6 на први ќе прави. Јас го прилагодувам дека ќе оди во јасли затоа да има од старт колку толку некој ред.
ОК, ќе се прилагоди секако. Постепено ќе го навикнеш. Само треба да видеш и да прашаш во јаслите како е, да се адаптира по тој ред. Јас така мислам. Само сугерирам. Да биде приближно редот како таму, ако веќе планираш да го пуштиш. Полесно ќе се навикне.
Ние сме 5+++, утре сме на вакцина па за недела дена во план за воведување на немлечно. Секоја намирница од овошје и зеленчук треба да е термички обработено (варени или обарени) освен бананата. Најдобро време за давање намирници нови е сабајле (во случај да не има некаква реакција да има простор да се реагира). Совет плус од педијатар денес добив прв ден само малку од водичката каде се варело овошјето /зеленчукот. Втор ден од водичката и малку од овошјето /зеленчукот (да биде поретко). И трет ден пасирано како каша од истото. Даваш колку сака да изеде, не форсираш.
А по колку може ? 1-2? Јас на баланс го давам пошто тоа го јаде и големиот и не е премногу кисело на вкус, малово го обожава, а павлака битолска црвената планирам да дадам понатака
Дали за зеленчуковите вкусови може да се приготват во air fryer -и тоа е термичка обработка нели? И после кој период овошните вкусови се даваат како свежи (необарени)?
Од тоа што сум читала кај бебињата од 6-9 месец целосно се развива дигестивниот систем заедно со ензимите Јас дадов на 8 зошто немаше некоја мака со мешето
Секогаш кога воведуваш нов вкус, не треба да се меша. Пр. ако воведуваш јаболка, дај само пасирана јаболка. Откако ти е воведен вкусот, можеш да мешаш со нешто што ти е веќе воведено.
Јас не и мешав до денес ама денес и смешав. 2 дена јаболко едвај ми го јадеше, денес 3ти ден го смешав со тиква, го излапа
Педијатаров ми вика вкусови три дена чисти ќе воведуваш, а ќе ги мешаш во оброк веќе воведени. Океј за првите, јаболко, банана, морков .. ама после стигам до кромид, праз и пиперка, ваљда нема три дена чист праз детево да јаде?