Даа ми порасна веќе, не е такво мало и згужвано Мене сите ми рекоја касниш, јас викам не таман си сме си слушам матична. И некни на контрола и на вакцина бевме ајдд викаат почнувајте, и така почекав некој ден од вакцините да се стабилизира ми креваше темп, па денес почнавме за прв пат. Се смееше мојава сакаше чепка и со рачињата по лажичето па можда и таа ќе биде гурманка како твоето маже мали а толку опасни
Да мајка за купечките прашуваше,и јас до сега од купечките не сум оставила за три дена оти веднаш ја јаде цела ама околу мене другарки споделуваа дека како што пишува на опаковката до три дена и дека немааат мака
Мислам дека е рано Ние скоро цел месец пробуваме вкусови. Ама до сега едвај пола тегличе има изедено. Ај нека кажат поискусните.
Кај секој е различно, колку сака толку ќе му дадеш, ако сака да јаде уште нормално мислам нема да му дадеш 5 лажици и да го прекинеш. Лично јас не одев по тоа еден вкус три дена, кај мене за брзо од почнувањето со дохрана почна мала тегла да јаде, сам си сакаше и си јадеше, а бевме на екс. доење, мислам дека беше после недела време ако се добро сеќавам. И мислам да не се замараш за грамажа, не може секогаш и од се исто да јаде исто како и кај нас возрасните.
Ние почнавме со вкусови и кога нешто повеќе и се допаѓа и давам колку сака толку да изеде. На пример круша многу сака, на прво пробување изеде пола мала кашичка а од други вкусови помалку јаде.
Ние веќе доста работи пробавме, на почетокит ептен по малце јадеше првите денови, колку за проба, сега си апнува ама не до толку. Една каша (само круша купечка каша пробавме), еве денеска ја јаде 3 ден и пак остана можда 1/3, тоа ја ќе го изедам. Затоа ми е подобро да му давам домашно (тиква, компир, банана, јаболко, морков), по малку му правам за да не останува многу. Можда за 2-3 недели од сега ќе почне да ги јаде цели, ама не верувам. А и зависи од тоа колку му се допаѓа. Пример јаболко и тиква моето може да јаде до утре сабајле, а еве со крушата само се шљака. Може дека е купечка, па не ја сака, не знам.
За сега морков и тиква си ги сака. 3 дена морков си јадеше по пола голем морков. Тиква сега исто си јаде пола тркалце. После планрам јаболка да и дадам. Видов ми пишал педијатарот еден оброк 80-100 гр па си викам да не мисли одма да и бутам по толку ама очигледно не мислел
Мамички едно прашање. Купив снегулки од просо,како се приготвуваат? Просо сум давала на претходното дете обично го киснев па го варев.Овие пробав за мене само покиснати ама некако тврди се
Јас да се вмешам малку овесните претходно ги оставате во врела вода да омекнат или така ги мешаш со овошјето и печеш? Д ги пробаме и ние па да знам како да ги спремам