Еве моето си јаде нормално, си лапна и исто после пола саат или саат највеќе заспива само на цице ништо друго.. вода не прифаќа, на почетокот беше супер ама сега не... Ваљда нема да го боли вака мешето што цица па заспива незнам.. а палента и ориз ќе му воведам откако завршам со сите намирници.
прво се извинувам за сликава. сабајлинава јадеше бебка кашичка јаболче и банана, после 45мин се искака. дали е нормален изметов!? има црни точки. извинете уште еднаш.
Не се водам спрема табелата од педијатрите имам купено план за воведување немлечна исхрана и според тоа кромид е 7+
Тиквичката ја варам малку да омекне, па ја пасирам. До сега ја имам комбинирано со морков, компир, брокула, ориз. Ние сме на режим за здебелување од педијатар, па по негова препорака за доручек давам житарка, просо или палента(само тие ми се воведени за сега) со овошје, а за ручек ориз или компир со зеленчук.
До колку најкасно во денот се препорачува да се воведуваат нови намирници? Пример сакам кога ќе воведам ручек, нови зеленчуци и месо да воведувам со ручекот. Ама бебуш нема фиксно време на заспивање и станување и знае да спие до покасно, па никако да вклопам два оброци до 13 часот. Да му даваш каша веднаш штом ќе стане. И ние го имаме истиот “проблем”, заспива само со цицање. Јас му давам да јаде после прва дремка.
Некогаш знае да спие до 11-12 , многу е касно тогаш кога ќе внесувам ручек затоа пред прва дремка давам
Просото го ставам да откисне од вечер или најмалку 2 саати пред да го готвам. Кога е откиснато се вари многу брзо, за 10 минути е готово. Инаку од овошје го комбинирам со банана и вишна, банана и урма или со јаболко и слива. Со зеленчук го комбинирам со кромид, морков и телешко или кромид и морков само во безмесен ден. Го имам дадено и само со кисело млеко и така е ок. Го блендирав неколку пати и после пауза направив 1 месец па му го понудив во цело зрно и така си го јаде сега.
Имам сварено и замрзнато телешко. Го оставив во фрижидер да се одмрзне. Дали може и утре да се јаде за бебуш или мора денес?
Паузирав пошто не сакам блендирано да давам, давам пасирано од старт и парчиња за да јаде сам, само просово го блендирав затоа што не му се допаѓаше текстурата, имаше нагони на повраќање. Така одлучив и после тоа си јадеше без проблем. Пробај без да блендираш, се распаѓа зрното и може нема да му смета текстурата. 2 лажици ставам и од око вода околу 150 мл, ќе следиш па ако треба ќе додадеш вода дур не распука зрното.
Majki kako pravite palenta so mleko, mesate pola voda pola mleko ili samo mleko, i koja palenta ja kupuvate
Јас имам така замрзнато и го вадам од денеска за утре да се одмрзне од замрзнувачот во фрижидетот, а во случај ако не изеде тој ден се тогаш веќе не го давам.