Форумџика на годината

Воведување на цврста храна кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    2.490
    Допаѓања:
    5.247
    Пол:
    Женски
    Дај боже да нема никаква реакција и се да си јаде..јас сум со непотврдени алергии само на полен и прашина, маж со никакви алергии а бебчево испадна со еден куп реакции...сеуште не знаеме дали се само реакции или алергии зошто чекаме бар до година и пол па да направиме тест, можеби организмот ќе смени нешто до тогаш...пример на авокадо имавме реакција на ден 1, почекав 6 месеци пак дадов пак одма реакција...на карфиол исто имаше реакција ама мала реакција беше, давав 3 дена си продолжи реакцијата и повеќе немам дадено...на жолчка имаше голема реакција на ден 1, многу црвенило околу уста и баталив, чекав два месеци дадов пак, сега без проблем јадиме...на цвекло исто реагираше, немам пак дадено..и последно реагираше на какао, ама давав три дена реков да видам дали ќе продолжи и продолжи па засега паузираме и со него

    Кај нас се појавува само како реакција црвенило и рапава кожа околу уста, образи и брада...имаше @IRBBB постирано слика поназад во темава од синчето нејзино, исто така е и кај нас
     
    На Prolett и IRBBB им се допаѓа ова.
  2. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.600
    Допаѓања:
    25.875
    Каков е тој сируп?
     
  3. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.356
    Допаѓања:
    33.729
    Пол:
    Женски
    @doubleinfinity после колку време после реакција даваш пак од истиот алерген?
    Кај нас помина 1 месец од последна реакција во столицата од млечни и матичната ми рече со козји продукти да пробам. Ама премалку јади за доручек, не можам да му дадам да внеси доволно алерген за да знам дали има реакција, а навечер ми е страв да давам.

    Нас матичната ни препиша Алвотадин, консултирај се матичниот педијатар.
     
    На MissChievous и Tiny Love им се допаѓа ова.
  4. Tiny Love

    Tiny Love Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2021
    Пораки:
    4.241
    Допаѓања:
    5.794
    Пол:
    Женски
    Aerius, но сепак консултирај се со педијатар што да користите. Се дозира по килажа. За среќа сеуште стои неотворен.
     
    На Pacient srna и MissChievous им се допаѓа ова.
  5. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    2.490
    Допаѓања:
    5.247
    Пол:
    Женски
    тој што ќе ви препише педијатар...ние имаме Летизен ама негде прочитав Летизен се давал над две години ...ама педијатар ми го даде па си го имам дома за секој случај, зошто алергиите не се зафрканција

    Жолчката почнав прв пат да ја воведувам на 9 месеци по препорака на педијатар по шема...одма имавме реакција првиот ден на 1/8...почекав два месеци и пак воведував по шема 1 месец и успешно ја воведовме, сега јадеме по цела веќе

    А за авокадото пробав после 6 месеци и пак реакција одма на прво давање, исто како првиот пат...

    Матичната ми рече после некое време, никогаш не ми текнало да прашам колку е тоа некое време :?: а на Детска клиника пред една недела исто правев со докторката што не води таму муабет, таа ми рече исто..пробувај после некој месец пак..е колку е тоа некој месец пак не прашав :tmi: #mombrain одам со листа на прашања и само заборавам на прашам...ама мислам бар месец да помине
     
    На MissChievous, IRBBB и Tiny Love им се допаѓа ова.
  6. Tiny Love

    Tiny Love Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2021
    Пораки:
    4.241
    Допаѓања:
    5.794
    Пол:
    Женски
    И Aerius мислам дека е над 2 години, но ни го препишаа за секој случај.
    Еднаш ја прашав докторката што во случај на алергија, кога пак да пробам да дадам ми кажа после месец време можам.
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  7. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.356
    Допаѓања:
    33.729
    Пол:
    Женски
    Сите сирупи за алергија се за над 2 години, затоа обавезно консултација со педијатар.
    @MissChievous

    Да не треба веќе да одиш, ни да прашуваш нешто. :hug:
     
    На doubleinfinity, MissChievous и Tiny Love им се допаѓа ова.
  8. sani99

    sani99 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2012
    Пораки:
    2.778
    Допаѓања:
    1.508
    Мене ми рече не дај боже ако има некаква реакција се паузира до 3 месеци , моето е лом околу устата уште пред да внесуваме па незнам како да приметам
     
  9. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.721
    Допаѓања:
    6.718
    Влегов во темата исто за реакции да прашам.
    Откако сме почнати со цврста храна синко се исфрла по челото и околу очи некогаш, со ситни брунчиња и околно црвенило.
    Нема околу уста, нема по тело.
    Прво го поврзав со лазењето, зашто се влече низ цел стан, а нема многу сила и стално е со лицето на под.
    Ама два три дена кога бевме позитивни не внесуваше цврста храна и лицето му се исчисти.
    Почнавме и пак се исфрли.
    До сега има пробано тиква, батат, маслиново, јаболко, круша и си има цело време по едно две на челото.
    Вчера проба прв пат тиквица и бајаги му се направија попладнето, пола фаца црвена му беше. Бев на чекор да дадам сируп по консултација со матичниот, ама се смирија сами. Според него е реакција од храна.
    Сабајлево пак ги имаше, а само има цицано.
    Некоја со слично искуство?
     
  10. sani99

    sani99 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2012
    Пораки:
    2.778
    Допаѓања:
    1.508
    Од каде купуваш слива, кајсија, праска? Нема моментално свежи.. а и со втор оброк кога мислиш да почнете? Нас ни кажа педијатар да даваме вака од сабајле колку толку да јаде па после 2 недели втор оброк да воведуваме со оглед на тоа што касно почнавме на 6 месеци и 5 дена
     
  11. sani99

    sani99 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2012
    Пораки:
    2.778
    Допаѓања:
    1.508
    После колку време од првиот оброк даваш втор оброк?
    Нас ни кажа педијатар после 2 недели од првиот оброк да воведуваме ручек
     
  12. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.356
    Допаѓања:
    33.729
    Пол:
    Женски
    Кај нас пламнуваше наеднаш, па само се повлекуваше за некое време, 1ч максимум.
    IMG_20211226_140714.jpg
     
  13. brm_brm

    brm_brm Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 декември 2016
    Пораки:
    5.401
    Допаѓања:
    5.249
    Пол:
    Женски
    Секое бебе е различно. Моето сака повеќе зеленчук.
    А од овошје со крушка ја јаде.
     
  14. sani99

    sani99 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2012
    Пораки:
    2.778
    Допаѓања:
    1.508
    И крушата ја вариш претходно?
     
  15. Nancy27*

    Nancy27* Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2020
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    129
    Пол:
    Женски
    Јас воведувам по 3, 4 дена. Најдобро е 2 нови намирници неделно.
     
    На doubleinfinity му/ѝ се допаѓа ова.
  16. brm_brm

    brm_brm Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 декември 2016
    Пораки:
    5.401
    Допаѓања:
    5.249
    Пол:
    Женски
    Да
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    2.490
    Допаѓања:
    5.247
    Пол:
    Женски
    Фала мами...се надевам со тек на време организмот ќе се избори сам..многу ми е криво зошто многу работи му ги имам одложено од страв од реакции

    Ние сме со атопичен на лицето и никогаш не можам да сум сигурна кое е кое...плус не се прават децата само од храна лом околу уста, зависи која возраст е, ако става се во уста може и од тоа да е

    Да не е атопичен дерматит? Рапаво е или не? кога воведуваше од претходните состојки не се појави реакција? пошто реакција може да даде и на 4-5 ден...пробај пак некое време да воведуваш само чисти работи да можеш да исклучиш од што е...тешка работа се овие реакцииве, особено ако детето има и атопичен дерматит никогаш не си начисто што е
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.231
    Допаѓања:
    13.249
    Пол:
    Женски
    Палентата како ја приготвувате? Нели ви се прави како глупава смеса, да се лизга од лажиче?
    Денеска пробавме, 2-3 лажички само изеде. Ем не му е убава, ем ми паѓа од лажичето и некако смотана смеса ми е. И како ја мешате со овошје, зеленчук? Додека е топла или додека се вари? Или?
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Nancy27*

    Nancy27* Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2020
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    129
    Пол:
    Женски
    Дали некоја мајка користи готови кашички од Бејбилов и дали сте задоволни?
     
    На Prolett му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.320
    Допаѓања:
    10.931
    Пол:
    Женски
    Денес прв пат и давам ручек, 3 недели негде после прв оброк.