По колку авокадо им давате? Секој ден да и давам ќе го јаде Мојата многу го сака со банана. Тѕку вие шо имате земено решетка за готвење од moss задоволни сте? Јас земав ама уште не сум ја користела, некако материјалот ми е како обично лимче, некако не знам дали е безбеден,....битно ја земав
Авокадо максимум 2-3 пати неделно по 1/4 давам бидејќи е масно. Од мосс имав решетка и многу добро ме служеше бидејќи после употреба ја миев и сушев веднаш, се додека не ја заборавив во вода неколку саати и потемни цела. Си купив од Технополис мнооогу поубава и поквалитетна е
Палента и така се вари за 2 минути, не гледам потреба за инстант, ем се поскапи инстантот ем брзо треба да се фрлат. Ја има во секој маркет, зелено пакување со детенце, еве ја.
Jas sega ovaa ja davam. Inaku 100% korn za pocetok ti preporacuvam na hipp. Pa sekoj den za dorucek skoro i davav. Eto na 2 dena.
Јас давам 1 до 2 пати неделно по пола за еден оброк, најчесто за доручек, ама кај мене бебе не го обожава баш
Јас со банана го воведов 3 дена по ред и супер си јадеше како вкус. И си викам ај денес како оброк ама изгледа се засити бебе па не ми го сакаше.
Ај некој нека ми разјасни, зашто нова сум во воведувањево. Почнавме со вкусови пред 2 недели, и сега ме интересира што се рачуна за воведен оброк доручек. И давам секој ден после првата дремка домашна кашичка, и си јаде по 80 до 100гр. Некогаш само новата намирница, некогаш и мешам со претходно воведена. Дали ова значи дека ми е воведен оброк? Според мене да.
Шо сѐ давате за почеток со воведувањето храна? Матичниот ми рече до 6 мес само јаболко, банана, круша, морков и компир.
Се ова има до сега пробано плус тиква. Во следните 2 недели, дур да наполни 6 мес, планирам да воведам и тиквица, кајсија, праска и слива. Па ќе си продолжам со ориз, компир и палента.
И ние сме на почеток ама според мене за оброк би се рачунало замена за еден подој или ад млеко. Ова ‘грами’ многу не ми значи пошо не сите јадеме исто количински. Мене педијатаров ми рече до 10 лажички. Ќе се мрднам од памет со ова, требаше блв да тераме .
Па педијатарот ми кажа 100гр кашичка оброк, затоа. Плус подојот што и беше после прва дремка го нема веќе, 2 саати покасно и се помести. Јас би и дала уште повеќе да јаде ама страв ми е да не и го оптеретам желудникот со повеќе, мала ми е уште некако 5 ипол месеци. Јас планирам блв понатака, зашто уште од сеа ми се тегне по лажичката и си ја бута во уста сама
За почеток доволно е и една лажица, коку да се запознае со цврстата храна. Не мора да се форсира. Секој ден таа количина ќе се зголемува.