А блендирано јаде. Мојата само блендирано јаде. Го прашав педијатарот, ми рече така да продолжам, ...демек не е спремна за пасирано Имаш 3 оброци на 7 месеци? А млеко по колку ?
Да блендирано јаде. Имаме 2 оброка ручек и вечера.За недела две планирам и ужина да воведам. Цица, имавме 2 подои денски намалено, си бараше после 1илоп или два да цица, но сега пак почна да ми бара порано.Можеби и моето се уште не е спремно за пасирано
Карфиол има. Можеш и да замрзнеш претходно сварен (бланширан). Празот само измиј го, насецкај и замрзни. Во кутија замрзни го зашто цел фрижидер ќе ти го замириса ако е само во ќесички.
Мамички до кога е ок да стои зготвена кашичка? Денеска треба трет ден тиквичка да јадеме ама му го утнав тајмингот изгледа, во 9 ипол направена кашичка со тиква и тиквичка не ја ни проба се тегнеше за спиење. Можам да му ја дадам кога ќе стане на пример? Секогаш се водам да е тазе зготвено и да јаде одма ама па немам тиквичка веќе и не можам да излезам да купам Ваљда е ок? Што мислите вие?
Нема гајле. Мене и по 2 саати ми седат ако се успие мн. Покриена, во микро ја чувам, ништо не било до сега.
Ве читам и се чудам каде грешам како ви јадат по 2 оброка? 2 цели кашички? Мојов е 6+, почнавме со вкусови од 4++ и уште е само на неколку лажички, одвај! Многу ретко знае да изеде третина од малине кашички, значи 20гр. 9,5 кг, си качува килажа нормално, цица нормално, ама се засекирав кога ве исчитав.
Од каде наоѓате свежо пилешко , телешко месо… дали постои некоја фарма што вистина ќе бидат како домашни..?☺️
Мајка вие сте по млекце изгледа. Ќерка ми е 6++, 6110гр беше на 6 месеци точно. Значи ич не качуваше од цицање, едвај дуплираше родилна. Ама затоа како почнавме на 5 со храна, не се запира детево. Ко да чекала храна од кога се родила. Доручек и ручек јаде по 150-200гр. Сега со цицање уште послабо, 3 подои преку ден. Јас мислам дека бебињава што се по млеко повеќе, малку потешко прифаќаат храна. Барем мое мислење е тоа. Не се секирај, ќе си пројаде со време. Килажата машала како триплирана да ви е, така да ич да не му ја мислиш
Исто и ние , си јаде ама не до толку.. некогаш пола тегличка или зависи што има а 9280гр беше на 6+ Сега сме 6+++ и цица цело време, синоќа на саат време се будеше и цицаше
Уф со 3 подои преку ден ништо не правиме, од сабајле до сега веќе имаше 3 и 3-4 лажички од кашичката. Пробувам тоа што може да се меша со млеко, му го мешам со молзено демек да јаде повеќе, ама очигледно не е до вкусот. Сака да ја гризе лажичката и лигавчето, а тоа што треба шанси нема. Килажата не е триплирана, 3900 се роди, ама кај и да е ќе биде
Се сложувам со мислењето. Првиот не сакаше да цица обожаваше да јаде. Второво обратно. Врти глава на страна. А за цицка се тепа . Како ќе се научи кој знае
Во однос на ова читав интервју со еден професор од Факултет за ветерина. Не беше муабетот за бебиња, него општо за домашно колење животни. Изрично кажа месо да се купува од кланици и месари, а не од фарми што се вика дома што колат, бидејќи не подлежеле на ветеринарни инспектори. Во кланиците иделе инспектори правеле тестови за некои тении дали има во месото и се обележувало кое е здраво месо за продажба. Многу шубе ми направи. Јас за пола месец ќе и воведувам месо и планирам бејби биф од месарата од Тинекс да и земам, секогаш им е свежо, а пилешко само да проба ќе и дадам од Цекин, а после тоа не давам, ќе терам со бејби биф.
Купечките се најчесто до три дена ама после отварање да се чуваат во фрижидер. Пишува на секоја кашичка мислам.