Mala_beba_veliki_gurman Многу корисен профил на инста, убаво има објаснето што да се меша, а што не смее. Има и убави рецепти. Мене многу ми врши работа
Ништо нема свежо, се нервирам, све исто ми јаде помешано со просо/палента, па ај викам авокадо да и дадам видов во Тинекс.
Пази ко ќе земаш авокадо, види на нет како да одбереш, мм денес купил две божем и јас ќе му давав, ама внатре никакви, кафеави и ги фрлив.
Лелеее мајки помош. Хорор сме со не јадење. Што и да му доближи до уста се врти на страна и стиска уста. Дали утнувам тајминг или навистина не е заинтересиран за храна. За три дена 7 ќе правиме. Матичната вика касниме треба два оброка да има а ние ни еден не можеме саглам да изедеме. Максимум до сега што изел е пола тегличка од 125гр.А најчесто завршуваме со 5,6 лажичиња и после имаме плачки. Јас не знам веќе како да постапам.
@Bubi*2 мојот е ист.Овошна,зеленчукова каша,мелено,блендирано,парчиња.Се е пробано.И тајминзите поместени,и со житарка и без Му нудам и доручек и ручек.Се тоа пробува по некоја лажичка,некогаш и ниедна.Ама приметив се погоди извади запче потоа почна да јаде скоро пола од малите теглички,сега пак бојкотира.Гледам и другото запче набабрено е.Не му се секирам цица и напредува супер.Нема некое што не пројадело.Кога тогаш ќе почне.И првото ми беше така,јадеше колку да преживее што се вика,од ко наполни 3 години се пројаде,дури после 5 год почна месо да јаде.Мала утеха ова.
па дај праска,кајсија,слива на хип.На бебето му е потребна разноврсна исхрана За доручек можеш и гриз со овошје.
Оххх да се тешиме. Не сака да отвори уста. Со покрупно се дави. Вчера јадев банана и ме гледаше па му дадов. И се израдува, шмука ли шмука ама пак за кратко. Си викам да не сака детево мое по блв да се храни. Не сум паметна. Не знам навистина. Кога даваш доручек а кога ручек?
Мој совет да пробаш да даваш кога е најрасположен. Тоа е најверојатно веднаш после дремка. Јас така и давам и до сега нема одбиено. Кога почнував пробав еднаш пред дремка, уста нејќеше да отвори.
Така може е најпаметно ама па тој е постојано на цицка. Пред дремка цица за да заспие обично. Ако се разбуди порано од дремка пак се пика да цица да презаспие. Може тоа прави проблем. Треба да не му давам да цица. Може дека не е гладен па затоа не е заинтересиран. Не знам.
Може и да не е гладен ако цица цело време. Мојава никогаш не заспива со цицање, цицаше кога ќе стане од спиење и сега тие два подои после прва и трета дремка и се заменети со оброк.
@Bubi*2 крај 8 саат се буди,доручек му нудам крај 9-9:30,потоа крај 10:30-11 преспива.Па пак од ко ќе стане после еден саат до саат ипол му нудам ручек.Сум му понудила веднаш штом ќе стане ама не сака дека цицан е.