколку дена ја гризаше чашата и водата и течеше од страна, одвај 2-3 голтки ако голтнеше. Еве после скоро 2 недели нудење се научи и си пие. Кога ќе ја види чашата и се радува и си знае веќе и голта, скоро по цела чашка ја пие.
Фала ти мама. Уште не ми е отворено крем сирењето, немав идеја како да го искористам, а да не е намаз. Ќе земам и маскрапоне. Ако не, ќе импровизирам чизкејк.
Како знаете кога да се воведе втор оброк? Ние сеуште не сме пробале неколку намирници. Почнавме со вкусови пред околу 10 дена. Од вчера направи 6месеци и дадов тиква два пати во денот и ептен и беше тешко на мешето не можеше вечерта да спие воопшто.
Втор оброк се воведува на 7 месеци а трет на 8. Но јас не одев според тоа туку според млекото со кое ја дојсм. Осетив дека не се најадува доволно и градите ми се празни навечер. Цицаше на едната града и се мачеше да трга па ја редев на другата...втор оброк и дадов една недела пред да направи 7 месеци. За трет оброк исто осетив на градите и повторно воведов пред неколку дена а недела ќе прави 8 месеци.
Ако сабајле сварам јаболче за кашичка....морам одма данја потрошам или може во фрижидер да ми стои за тој ден подоцна да ја дадам? Кога ќе завршам со јаболка како вкус, следно можам со јаболката да измешам друго така? Како следен вкус... Со што да ја искомбинирам?
Јаболко ти е ко тегет чорапа буквално со се оди. Следно дај јаболко и круша. Па јаболко, круша и банана. После можеш и со зеленчук дури да ја комбинираш.
Јас ставам во фрижидер ако не го заврши цело и го давам другиот ден. Ако направам многу замрзнувам во калап коцки за мраз и после во зип кеси во замрзнувач
Jas gi cuvam vo tegle i sleden den davam. Isto i mesam gotova so toa sto imam svezo. Na primer denes ke jade krusa od tegle i kiva sveza. Pola tegle i pola.kiva na dorucek so zitarki posto kiselo i e nema da mi jade cela da i stavam. Drugata polovina kivi pasirana vo tegleto so krusata za utre
Фала мами @kostovaivana @Quincy и @Pacient srna ново ми е и да си прашам А каква реакција би имало бебе ако има алергија? Осип?
Од овес, палента, киноа и просо можеш да печеш по нешто. За доручек можеш парченца овошје и плус пасирано, ако прифаќа да и’ даваш да јаде зошто да не. Ем ќе си изеде повеќе ем ќе вежба парченца. Јас и ручекот така му го давам. Парчиња карфиол, брокула, некое печено полпетче, и плус пасирано. Кога ќе сум посигурна ќе му ги оставАм парченцата во манџичките. Кај нас е проблем што многу ретко сака да јаде од лажиче. Вчера ништо ништо не изеде цел ден, освен малку од карфиолот сам Ама ми дава надеж понекогаш
И правам така си јаде. Е сеа ако и изблендам овошјето со просо, кинос итн ќе го изеде цел тањир, а ако и давам парче овошје со кинос ќе ја плукне киноата само овошјето ќе си го изеде. Сега почнав така пола од овошјето како парченца пола блендирано.
Штом ќе изблендираш јаболчето стави си во тегличка за утре и во фрижидер да ти биде чисто дирекно од блендер. Јас на почеток и давав на малата да јаде во тегличе од хип од 125 грама и тоа ми беше како некоја мерка. Почнавме со 60 па 80 и накај крајот на 6 месеч си го јадеше цело тегличе.
јас пак ко полицаец, ама за секој случај да пишам... Блендирано не се препорачува да стои во фрижидер ни за возрасни. Губи нутриенти и брзо се расипува.