1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Воведување на цврста храна кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.728
    Допаѓања:
    26.535
    Дали кога се пробуваат вкусови мора да е исклучиво само еден вкус? Сакам праска да и' дадам, имам купечка каша праска со јаболко, јаболко веќе проба.

    И уште нешто, во Дм на нивниот бренд има каши за 4+ со боровница, со јагода, со киви, со пилешко. Зарем во Германија толку рано ги воведуваат овие вкусови, а кај нас јагода препорачуваат после 12+?

    И уште нешто, гледам на 5 месеци може ориз, палента и просо; може да се меша или за пробување вкус мора да е чисто посебно? Палента и просо поготово ич не се убави само така без ништо.
     
  2. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.232
    Допаѓања:
    13.249
    Пол:
    Женски
    Може да се мешаат со веќе воведени.
    И јас за палентата се мислам со што да ја искомбинирам, мене ми е одвратна на вкус...

    За другото прашање не знам, гледав и јас кашички за 4 мес со месо, ама не би дала толку рано.
     
    На Prolett и MissChievous им се допаѓа ова.
  3. tincemajmunce

    tincemajmunce Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 февруари 2014
    Пораки:
    2.356
    Допаѓања:
    28.443
    Пол:
    Женски
    @marta993 на ло бело имаш вакви бисквити.Мене поклон ми ги донесоа со слива се на кутијата и како мини плазми внатре.Ама не ни се пробани уште.
     
    На marta993 и Prolett им се допаѓа ова.
  4. brm_brm

    brm_brm Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 декември 2016
    Пораки:
    5.410
    Допаѓања:
    5.251
    Пол:
    Женски
    Прашањево ми беше дали пример од утре 3 дена да давам јогурт, па наредните три павлака т.е. сите млечни што се 6+ да ги поминам како вкусови последователно?
     
    На Prolett му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Prolett

    Prolett Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2019
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    2.581
    Пол:
    Женски
    Јас не давам 3 дена. Пример дадов цвекло пред 4 дена првпат, по 2 дена пак, со др зеленчук/ намирници. Може да се случи 2 дена по ред да дадам, ама по мала количина. Од млечните кисело млеко, моцарела и јогурт баланс имам дадено ама последователно преку неколку дена.пр денес и утре к млеко. По 3 4 дена моцарела, и се така за да се навикнува и секако со др намирници. Давај во мали количини за почеток. Да почне да јаде.
     
    На brm_brm и nevermet18 им се допаѓа ова.
  6. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.342
    Допаѓања:
    11.015
    Пол:
    Женски
    Јас мешам со веќе воведен вкус. На почеток давава само од новиот ама кај тиквица заглавив, нејќеше и мешам од тогаш се.
    За другово не знам, не давам купечки каши.
     
    На MissChievous му/ѝ се допаѓа ова.
  7. tincemajmunce

    tincemajmunce Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 февруари 2014
    Пораки:
    2.356
    Допаѓања:
    28.443
    Пол:
    Женски
    @MissChievous тоа со кашите е всушност структурата на кашичката.4+ тие мазна блендирана,и како оди нагоре има со парчиња внатре.Нема врска ако пишува на неа 4+ дека можеш да ја дадеш на бебе што тогаш почнува со дохрана.
     
    На nevermet18 и MissChievous им се допаѓа ова.
  8. Tiny Love

    Tiny Love Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2021
    Пораки:
    4.241
    Допаѓања:
    5.795
    Пол:
    Женски
    Јас не воведував посебно јогурт 3 дена, па павлака 3 дена, па кисело млеко 3 дена, туку со едно од нив сметав дека ми се воведени млечните производи. Но ако сакаш секое посебно тогаш можеш да правиш пауза измеѓу со друг вкус
     
    На brm_brm му/ѝ се допаѓа ова.
  9. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    2.494
    Допаѓања:
    5.250
    Пол:
    Женски
    Работата со давање намирници 3 дена не е ништо друго туку да се види дали детето ќе пројави алергиска реакција на некоја намирница...да знаеш од што е...мене пример од цвекло ми пројави и тоа на 3 ден...иначе ако немате некоја историја на алергии кај детето и/или во фамилија можеш да тераш како сакаш
     
    На MissChievous, Prolett и Tiny Love им се допаѓа ова.
  10. brm_brm

    brm_brm Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 декември 2016
    Пораки:
    5.410
    Допаѓања:
    5.251
    Пол:
    Женски
    На Prolett и Tiny Love им се допаѓа ова.
  11. brm_brm

    brm_brm Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 декември 2016
    Пораки:
    5.410
    Допаѓања:
    5.251
    Пол:
    Женски
    Во која форма е алергиската реакција? Се заборавам да го прашам педијатарот.
     
    На Prolett му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Nancy27*

    Nancy27* Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2020
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    129
    Пол:
    Женски
    А со што ја комбинирате палентата?
     
    На Prolett му/ѝ се допаѓа ова.
  13. brm_brm

    brm_brm Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 декември 2016
    Пораки:
    5.410
    Допаѓања:
    5.251
    Пол:
    Женски
    Со се'.
    Овошје,...круша, јаболка, слива, банана
    Кисело млеко.
    Зеленчук....спанаќ, морков....

    Јас користам инстант пченка на хипп што не се вари.
     
    На nevermet18, Nancy27* и Prolett им се допаѓа ова.
  14. Nancy27*

    Nancy27* Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2020
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    129
    Пол:
    Женски
    Фа
    Фала за одговорот, вчера земав и јас инстант пченка од Хип, денес прв пат ќе му дадам.
     
  15. brm_brm

    brm_brm Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 декември 2016
    Пораки:
    5.410
    Допаѓања:
    5.251
    Пол:
    Женски
    И ориз таков давам и супер ми е.
     
  16. Prolett

    Prolett Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2019
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    2.581
    Пол:
    Женски
    Да мила фала богу нема проблем барем засега. Јас на мои 13 год добив алергија на белка од јајца, прашина и полен. Белката ја јадев многу малку. Фала на богу сега на прашина и полен сум. А пред 3 год излезе дека сум алергична на домат, портокал компир и бел леб и лешници. Правев диета еден период. Сега јадам се пак. И од сите намирници само лешниците ги јадам печени, ама и ги избегавам бидејќи на нив веднаш се закашкувам ме гребе грло.
    Бебе засега нема проблем. Фала богу нема никаква алергиска реакција. Му давам од некои намирници по 2 дена. И новите ги мешам со веќе воведени.
    Дај боже да нема никакви алергии од храна. Од полен и прашина нема спас. Пијам за алергија таблети. За време на бременоста се прскав си синомарин спреј.
    Да сме здрави и живи. Таа е.
     
  17. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.728
    Допаѓања:
    26.535
    Гледав видеа кај што велат дека подобро е кикирики (мислам беше и за јаткасти) да се воведат порано за да се намали ризикот од алергија на истите. Па ме интересира кога сте вовеле вие? Дури и на Solid Foods пишува дека треба од 4+, секако разводнето со вода.

    Screenshot_20220217-103945_Solid Starts.jpg
     
  18. sani99

    sani99 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2012
    Пораки:
    2.794
    Допаѓања:
    1.541
    Со што е повкусно?
     
  19. sani99

    sani99 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2012
    Пораки:
    2.794
    Допаѓања:
    1.541
    Ние на 2 дена
     
    На Dancewere му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Tiny Love

    Tiny Love Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2021
    Пораки:
    4.241
    Допаѓања:
    5.795
    Пол:
    Женски
    Јас воведов на 7-8 месеци. Дадов мелени кикиритки во каша. Сите алергени ги воведов порано од периодот назначен во табелите: јагоди, јаткасти, јајце. Во фамилија немаме историја на алергија на храна и затоа така се осмелив, а и новите препораки се да не се чека со нив. За секој случај при рака ми беше и сирупот против алергија.
     
    На MissChievous и IRBBB им се допаѓа ова.