Долга историја имаме ние...Прв пат на авокадо, од тогаш немам пак дадено...следно беше на овес вероватно иако долго време мислев дека е на праска...а праската ја воведов беше во ред и следно ми изреагира на каша од овес, јаболко, слива и праска...матичната претпостави дека беше праска и ја паузирав...овес продолжив да давам и имав некои мали реакции, па заклучокот беше вероватно овесот беше проблемот...па следно на цвекло па на карфиол..и крајно на жолчка...па ја паузирав жолчката два месеци и после успеав да ја воведам баш минатата недела ама два дена после давањето пак му се појави малку осип на лице..ама тие денови го извадив неколку дена на ладно и можно е да е од тоа а не од жолчката...ќе продолжам да давам па ќе видиме
Оф душиче. Јас многу се надевам дека до годината ќе им се повлечат. Имате фамилијарна историја на алергии? Има атопичен дерматит? Стварно сакам да знам причина, сите рамена креваат.
Има атопичен за жал уште од 3 месеци некаде, еве утре правиме годинка, добри сме по телото, само на едно место на лактот има, и некогаш на лице ако му се појави по малку ама не е страшно..,на 3 месеци цело торзо му беше зафатено, грефче беше да го гледаш...и јас се надевав до годинка ќе се регулира ама еве годинка дојде уште има...па следно велат до 3 дека се средува..ќе чекаме Сакам да ти речам дека немаме фамилијарна историја ама не е така..испадна татко ми кога бил мал до кај 5 години имал многу проблеми со егземи а јас цел живот имав проблеми со крајници и на крај кога ги извадив како се што ми беше собрано во крајници да ми се претвори во алергија...секоја пролет и есен јас бев хаос со потекување, кавлање, алергиски ринитис и слично...ама со храна ни јас ни маж ни никој сме немале...ништо...се надевам ќе помине бар до 3 години
Ние сме 7+++. Денес бевме на контрола. На АД сме и од 4+имаме воведено каши. Јадеме се досега. Др. Ни кажа да воведеме и вечера. Досега бевме на доручек и вечера и планирам за 3 4 дена да воведам вечера. Јас не брзам со храната, гледам да се адаптира, јаде се, иако уште не се пробани сите вкусови. Фала богу ок сме. Пие 3 4 пати ад во текот на денот, некогаш 120,некогаш 150,некогаш 180,а навечер 210мл му правам и веќе речиси месец ја преспива цела ноќ. Ама заспива подоцна околу 24,23,22,21часот,зависи како спиел во текот на денот.Некогаш преспива по 2 до 3 часа во текот на денот, а некогаш помалку. Инаку, јас најчесто правам каши, ама некогаш и купени и никогаш не сум фрлила каша од купените, мешам ги со нешто. Пр имам зимано хип, бабулове фрутек, холе и лино, нешто имам комбинирано кога со овошје, кога со житарица, зошто да фрлам. Баш некоуќи се покисели и ги мешам со др овошје и сл.
Исто се случува и кај нас, 2 пати, за кратко се повлекува.Велам бело е, и може осетлива кожа. Викаш алергија е?
Ако е домашна каша 2 дена, 3 ден е скиснета. А за купечките што знам, не сум држела ниту една до 3 дена. Може не се расипуваат.
Уште се мали, не им е стабилизиран ни имунитет ни ништо. Се надевам ќе сменат, дај Боже да сменат. Праќам гушки за поддршка.
Јас денес отворам, утре се изеде, и за домашни и за купечки, не ризикувам, а може купачките траат повеќе.
Е можи и така да е, моментално имам само една со таа што почнав, пишува да баш и на другите ќе проверувам Фала ти
И мојата е многу бела, ама од сликите што виде педијатар ми рече алергија е. Правев пауза некој месец после немаше проблем. Сега се јаде 12++
4ипол месеци тераме веќе, термин ми беше 13ти октомври, но подрани малку куклата 5ти септември се роди, прематурче ми е
Оф душа голема мома е веќе и она. Тука негде сме биле. И ние почнавме со проба, кои ме караа дека е рано, кои ми рекоа дека каснам, ама гледам бебе си е спремно. Сам си седнува во скут, сам со зема лажичка, си става во уста, не плука, и на крај се лути кога го тргам од маса. Гурман уште од мали нози.