Јас денес прв пат им дадов палента инстант од Хип. Ја направив со АД млеко им беше вкусна, одмаа ја изедоа.
А колку пати во денот цица/пие ад? Ние откако почнавме со доручек поретко бара да цица, страв ми е да му воведам ручек, да не ми се одбие скроз.
Оф душа. Да не му се повтори . И кај синко се нешто слично, само што кај него се повеќе поединечни, не се толку конфлуентни и се на горната половина од лицето. Ме буни што нон стоп си ги има, ваљда не е на сите до сега воведени намирници алергичен . Не е рапаво и не го чешаат, така да мислам не е атопичен, што знам... Еве какви се. На средина има брунче мало кое си стои и во тек на ден си поцрвенуваат вака. Исто и околу очи има едно, две. Е вчера низ пола лице имаше вакви и беше црвен. Еве вртам слики, прв пат ги има два дена откако сме почнале со дохрана (тиква), ги нема само деновите кога не јадеше ништо. А тиква дадов само тогаш три дена и пред некој ден со батат кога воведував маслиново. Ќе продолжам со чисти намирници, па ќе видам дали ќе се повлечат, фала за советот . Туку ако си ги има уште од кај да знам дали и од која храна му е .
Помалку цица, намали 2 подои. Само што се вратив од педијатар, баш за ова го прашував. Ми рече дека е нормално и дека после 6 месеци, калориите за поправање ги добиваат од кашите, а не од млекото. Јас дури и го прашав дали е можно да е гладна навечер зашто ми бара да цица на саат ипол, вика нема шанси, не и давај толку често ќе ја научиш така, нема да ја одвикнеш до една година.
Со превриена вода и мешам. На Хип таа инстант е не треба варење. И после тоа и додавам банана, круша или јаболка.
А бе не ги можам педијатриве едно нешто што го верглаат, а никаква доедукација не прават. Основна храна на бебе до 1 година е млекото, било мајчино или АД. Проблемот е што после 6 месеци почнува да паѓа железото во крвта па затоа полека се воведува и немлечна исхрана. Како до 5 месеци калориите од млекото биле ок за да напредува и по 1 кило месечно, а после тоа од 120 грама каша ќе внесе доволно калории, а од млекото не. У време на интернет и информации достапни на даланка у секое време, да викаш не го учи детето на саат ипол да цица по мене е лудост. Следи си го бебето мајка, педијатрите нека земат да читнат нешто, а не со таа листата за намирници копи пејст и со Господ напред со воведувањето
Се надевам оти во иднина ќе нема бебе.. Инаку навистина е тешко со алергиите. Знам што значи. Белким ќе стекне имунитет со тек на време. Мислам да му даваш поретко од алергенуте. Мене кога ми излезе првпат алергијата на белка, ми викаа да не јадам, а мајка ми викаше јади само поретко за да немаш многу реакции и да се навикне организмот. И беше ви право. Јадев 1 до 2 пати во неделата и немав проблем. Ама некогаш јадев почесто и право алергија, чешење, по цело тело плус кивање. Ако може понатаму давај му чај од коприва. Пиев јас за алергијата и ми се намали, мислам не е со ист интензитет. И ти си пиј. Кило на ден 40 дена пиев. Од др на тв ги кажа тоа пред многу години, мајка ми слушала. Мора да се бориме, опасна е. Јас и на треви, липи итн сум алергична. Дури стигнав до бронхијална астма. Користев спрејови, флексоназе и флексотиде еден период. После тоа пиев боров мед и чај од ѓумбир. Малку се подобри и ги баталив спрејовите. И сега кога како пијам чаеви, кога ќе ми текне и дохафин таблети за алергија. Пиј и многу течности и витамини. Поздрав Мами и се надевам бебе ќе нема проблем за неколку месеци.
Моето бебе откако е родено не качило 1 кило месечно. Качуваше 500гр, некогаш ни толку. Среќа си го слушам јас педијатарот па почнавме со оброк на 5 месеци и успеа да ја дуплира родилната на 6 месеци. Она преку ден не сака многу да цица ама затоа навечер е лепенка, моја претпоставка и фали близина, а не храна. Во кашички ужива, со отворена уста ме чека да и дадам. Сепак не е новороденче да виси на цицка цел ден и ноќ. Не се сите деца по шаблон, па да се водиме сите исто по интернет, затоа си имаме педијатри. Нашиот педијатар е еден од најдобрите во Скопје, ја води од кога имаше 10 дена, и сепак ќе си го послушам
Бидејќи денес прв ден пробуваме палента, во 60 мл млеко бебелан ставив 1 и пол супена лажица палента и само мешаш дури добиеш хомогена смеса. Одма ја изедоа и после тоа им дадов кашичка од јаболко и круша.
Просото како го правите? Се вари? Јас не користам блендер, и пасирам. Можам така да го дадам неблендирано? И какво просо користите?
Од виталиа земам,околу 20 мин се вари,го киснам преку ноќ може не блендирано,само пази на количина една супена лажица пробај прво зошто набабрува
Прво од стокомак сега земав од дм. Се вари. Готово е кога ќе испукаат зрната. Моето дека сака мазни каши јас блендирам скроз.
Кој е тој најдобар педијатар те молам што ти вели дека до година треба да го одбиеш бебе од доење? И кои калории од 200гр каша од тиквица и морков на пример? На бебето после 6ти месец му требаат плус маснотии за растот и за развој на мозочето, железо, цинк и витамин Ц- дополна од мајчино млеко/ад, а не калории. Ако му требаа само калории, ќе требаше со каши од брашно и шеќер да ги тупаме. Не е само тежина да стави, туку да се храни здраво. Не се сите деца по книга, некои дуплираат тежина на 6 месеци, некои на 3, некои на 8. Сѐ додека се здрави, тоа апсолутно ништо не значи. Да си жива и здрава за муабетов.
Имам домашен праз. Како и со што да го воведам? Ако го искомбинирам пример насабајле? Инаку немам кога во текот на денот, ме фаќа после 5 да лапне кашичка, а тоа ми е нов вкус.