Некој вика се воведува, некој вика не се воведува маслиново. Јас ќе го воведувам три дена без нови намирници.
Пробај да ставеш во кашичката што веке ја имаш дадено чисто да видеш дали ке има разлика со маслиново дали повеке ке ја сака.
Јас кога си правам брокула, морков, јаболко, круша, си правам во микро. Сецкам и ставам во сад, а до садот чаша вода. На некој начин, зеленчукот/овошјето се прави на пареа. Дали може така за бебе? Мојава микро има и опции такви: Треба да почнам со вкусови, па се мислам вака да правам. После да изгмечам со вилушка најситно што можам, на блендерот острицата не ми фаќа мали количини, мора течност за да избленда.
Јас 3 дена само додавав во кашичките, без друга намирница. Тешко дека би имало реакција на маслиново ама ајде да се пројде редот.
Сум читала дека микрото не е здрава опција ни за затоплување на храна за бебе а камоли за подготовка,види баш распрашај се за сигурно подобро на обична решетка во тенџерче на пареа готви си
Стварно? Што ставиле на микрово тогаш вакви опции, само да збунат. Ќе се исконсултирам, заборавив вчера да го прашам педијатарот дали може во микро. Ќе си купам решетче тогаш. Ставаш вода во тенџерето, а зеленчукот/овошјето на решетката, така?
Да па зрачењето од микрото не било здраво ,баш електричар имаме во фамилија истото ми го има кажано да така на решетката овошјето и одозгора со капакот од тенџерчето покриј си и тоа е тоа
https://www.health.harvard.edu/staying-healthy/microwave-cooking-and-nutrition Женски повелете стручно објаснување за микрото и зрачењето од микрото, како и за зачувувањето на хранливите состојки при готвење.
Мајки кое маслиново масло го користите? Мандарина,портокал,кива,лимон од кој месец се дава? На апликацијата на solid starts пишува многу рано дека може да се дадат лимон и портокал од 6+ а мандарина од 9+ Во табелата за исхрана пишува од 10-12 може да се дават.
Готви си во микрото штом имаш таква опција и не му ја мисли многу па скоро на секоја каша позади пишува да се загрее во микро, нели Мене многу работа ми врши и за нас и за бебе
Пробај, и мешај со зеленчук и малку водичка ставај од вареното и маслинов зејтин. А не јаде никаква кашичка? Мислам ниту овошни ниту зеленчукови.. Прави и со житарици.. Просо,, пченица, палента, гриз, со овошје,. Ќе почне да јаде не се грижи. А жолчка.. Ако има 7м може, прво 1/8па четвртина, па половина, и на крај цела ќе и давеш, постепено ако не излезе некоја алергија. А на какво млеко ад или мајчино? Моево фала на богу се јаде досега. Колку месеци е и од кога почнавте со кашите?
Неполни 7 (корегирани 5 ипол, порано е родена. Јаде кашибама помалку. Максимум по пола тегличка. На аптамил сме и помалку цица за заспивање. Ама веќе 2 месеци имаме проблем. Многу малку пие. Педијатарот вика такво си е детето. Не сака млеко
Ќе се навикне, ти почесто и нуди и помалку и ќе се смени. Не се грижи, ќе прејаде. Даваш ли пробиотик и капки за коски, за грчеви? Јас давам инфокол за грчеви од Бг се, биогаја пробиотик и бабутолл за коските капсулите И веќе плус пливит д3.А како е килажа и крвна слика? Ако се добри нема место за паника.А да сменеш млеко, хипп на пример?