Кога почнувавте со воведување на вкусови, едно по едно дававте или ги мешавте? Или да пробам прво чисто, па ако не јаде да маскирам ?
Тие ги зимав за вкусови и ако приметиш повеќето се по еден вкус малите. Мојот почна многу млеко да бара се гледа дека е гладен. По 250 мл млеко знае да испие. Сега едно млеко му тргнав со замена за еден оброк и го држи сит.
Колку г треба да јаде за да замени оброк од 150 / 180 мл АД ? 6м сме Јаде 125 г од малите теглина на хипп па по сат и пол пие 150 ? Кога се заменува едно шише за оброк ? И колку мл ад вкупно во 24ч пијат на 6месеци доколу имате оброк
Јас и малата тегла од 125гр ја рачунав за оброк.Не е малце.Некои бебиња се полакоми некои помалце ама 125 гр за почеток е солидно ако изеде наеднаш.
Кај мене ќеркичката јаде 125гр на оброк. Имаме воведено два оброка до сега и сме 7++. Точно е дека нема правило при хранење, некогаш е погладна, некогаш не. Во последно време престанав да мерам за секој оброк со мала тегличка, ама отприлика веќе знам количински колку треба да спремам, максимум нешто ако се фати до 150гр. Ограничувањето не и го наметнувам јас, едноставно самата има интерес толку да јаде. Секогаш нудам повеќе, ама не е прифатено. Задоволна сум и толку што јаде.
Машала бебе јадач. Ќерка ми почна со вкусови, со лажење едвај јаде по четвртина јаболко. До 190гр може ќе стигнеме кога ќе направи 1 година .До душа и јас цел живот јадам колку да преживеам, па не и се потресувам многу.
Има некоја купечка кашичка убава од круша? Купечки круши нема асални, а треба да пробува круша. Јас не знам како ги јадат бебињава купечкиве каши, имав една од јаболко и бисквит на Хип дома, ја отворивме да ја пробаме, катастрофа жива.
Ние на Хип ја пробавме, он ја јаде ама мене не ми се бендисува. А свежа круша немаше од кај да му најдам сред зима.
Од хип има чиста круша, убава беше. Иначе убава кашичка со бисквит на нутрино оваа, јас ќе му ја изедев за малку
Јас му дадов на био од Дм готова од крушка и ја бендиса. Сега баш му варам свежа па ќе видиме како ќе биде. Јас ги зимам на био и baby love кашичките убави се има убави вкусови а и цената им е одлична 59 ден.
Од холе јас дадов и се допадна многу на прво пробување изеде пола мала кашичка наредниот ден си ја дојаде. Вкусна е и со убава текстура.
Дома кога правите кашички им додавате ли водичка? Јас бааѓи додавам за да биде потечна. Инаку ако не е течна ми се задавува.
Здраво мајки, нова сум на форумот. Сакам да ве прашам кога го воведовте кокосовото масло во исхраната?