Da ti kazam jas se mislev babite ke ja rasipat na cuvanje ama im kvicela za da i dadat vo race hrana pa gi svrtela niv na blw. Sea vrateni na rab najjamoderni se
Телешкото месо како го воведувате? Варите еден ден за три дена да имате? Во фрижидер стои или како? Само водичката мене ми рекоа да и ја давам првите денови.
Како што читав во хрватската група, месо се воведува преку еден ден, три дена плус еден ден кога даваш само водичка кај што се варело.
Јас воведував месо преку еден ден, измеѓу нив не давав ништо ново. Инаку варам поголема количина на месо, поделена на парчиња големи колку за една порција и ги замрзнувам во мали теглички со водичката. Кога ми треба одмрзнувам и блендирам/цепкам.
После колку време од почнување со доручек воведовте и ручек? Некако последните неколку денови како да е се` повеќе гладен. Не го најадуваат 120-150гр за доручек, и кога гледа некој друг дека седнува за ручек бара и тој, дури вришти...
Ја варите ли тиквата и со што да ја мешам ? Брокулата не ми ја бендиса многу па ќе му сменам утре тиквичка со морков да пробаме Дали мешате овошје со зеленчук? Пример брокула со јаболко или не оди?
Како ви кажале така правете. Моето почна со појадок на 5 месеци и некако многу ќе му дојдеше 2 оброка на 5,5. Следете си го бебето во консултација на педијатар
И мене ми е за тоа, мислам дека е мал за да јаде толку. Едит: додуша наредна недела прави 6, можеби ако почнам од тогаш нема да му е толку рано...
Купив од ДМ, 750мл за 400 ден. Се надевам дека е доволно скапо Добро ли е ова? На него пишува био органско маслиново масло. Вие кое го користите?
И јас во тегличка скалдирав три порции. Значи со тегличка најпаметно да замрзнам, така? Мене матичната ми рече првите два дена само водичката. А замрзнато во фрижидер максимум 10 дена да стои ама ако е блендирано месото.. По 50 грама?
Да да слободно замрзни. Јас парченца мрзнев не блендирано, го блендирам пред да го дадам за јадење. Не знам колку јаде твоето, 50гр да не му е многу за почеток. Нека ти биде максимум грамажа за оваа возраст.
Сакав со млекце да го дадам за да и подметнам повеќе млекце. Ама ќе си терам по старо, прво варење па ќе блендирам со млеко. Ептен сака лапни голтни. Не сака густо. Го плука просото и други парчеца ако има