И мене ми рече исто. Ама он да дојде да ја убеди дека не треба да прави ко да и се повраќа од чиста јаболка . И уште од сега сум сигурна дека тиквичка, блитва ќе плука. Ја би 2 дена чисто да давам, па третиот да мешам ако ептен го нејќе. До сега чисти и давав, максимум по 5 6 лажички јадеше. Денес изеде сигурно 80гр каша, да не ја ппдречам ама искрено не ми се веруваше
Банана како давате за прв пат? Ми пишал педијатаров се да биде лупено, варено, пасирано. Банана варена?
И јас кога читав на почетокот па тоа вака треба, па толку лажички па не знам што се ми се измеша. И на крај земав си напишав на лист што смее да јаде на колкава возраст и се држам до правилото 3 дена исто да му давам ама не мерам по колку лажички, знам и да му измешам уште на втор ден со нешто друго и мирна ми е главата. Вака ако читаш цело време сите различно кажуваат.
Зеленчукот се дава свеж после година. Овошје може свежо од почеток на дохрана. Е сеа се приготвува нормално тоа што не може свежо да го јаде пример јаболко затоа што е тврдо. Круша ако најдеш некоја мека нема потреба од варење/печење. Банана, кајсија, праска нема потреба да се варат.
А зошто да неможе да се меша? Јас и мешам пр, воведени со нов вкус. Нели е тоа за ако ома алергиска реакција така. Ако недај Боже има ќе знаеш од новиот вкус е, зошто само тој да се дава Истото и јас го велам. Кромид, лук сигурна нема да го јаде 3 дена само него
Мајки сакам да воведам црвена леќа. Кажете со што да ја комбинирам како манџичка, со кое месо оди и без месо. И палачинки дали е добро да се направат. Читав рецепт. Се кисни 2 часа леќата да омекне и потоа се блендира со кромид, лук, јајце и јогурт или вода и се прават на тој начин палачинки. Има некој правено вака слично? Исто и за плескавичиња кажете како треба.
Од денес почнавме со вкусови и сме 4+++ вода по колку и давате после тоа. Мојата испи 20мл и сакаше уште. Дали има правило колку вода, оти потоа па се плашам млекото да не го сака
Mojata tek vo 7 pocna voda, nikako ne sakase. Nit sise fajcase nit so lazicka. Davaj i slobodno ako si saka.
60 мл на 6 месеци и зголемуваш по 10 мл секој нареден месец. Ова го прочитав во групата за домашни кашички на фб. Инаку мене ме интересира од кое просо купувате за бебе и како го приготвувате?
Обично просо земав јас од кам. Некогаш го киснам од вечер и го варам сабајле. А некогаш и директ го варам. Брзо се вари зрното пука кога е сварено.
Еве без месо Леќа, спанаќ, пиперка, лук, целер Леќа, кромид, лук, маслиново, пашканат, целер, босилек Топчиња од ц.леќа 50гр.леќа, 1/2 главица кромид, 1 1/2 парче леб по избор, 1 жолчка, 1 чешне лук, 2 лажици лебни трошки, маслиново ( леќата се вари со лукот, лебот се потопува во вода за да омекне, кога ќе се олади леќата се се соединува и се прават топчиња. Се пече на 180 околу 15мин.
Јас на почеток користев само просо од ДМ поради тоа што е органско. Подоцна почнав да купувам било кое друго просо. Се кисне од вечер (8ч) во вода и другиот ден се мие па се вари. Пожелно е да се кисне за да се намали фитинската киселина која ја содржи.
По 8м поради нитратите и оксалната киселина. Прво да изврие 2-3 минути сам, па да се измие и потоа се додава во останатиот оброк. Го комбинирав со: палента, компир, ориз..
Тие јас ги мешав затоа што ми немаше смисла да и ги давам по 3 дена Исто се сеќавам и за житарки кога воведував, не и давам 3 дена само ориз, или само киноа. И ги мешав со нешто веќе воведено. Понатаму и спанаќ, блитва кога ќе дојдат, па нив мораш да ги мешаш до нешто, сигурно нема посебно да ги даваш.