Почнавме со вкусов, купив на хип каша-брокула. Но сега гледам пишува дека има пченично брашно и скроб од ориз. Дали таква сте давале и вие, како за прва брокула?
Од кај ја зема? Во Зегин не видов брокула. За мајките што веќе дале брокула, варена, па испасирана ја давате или? И бататот исто варен?
Каде во Скопје можам да најдам свежи кајсија и праска во февруари??? Треба да пробуваме, а нигде не можам да најдам
Кајсија може и сува да е во топла вода откисната. За праски не знам каде би нашла ова време освен некоја готова кашичка со праска
Ја би зела готови кашички за кајсија и праска. Сувите кајсии не се баш убави. Јас сува давам само слива и урма. Или чекај лето да донесат свежи, не мора па се да се даде по табела, зима е нема многу свежо избор.
Ја фатив готовата на Хип од кајсија, 31% кајсија и уште 10 други работи и ја вратив назад. Ќе си почекаме до лето изгледа
На готовите кашички од холе пишува да се изеде за 2 дена. Тоа е денес и утре или 48 часа. Како ги давате вие бидејки имам големи кашички и не ги јаде на 2 пати.
Вадам со чиста лажица во неговото чинивче (не да јаде директно од тегличката). Убаво затворам, па во фрижидер. Утредента ја нудам пак, плус со нешто варено брокулче, карфиол, или нешто друго колку да не му е ист оброкот. Некогаш му ја нудам и вечерта така, со нешто плус. И на крај дојадува кучето. Со една тегличка се тегнеме, не ми се верува. Со шмукалчињата исто. Два дена едно не може да дојаде. Домашните не ги ни ставам во фрижидер, одма јадам или јас или кучето. Се гледа дека имавме очаен ден денес, постов ми вришти од разочарување. Ќе пројаде ли детево?
Ке се разјаде без грижа,секое дете си е приказна за себе. Имам и две поголеми деца кога ке се сетам што се не правев за да јадат буквално клован изигравав,а сега кога пораснаа има бранам. Но се во свое време.
Можеби не. Моево е 2,5 години и иште чекам да се разјаде. Значи никогаш нема да биде јадач, ни количински а ни да јаде се. Не се разочарувај може ке пројаде ама биди спремна на се.
Treba da pocneme so meso za 10 dena. Kade mozam da najdam domashna kokoshka i sto se dava na bebe: kopan ili belo meso blagodaram