@Pacient srna сварив гриз (2 л во 200 мл вода) и од него пола зедов, измешав со пола мала пасирана банана, 3 црни сливи варени (ти можеш со урми да замениш, 2 доволни се), малку какао, малку цимет. Денес јас му направив гриз, урми, малку банана, јапонско јаболко и какао. Ама пошто не сум некој фан на урми, мене поубаво со сливите ми беше. @Doroti28 моментално имам земено свежи урми од бако.
Женски ако воведам кокосово масло имам воведено кокосови снегулки, брашно, млеко? И колку количински е доволно да се внеси за да е доволно алерген да се знае дали има реакција или не?
Ako alergenot e kokos, a veke si dala vo druga forma sto mu ja mislis za masloto tolku. Jas maltene sekoj den i stavam po malce vo dorucekot valjda e vovedeno ic ne sum razmlila za.kolicinata
Епа денес прв пат за доручек му ставив кокосово масло, затоа прашувам дали преку маслото би вовела кокос или морам на башка да воведувам други форми на кокос, оти реално масло се става ептен малку.
Не. Не сум некој обожавател на кокос и немам дома ништо, освен масло. И ај реков од него да пробам. Кикиритки, сусам и јатки како воведувате? Путер домашен или купечки? Таан каков земате?
Од јатките лешник му дадов. Три дена му давав по ептен малце. Првиот пат едно тровче во лажиче со јогурт, вториот и третиот пат прстофат. После веќе во мафини/палачинки. Печен и мелен. Не знам дали е правилно вака, ми изгледаше ок. Кикиритки планирам да измешам малку путер во кашичка или мафини, ама ќе почекам уште малку.
На 11м може ли со ужина да почнам? Има 3 цврсти оброци и пие млеко 2-3 пати зависно дали оди во градинка, по 100-120мл пред заспивање само.
Одговорот е кај детето, т.е зависи какво е јадач, не јадач. Се познава дете заинтересирано за храна. Јас на таа возраст давав, кај мене малата беше јадач а и педијатрите овде друго советуваат во однос на исхраната. Ако сакаш проби.
I jas od.start i stavam po pola ili tretina cesne zavisi kolkavo e...ne primetuvam deka neso ja uspiva
Како ги храните (храневте) бебињата кои сеуште не седат самостојно? Наидувам на спротивставени мислења. Според ортопедот треба да го ставам на 60 степени во хранилка, според водичи на нет никако во хранилка дур не седне стабилно и строго под 90 степени.
Мојава почна стабилно да седи на 7 и пол месеци. До тогаш ја ставав во хранилка под агол од 45-60 степени и и давав само блендирано. Ако планираш со парчиња да почнеш тогаш мора самостојно да седи.
Во скут. Според препораката на мојот педијатар, додека не седне само, никако во хранилка, а најмалку па под агол, бидејќи постои ризик од задавување така. Дури и препорачуваат, не кога ќе седне стабилно, него кога ќе седне сам. Моево дури кога си седна сам на газенцето, купив хранилка, односно столче што нема подесување на агли, туку седи под 90 степени
Да, ама ко што читам за било каква храна не само за парчиња . Ова е моментот, од безбедносни причини и да можеш брзо да реагираш. Ќе почека и синко за хранилка ко така .
И мојата не седи. Педијатарот ми рече во скут, во хранилка накосена, количка или транспортер. Јас во хранилка ја ставам под агол. Засега е ок. Во скут пробав ама нема шанси, не јаде така.