Да додавам од водичката во која се варел зеленчукот или овошјето за да биде потечна кашичката, ако има потреба.
Немам дома за да видам, иначе да, пченица беше составот, 6+ е кашичката ако ги имате сите состојки воведено секако.
Здраво мамички, од кога воведовте втор оброк кај вашите бебиња? Ние сме 7 +, со вкусови почнавме на 5 +.
Треба да има растојание од месец-месеципол од воведување на еден оброк до друг. За тие што имате воведено барем 2 оброка може да ми пишете како ви е распоредот за јадење(храна и млеко)? Според килажа треба да пие 1 литро млеко а она не пие толку па ме интересира да не правам негде грешка.
Моето не пие кило млеко, на АД сме, па јаде 2 оброка, а од денес и вечера планирам да воведам. Пие млеко, па каша, па млеко, се така правам. Е ако преспие повеќе а 8мам направено каша му ја давам, а ако не, само млеко. 120/150/210 отприлика по толку пие, зависи колку има јадено и какви се кашите. 4 пати пие млеко. Вечерта пие 210мл и спие цела вечер, ама доцна легнува. Веќе 1 месец сме така.
Колку грама по оброк ви јадат малите на околу 9 месеци? Од првичните проблем кога уста не отвораше, сега си јаде прилично машала. Давам колку сака ама некогаш знае да поврати, па почнав да ограничувам. Околу 200 гр јаде на оброк, повеќе ми е страв да давам. Исто така сакам да ве прашам што давате за вечера? Од пред некој ден воведов, ама немам многу идеи што да давам...
Еве отприлика: Пие 8/8:30 млеко 180мл/210 Јаде каша околу 10 до 12 најдоцна, зависи кога ќе заспие Пие млеко околу 13 до 15часот 150/180мл Јаде каша околу 16 до 18 часот( се зависи како преспива преку ден) Пие млеко 150/ 180мл Е сега ако воведам вечера, планирам околу 20 часот најдоцна, ама се зависи од неговите дремки Пред спиење обавезно 210мл Отприлика така, ама велам се зависи од неговото спиење и јадењето се поместува. Инаку за доручек секогаш јаде 190гр каша, а за ручек 125гр,некогаш и повеќе ама не сакам да го форсирам за ручек. Колку му се јаде толку. Иако ќе нагласам досега се јаде, фала богу јадач е. Сега за вечера ќе му давам помалку, за да се навикнува.
Фала ти од прилика да си направам план најмногу за млекото. Вториот оброк тие касно помести го во 2 ручекот а вечерата во 7. Касно е во 8 нема да спие убаво.
Здраво и од мене до сите! Се навратив страници назадда читам се околу вовед храна,па сублимација на план за вовед ми е ова...и доколку некоја би ми дала совет/критика...? 5++ сме планирам да започнам со вкусови: Прва недела со зеленчук (компир,морков,тиквичка,брокула,тиква,бараат), добро сварени и пласирани,време околу ручек... Втора недела со овошје ( јаболко, круша,банана,слива) ...дилемата ми е свежи? Печени? Обарени? ,Време околу доручек.... Бананата секако свежа,но дали и останатото свежо да го дадам? Ручекот зеленчук количина што би ја сакал да остане и втората недела,а овошјето да го додадам како утрински вкус... Ве молам за совети?
6++ е, килажата поделено со 0.7 помножено со 100. Пие Холе кравјо. Нејзината матична така пресметува и така кажува. А во 24 часа не знам како да и наместам толку млеко. Насабајле кога ќе стане не и давам млеко и давам каша, па ќе преспие па и дадам нов вкус, па пак спие па после млеко(околу 14-15часот го пие првото) и после пие пред спиење и ноќеска станува 2-3 пати за млеко. И преку ден од едното млеко до другото ако плаче и давам 90мл.
Не мора да значи, кај нас се случило вечерата да е во 8 па додека се најаде мине време и до сега не сум имала проблем со спиење, а секоја вечер во 22:00 e веќе заспан, така да пак ќе кажам не мора да значи ако касно вечера дека нема да спие. И не е кај секое дете исто нели, ние веќе 4 месеци ручаме во 4 часот и распоредот му е супер немаме проблем значи вечерата ни е од 7-8 зависи од дремката